На повеќе наврати сме слушале од Србите и Грците за нивното пријателство и православно братство. Тие ова го манифестираат на протести, прослави, спортски натпревари и културни манифестации.
Фотографијата долу е направена на протест против прогласувањето на независност на Косово. Најлево се гледа грчкото знаме. Србите го вејат како благодарност за тоа што грчките власти не го признаваат Косово како независна земја.
Фотографијата долу на која се гледа написот "српско-грчко пријателство" (Српско грчко пријатељство) и српското и грчкото знаме, е направена на денот на српскo-грчко православно пријателство (13th annual Greek-Serbian Orthodox and Friendship Day), кој што се одржува секоја година.
На фотографијата долу, направена на протест на српски студенти во Митровица против прогласувањето на независноста на Косово меѓу другите се гледа и знамето на Грција (и Шпанија). Србите го вејат како благодарност за тоа што грчките (и шпанските власти) изјавија дека нема никогаш да го признаат Косово.
Ова нивно пријателство или "пријателство" влече корени од пред еден век, уште со поделбата на Македонија меѓу Грција и Србија (и Бугарија) по балканските војни. Причина за тоа пријателство е токму Македонија, па и токму затоа Македонија е жртвата во неговото практикување.
За време на втората светска војна од страна на Тито и на тогашната југословенска комунистичка власт, во името на добрососедските односи помеѓу Атина и Белград, жртвувано е природното право за обединување во една држава на Македонците од вардарскиот дел на Македонија, со нивните браќа од Егејот.
Наместо кон југ, за ослободување на Егејска Македонија, македонските партизани против нивната воља, принудно се испратени да гинат на Сремски фронт.
Горе лево: карикатура на Тито и на оската Белград и Атина:
Да се потсетиме и на договорот од почетокот на деведесетите години меѓу Милошевиќ и Мицотакис за поделба на Македонија.
Ханс Лотар Штепан, Македонско Сонце:
Иако денес таквото сценарио е неостварливо, сепак антимакедонски изблици меѓу некои Срби продолжуваат да се манифестираат во видоизменета форма и под различен изговор - признавањето на Косово.
За разлика од Македонија која го призна Косово, Грција не го признава Косово. Тоа на прв поглед изгледа логична причина за Србите да и' се лутат на Македонците и да искажуваат благодарност кон Грците, но само на прв поглед.
Фотографија лево: официјална лепенка за униформа за Operation Allied Force (Kosovo) при која Косово беше отцепено од Србија.
Знаме на Грција - најдесно, трето од горе кон долу (знаме на Шпанија - најдесно, петто од горе кон долу).
Фотографија лево: уште една официјална лепенка за униформа за Operation Allied Force (Kosovo) при која Косово беше отцепено од Србија.
Знаме на Грција - шесто од лево кон десно (знаме на Шпанија - четврто од десно кон лево).
Скандалозно! Грција пријателот на Србија е една од земјите кои учествуваа во НАТО операцијата за бомбардирање на Србија и отцепување на Косово! Од друга страна знамето на Македонија никаде го нема при оваа операција.
Да, Македонија го призна Косово, но за разлика од Грците кои лицемерно не го признаваат, не учествуваше директно во неговото отцепување од Србија.
Причината поради која Грците не го признаваат Косово не е љубовта кон Србите туку поради нивни внатрешни проблеми (турското малцинство) и поделениот Кипар. Но сепак и покрај тоа непризнавање на Грците не им пречи да имаат економски врски со косовските власти и да се залагаат за прием на Косово во ЕУ!
Грција официјално не го признава Косово како независна земја, но сепак Грците ја искористуваат ситуацијата за да си ги прошират своите бизниси на таа некогаш српска терирорија. За разлика од Македонија на која Грците на неколку пати и' се заканија и и' ставија вето, за приемот на Косово во меѓународни институции Грците се договориле со косовските власти, да не се противат!
А што друго претствуваат ваквите официјални средби меѓу грчките и косовски функционери ако не де факто признавање на независноста на Косово?
Со пријатели како Грците, на Србите непријатели воопшто и не им требаат.
На ракометниот натпревар вчера (08.01.2012) некои српски навивачи дури и ги провоцираа Македонците веејќи го грчкото знаме, а српската телевизија не претстави како БЈР Македонија (фото долу).
Ваквите антимакедонски изблици иако и' користат на Грција за да ги скара Србите со Македонците, тие за Србите се безцелни. Освен лицемерното пријателство од Грците, Србите со негативниот и негаторскиот став кон Македонија и Македонците не добиваат ама баш ништо.
Автор Александар Стеванов

"LONG LIVE GREECE!" "LONG LIVE SERBIA!" "LONG LIVE ORTHODOXY AND OUR FRIENDSHIP"
These were the central slogans at the “13th annual Greek-Serbian Orthodox and Friendship Day” which took place, as every year, at the Serbian Orthodox Church-School Community of Saint Archdeacon Stefan, at Rooty Hill, in western Sydney on Sunday 24 September 2006. This event has been an initiative of the Serbian Community of Sydney and in particular of the Saint Archdeacon Stefan Church in order to demonstrate the full appreciation by the Serbian people in the former Yugoslavia and in those in Australia towards Greece, Cyprus as well as the vast Greek Diaspora for the invaluable efforts in human aid and moral and psychological assistance during the tragic civil war in ex-Yugoslavia during the 1990’s and in particular in the former Yugoslav Republic of Bosnia-Hercegovina (извор).
