Велат историјата се повторува, особено на оние коишто не сакаат да учат од неа. Ова важи и за односот на европските сили кон Македонија.
Во австралискиот весник Bathurst Free Press and Mining Journal од 25 јули 1895 (стр. 3) меѓу другото пишува и за битката помеѓу силните македонски востаници и турската армија:
"Македонија. Пораз на востаниците. Третиот турски армиски корпус порази силна група на македонски бунтовници во Скопје, близу Битола. Тринаесет од бунтовниците беа убиени, а многумина повредени."
Но, не помалку важно е напишаното во понатамошниот дел од текстот од истиот весник:
"Подоцна.
Австрија, Германија, Англија и Италија се согласија за заедничко дејствување во однос на Македонија. Австрија е избрана за да ги спречи бунтовниците да го запленат патот Солун - Истанбул."
Да, овие земји не само што игнорантски ги набљудувале напорите на македонскиот народ за ослободување од турскиот јарем, туку и работеле против тоа. Не случајно најголемиот македонски визионер од тој период - Гоце Делчев, по само неколку месеци (17 октомври 1895) ќе рече "Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите."
Не поразличен е односот на европските сили кон Македонија и Македонците за време на Илинденското востание. Американскиот весник "The Wichita daily eagle", на 19 септември 1903 година (стр 4) соопштува:
"The New York Evening Post, којшто изработи внимателна студија на македонските неволји, изјави дека на едниот или на другиот начин, судбината на револуционерите ќе биде запечатена. Силите на Европа му дадоа на султанот одврзани раце, за се' што тоа имплицира..."
Значи силите на Европа кои што денес се организирани во ЕУ, му дале одврзани раце на султанот за на било каков начин го задуши востанието. Еве како султанот тоа и го сторил од понатамошниот дел од текстот од истиот весник:
"Турците испратија засилување и започнаа воена кампања на истребување (!)... Повеќе од 100 села (!) беа уништени во регионот помеѓу Охрид и Костур..."
Софистицираната Европа, и' дала одврзани раце на тогашната Турска Империја да изврши геноцид на Македонците!
Во понатамошниот дел од текстот се опишани страдањата на Македонците како резултат на ова:
"...Повторното освојување на Крушево од страна на Турците и масакрот на неговите жители се последните настани во крвавата хроника на Турската Империја на Балканот"
Доколку Европа имала барем малку човечност и почитување на самоопределбата потпишана со сопствената крв на Македонците од тоа време да живеат во своја сопствена земја, ќе им го признаеле тоа право и ќе ги осуделе акциите на угнетување од страна на тогашната Турска Империја. Но тие не само што не го направиле тоа туку и му дале одврзани раце на Султанот за да се справи со востанието на Македонците, а со самиот тој чин станале соучесници во угнетувањето и убиствата на Македонците и си ги извалкале рацете со невина крв.
Исто како и тогаш и денес на овие земји (со ретки исклучоци и поединци) здружени во Европската Унија, нашата земја ништо не им значи. А тоа продолжуваат да го докажуваат преку обидите за преименување односно целосно обезличување на Македонија и на Македонците.
Ние самите треба и мора да се избориме за подобар живот, затоа што никој однадвор нема тоа да го направи за нас.
Александар Стеванов, објавено и на Македонска Нација

No comments:
Post a Comment