Во Уставот од 1827 година, тие што ја создадоа Хеленската Република, неможејќи да пронајдат мнозински етнос на таа територија од Атина до Олимп, запишале дека Грк е секој христијанин што живее во државата Елада, а територија на таа држава е секоја окупирана земја освоена со оружје од Отоманската Империја. Чудно, но вистинито! Парламентот на Велика Британија формира комисија за да ги црта границите на новокомпонираната држава Елада (и ги дефинирале под Олимп, никако на север, оти горе историски била Македонија). Значи, „Грк“ не означува етничко потекло, туку верско уверување. И затоа интегритетот на таа територија го одржува Црквата со крстот повеќе, отколку хунтата или армијата. Грчката Православна Црква е државна црква со посебно место во Хеленската Република, како тие официјално се именуваат себе. Таа го индоктринира населението на окупираните територии, грчките владици се главни организатори на геноцидот врз сите домородни окупирани не-Грци од Балканските војни наваму. Во таа Црква нацизмот и фашизмот се инаугурирани во догми! Таму не може да станиш свештеник или епископ ако не си „Грк“! Од „Грк“ како синоним за вера, со време државата врши конверзија во „Грк по род“ како синоним за етнос, кој никогаш во историјата не постоел. Таа држава станува „еднородна“ и „едноверна“! Во неа нема етнички и верски малцинства! Репресијата и државниот терор за етничка конверзија на домородните окупираните е страшна и асимилацијата со време е очигледна. Главната индоктринација се врши во школите и црквите. Оттука, свештениците и епископите се главни носители на политичката идеолошка пропаганда, нивните литургии редовно завршуваат со „политички предавања за чистата раса“! Тоа е за жал, нацистички модел на државност, кој дава погубни резултати. Мора да се одржува со голем буџет, со кредити, подоцна и денес тоа ЕУ го осеќа доста добро, ама балонот се дува и дува и еден ден мора да пукне! Кого ќе отепа само Господ знае. На Запад, кога ќе Ве прашат што сте по вероисповед и Вие кажете „orthodox“ веднаш Ве потпрашуваат „Greek-orthodox“? Затоа што „Грк“ за креаторите на „државата Елада“ го означува Источното христијанство. Точно е дека Британското Кралство со грчките фанариоти ги „окупира“ сите стари патријаршии во Отоманската Империја, за да може преку нив да влијае на Медитеранот и Блискиот и Средниот Исток. Така и се именуваат, каде и да одите: не Александриска Патријаршија, туку „Greek-Orthodox Patriarchate of Alexandria“; не Цариградска Патријаршија, туку „Greek-Orthodox Patriarchate of Constantinople“; не Ерусалимска Патријаршија, туку „Greek-Orthodox Patriarchate of Jerusalem“; не Антиохиска Патријаршија, туку „Greek-Orthodox Patriarchate of Antioch“. Затоа и одродникот Вранишковски за неговата српска-грчка експозитура во Македонија, пред надлежниот Суд аплицира со регистрација под името „Грко-Православна Охридска Архиепископија на Печката Патријаршија“. Тоа е причината за стравот од признавањето на државата Македонија под тоа име. Имено, ако Атина признае држава Македонија, по автоматизам ќе го отвори македонското прашање во Хеленската Република. А, ако го отвори малцинското прашање или прашањето за етничките права на „Грците“, Атина е смртно исплашена дека ќе дојде до поразителен резултат. Во Грција има се’, само Грци не’! А ги има: Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Ѓупци, Германци и доселени едно чудо од Африка, Азија и од европска Русија. Ако ги прифати Македонците во Хеленската Република, ќе мора да ги празне правата на сите други. И затоа, официјална Атина вели: Македонците се Грци! Македонија е грчка! Оти без нив Грци нема! Без нив Грција ќе остане со историја на неколку града со доселените маври од Северна субсахарска Африка, од Етиопија во Атина. Морфологијата на организмот им е друга, црни, ниски и груби, наспроти Македонците бели, високи, плави и убави! И уште еден куриозитет. Во Грчката Православна Црква поделена на митрополии, избраниот поглавар на Црквата и избраните митрополити од Светиот Архиерејски Синод, не можат да седнат на тронот, додека не им издаде Указ за изборот, претседателот на државата. Во Владата во Атина има посебно Министерство за вера! Во Цариградската Патријаршија, за која „Грците“ сонуваат да биде само „Грчка“ како Вселенска за да го владеат светот како избраната нација, не може никој да биде избран за епископ ако не е „Грк по род“?! Грчката Православна Црква формирана 1833 година, а призната дури 1850 година, ги владее само епархиите под Олимп до Атина, затоа што Отоманската Империја од Македонија се повлекува по Балканските војни (1912-1913 година). Дури на 31 октомври 1912 година грчкиот крал Јоргос Први (Данец по потекло) издава декрет на грчката влада за „организација на времена управа на окупираните територии во Македонија“. Македонија за Атина останува „нова територија“ оти за првпат во историјата е окупирана дури 1912 година. Цариградската Патријаршија до денес ги држи под јурисдикција епархиите во Македонија и Тракија, Света Гора на Халкидики, како и епархиите на Крит, само остатокот од Хеленската Република го владее Грчката Православна Црква со седиште во Атина.
Автор: Тодор Петров
Автор: Тодор Петров
No comments:
Post a Comment