На фотографијата долу, направена на протест на српски студенти во Митровица против прогласувањето на независноста на Косово меѓу другите се гледа и знамето на Грција (и Шпанија). Србите го вејат како благодарност за тоа што грчките (и шпанските власти) изјавија дека нема никогаш да го признаат Косово.
A couple of thousands Serbian students from the Serbian founded University of Pristina displaced in Kosovska Mitrovica, in the ethnically divided city of Mitrovica organized a protest against the proclamation of independence of Kosovo and its recognition by some countries, Kosovo, Serbia, on 21 February 2008 (извор)
Ова нивно пријателство или "пријателство" влече корени од пред еден век, уште со поделбата на Македонија меѓу Грција и Србија (и Бугарија) по балканските војни. Причина за тоа пријателство е токму Македонија, па и токму затоа Македонија е жртвата во неговото практикување.
За време на втората светска војна од страна на Тито и на тогашната југословенска комунистичка власт, во името на добрососедските односи помеѓу Атина и Белград, жртвувано е природното право за обединување во една држава на Македонците од вардарскиот дел на Македонија, со нивните браќа од Егејот.
Наместо кон југ, за ослободување на Егејска Македонија, македонските партизани против нивната воља, принудно се испратени да гинат на Сремски фронт.
Горе лево: карикатура на Тито и на оската Белград и Атина:
Политическа карикатура "Белград-Атина", изобразяваща Йосип Броз Тито. Публикувана е в списание "Българо-съветска дружба", год. VII, бр. 12, декември 1951 г., с. 25. Оригиналът е съветски.
Политическа карикатура, изобразяваща Йосип Броз Тито като палач и слуга на САЩ в контекста на сближението, което тогава започва с Гърция и Турция - американските съюзници на Балканите. На руски е написано "Белград Афины". Представянето на югославския маршал в ролята на палач и слуга е характерно за онова време (т.е. времето на т.нар. конфликт Тито-Сталин и Студената война). - lib.sudigital.org
Да се потсетиме и на договорот од почетокот на деведесетите години меѓу Милошевиќ и Мицотакис за поделба на Македонија.
Проблемот со Грција е јасен. Не знам дали нашите политичари имаат јасна претстава за тоа, меѓутоа идејата на Атина за растурање на македонската држава како израз на субјективитетот и културниот идентитет на македонскиот народ е конзистентна. Тие се обидоа во времето на Мицотакис и Милошевиќ да го реализираат тоа преку поделба на Македонија и преку присоединување на Македонија кон Србија - интервју со академик Иван Катарџиев, пишува: Виктор Цветаноски
Ханс Лотар Штепан, Македонско Сонце:
Што се однесува до Милошевиќ, може да се верува за постоење на план за поделба на Република Македонија меѓу Србија и Грција (бидејќи меѓу народните медиуми се држат на правилото: каде има дим, таму има пожар). Можеби еден ден ние ќе читаме во неговите мемоари, што тогаш меѓу него и неговиот повеќекратен гостин (и покрај санкциите од ООН), премиерот Мицотакис било договорено.
Иако денес таквото сценарио е неостварливо, сепак антимакедонски изблици меѓу некои Срби продолжуваат да се манифестираат во видоизменета форма и под различен изговор - признавањето на Косово.
За разлика од Македонија која го призна Косово, Грција не го признава Косово. Тоа на прв поглед изгледа логична причина за Србите да и' се лутат на Македонците и да искажуваат благодарност кон Грците, но само на прв поглед.
Фотографија лево: официјална лепенка за униформа за Operation Allied Force (Kosovo) при која Косово беше отцепено од Србија.
Знаме на Грција - најдесно, трето од горе кон долу (знаме на Шпанија - најдесно, петто од горе кон долу).
Фотографија лево: уште една официјална лепенка за униформа за Operation Allied Force (Kosovo) при која Косово беше отцепено од Србија.
Знаме на Грција - шесто од лево кон десно (знаме на Шпанија - четврто од десно кон лево).
Скандалозно! Грција пријателот на Србија е една од земјите кои учествуваа во НАТО операцијата за бомбардирање на Србија и отцепување на Косово! Од друга страна знамето на Македонија никаде го нема при оваа операција.
Да, Македонија го призна Косово, но за разлика од Грците кои лицемерно не го признаваат, не учествуваше директно во неговото отцепување од Србија.
Причината поради која Грците не го признаваат Косово не е љубовта кон Србите туку поради нивни внатрешни проблеми (турското малцинство) и поделениот Кипар. Но сепак и покрај тоа непризнавање на Грците не им пречи да имаат економски врски со косовските власти и да се залагаат за прием на Косово во ЕУ!
