Русија немаше интерес за автономна Македонија
Речиси точно 100 години подоцна се случи еден настан што Македонците го поздравија со олеснување - се до моментот кога согледаа дека и ова не им оди во полза: во 1870 година. Султанот даде одобрение за автокефалната Бугарска православна црква, егзархијата. Подоцна султанот се фалеше дека со тоа набил клин, кој ќе има долготрајно дејство врз односите меѓу Бугарија и Грција. Ова и навистина се случи; но на прво место беше на товар на Македонците, и тоа не само на нивниот јазик и идентитет туку и на егзистенцијата на целиот народ.
Со својата дозвола, султанот донесе една подла уредба, која имаше тешки последици за иднината на Македонија: Тој, „при новосоздавањето на бугарската национална црква, одреди дека сега конкурентските православни конфесии, Грчката патријаршија и Бугарската егзархија, можат да добијат нови парохии доколку обезбедат две третини мнозинство на целата територија на Македонија“.
Преку оваа уредба, „сигналот за почеток на битката за Македонија“ беше даден во 1870 година, а не во 1876 или во 1878 година. (Со оваа хипотеза на проф. Аданир дека македонското прашање почнува со формирањето на Егзархијата уште повеќе добива на вистинитост).
Наскоро „регионот ќе биде опседнат со грчки и со бугарски војнички чети“, кои „насилно, од село во село“ отворено ќе вршат притисок Македонците да се одлучат за нивната опција... „Ова страдање на цивилното население, предизвикано од терор со националистички мотиви, до ден-денес е обележје на македонскиот идентитет“.
Се до последната четвртина на 19 век јасно беа исцртани линиите на фронтовите на востаничките народи на Балканот со османлиските окупаторски сили. Сите ја уживаа симпатијата, а често беа и материјално потпомогнати од Руската православна црква и од царот. Што се однесува до Македонија, во нејзините стремежи за автономија се јавуваат одредени нејаснотии и необјасниви контрадвижења: регистрираа отпор, но не можеа да утврдат од каде потекнува.
По востанијата во летото 1875 година, прво во Херцеговина, а потоа и во Босна, ова движење во 1876 година ги зафати и Бугарите. Теодор Шидер и Имануел Гајс потсетуваат дека востанијата не ги зафатија само Бугарите туку и Македонците, па затоа на 7/19.5.1876 година избувна Разловечкото востание.
(Во тогашните документи, покрај датумите според Грегоријанскиот календар, се јавуваат и датумите по Јулијанскиот календар, поместени за 12 дена. Овој календар во православните земји беше во употреба се до Октомвриската револуција – а во календарот на религиозни празници, на пример во Македонија, се уште е во употреба).
Ова востание е до толку повеќе значајно, бидејќи на една друга сцена се одигруваат многу невообичаени настани, кои ќе се покаже дека имаат уште поголемо и далекосежно значење за иднината на Македонија, отколку самото востание: македонскиот водач на ова востание, Димитар Поп Ѓорѓиев – Беровски, како многу други словенски востаници пред него, отиде да побара помош во Санкт Петербург, но не беше ни примен!
Во актите ова е првиот знак дека Русија, за разлика од сите други православни (и словенски) молители, поинаку ја третира Македонија.
Следствено, ако Македонците сакаа да се изборат за својата независност, во иднина не само што ќе мораа да се борат против Турците туку ќе мораа да го надвладеат и овој невидлив отпор.
Од ова може да се извлече само заклучокот дека Русија очигледно уште тогаш и ја препишала Македонија на една од нејзините протежирани земји - Грција или Бугарија.
Ова одбивање на раководството на Русија на еден православен и словенски народ, кој се стремеше за ослободување и независност од турското ропство исто како и другите балкански земји што Русија великодушно ги помагаше – и врз оваа основа беше речиси предодреден да добие помош од Русија, беше многу невообичаено и во една крајно значајна фаза на македонската борба за ослободување речиси целосно го запре политичкиот развој на Македонија.
Како причина за ова мистериозно однесување, Јута де Јонг ги наведува следниве можни размислувања во Русија: „Автономна Македонија би можела на Русија, како заштитник на бугарските аспирации кон Македонија, да и оневозможи излез на Средоземно Море“.
Значи автономна, можеби дури и независна Македонија, би претставувало огромна пречка на руските планови за излез на Средоземно Море, за разлика од македонската провинција во рамките на (тогаш се уште) послушната Бугарија.
Ова размислување поседува доза веројатност, но сепак е крајно кратковидо, па затоа никогаш не е искажано вакво обвинување против царот и руската влада. Како прво, овој политички однос би бил сосема спротивен со руската политика за ширење религиозна и панславистичка свест во изминатите векови. На Русите би требало многу повеќе да им одговара автономна Македонија. Со оглед на тоа што Санкт Петербург и веруваше на Бугарија, тогаш доколку и помогнеше на Македонија можеше да ја добие независноста, во иста мера да се потпре на благодарноста на Македонците. Во исто време царот немаше да си создаде пресилна Бугарија.
Земајќи го предвид и следниов аргумент, оваа комбинација изгледа сосема неверојатно: „Дури Хабсбурзите би морале да се откажат... од копнен приод кон Егејот“.
А тоа и ќе се случеше!
Зарем со одбивањето на автономијата на Македонија, Санкт Петербург би требало да го спречи пробивот на Австрија кон Солун, од што Русија секогаш се плашела? Токму спротивното: доколку Русија навистина ги правела овие калкулации (а тоа е историски потврден факт), Санкт Петербург морал на Беровски и на Македонците, веднаш и без одолжување, да им го одобри барањето за автономија (и да им помогне во остварувањето), за во вистинска смисла на зборот да им постави ѕид на патот на австрискиот продор на Балканот, чиј знак беше извесната окупација на Босна, и во исто време да стекне пријател.
Со оглед на тоа што Русија не се држеше до оваа консеквентна политичка линија, за вакво ригорозно скршнување мора да имало други причини.
Ханс -Лотар Штепан

No comments:
Post a Comment