Косово гради врски со Грција за економијата и ЕУ
Грчкиот министер за надворешни работи, Ставрос Ламбринидис, се состана со косовскиот премиер Хашим Тачи во четвртокот (8-ми септември), за да го потврди гледиштето на неговата земја за европската перспектива на целиот регион.
Ламбринидис рече дека Грција ги признава аспирациите на сите народи од регионот да бидат дел од ЕУ. Визијата, истакна тој, е претворена во конкретен план познат како Агенда 2014.
„Овој план ќе биде изграден врз основите на солунската Агенда 2003, кога сите земји-членки на ЕУ се согласија за европската перспектива на регионот. Оваа перспектива го вклучува и Косово“, рече Ламбринидис...
По состанокот, Тачи рече дека косовско-грчките односи се на добро ниво, додавајќи дека грчките претпријатија се присутни во Косово веќе некое време.
„Имаме значително присуство на грчките бизниси во Косово, што е успех. Сакаме да истакнеме дека грчката бизнис заеднида е добредојдена да инвестира во Косово“, рече Тачи.
Во следните месеци, Косово се очекува да й се приклучи на Европската банка за обнова и развој. Властите во Приштина сметаат на грчката поддршка во добивањето членство.
“Генералниот секретар на косовската Стопанска комора, Берат Рукичи, рече за SETimes дека Косово може да има економска полза од географската позиција на Грција.
„Косово може да ја користи Грција како место за трговски и економски дејства поради пристаништата што ги има, како што е Солун, кој има важна улога во поврзувањето на трговијата со другите континенти“, рече тој. „Косово мора да реализира директен однос не само со Грција, туку и со сите други земји во кои има економски интереси.“ (SETimes 10.09.11)
Грција официјално не го признава Косово како независна земја, но сепак Грците ја искористуваат ситуацијата за да си ги прошират своите бизниси на таа некогаш српска терирорија. За разлика од Македонија на која Грците на неколку пати и' се заканија и и' ставија вето, за приемот на Косово во меѓународни институции Грците се договориле со косовските власти, да не се противат!
Косовскиот политички коментатор Фатлум Садику изјави за SETimes дека Грција не е проблем за Косово бидејќи земјата е дел од Југоисточна Европа и ги сфаќа проблемите на регионот.„Иако Грција не го признава Косово, тие знаат дека создавањето пречки како што прават Романија и Шпанија, ќе значи создавање проблеми и закани за регионот, и бидејќи се дел од регионот тие ги знаат проблемите и причините за тоа“, рече Садику.
Косово, додаде тој, не врши притисок врз Атина да го промени својот став за независноста.„Владата нема да инсистира на признавање“, рече тој. „Тие најдоа модус вивенди со Грција, така што грчката страна нема да претставува пречка за Косово во приклучувањето на меѓународните организации и процесот на европска интеграција (SETimes 10.09.11).
А што друго претствуваат ваквите официјални средби меѓу грчките и косовски функционери ако не де факто признавање на независноста на Косово?
Грчката официјална позиција кон Косово
Иако официјална Атина го нема признаено постоењето на новата држава, сепак на неколку пати се остварени средби, официјални или неофицијални, меѓу преставниците на двете држави. Ваквиот ’преседан’ од страна на одредени грчки кругови се смета, де факто, како признавање на новосоздадената држава.
Од друга страна, во грчката јавност и медиумскиот простор постојано се говори и пишува за постоење на ’Тајна дипломатија’ меѓу двете држави, поврзана со можното признавање на Косово...
Во суштина грчката влада се обидува да добие во време, со цел одредување на конечен став за независноста на Косово (Македоника, Димитар Љоровски Вамваковски)
Со пријатели како Грците, на Србите непријатели воопшто и не им требаат.
На ракометниот натпревар вчера (08.01.2012) некои српски навивачи дури и ги провоцираа Македонците веејќи го грчкото знаме, а српската телевизија не претстави како БЈР Македонија (фото долу).
Очекувано или не, иако стануваше збор само за пријателски натпревар и не постоеше баш никаков притисок врз домаќинот за некористење на нашето уставно име, за разлика од притисокот кој секако ќе постои за време на ЕП, сепак Србите не пропуштија да ја употребат референцата БЈРМ на телопот до резултатот.Покрај референцата, на трибините во салата во Смедерево можеше да се забележи и грчко знаме, што секако претставуваше провокација од страна на Србите. Ова не е првпат РТС и Србија да не' фиромизираат... - Курир.мк
Ваквите антимакедонски изблици иако и' користат на Грција за да ги скара Србите со Македонците, тие за Србите се безцелни. Освен лицемерното пријателство од Грците, Србите со негативниот и негаторскиот став кон Македонија и Македонците не добиваат ама баш ништо.
Автор Александар Стеванов
1 comment:
ova e jasno za site sto malku razmisluvaat...mene mi e krivo sto seuste pola makedonija se lupa u gradi za svrbive...otvorete gi ocite lugee
Post a Comment