November 8, 2011

Интеревју со Дамјан Груев

Интеревју со Дамјан Груев во весник „Новое времја“, 1904 година

(Дописништво на „Новое Времja“)

Рускиот печат се однесе скептички спрема неодамна објавениот отчет на цивилните агенти, во кој се тврди дека божем во Македонија сè е во состојба на благополучност и дека Мирцштегските реформи божем успешно се применуваат.

Деновиве јас имав средба со Д. Груев, главен раководител на внатрешната организација во Македонија. Ќе ги запознаам читателите со неговото мислење за состојбите во Македонија и со реформаторскоото дело во неа во 1904 година. Груев е родум Македонец и постојано живее во Македонија; дојден е овде пред еден месец да ја лекува раната, што ја доби при едно случајно судрување со турските војски, сега е речиси оздравен и се чини набргу пак се враќа во Македонија. Тој има големо влијание не само во Македонија, туку на него сметаат и бугарското и српското правителства. Турското правителство ја има оценето неговата глава на 5.000 лири. Г. Груев е релативно млад човек, со убав библиски лик; неговото расположение е стабилно, шеговито-жизнерадосно, плус искреност; со што силно предрасположува кон себе себеседникот; очигледно е дека постојаните бури и животни тревоги не ја скршиле оваа натура.

(…)

– Ќе има ли востание годинава?

– Ние не мислиме да го покреваме пред завршувањето на руско-јапонската војна; доколку Турците го предизвикаат, тогаш е друго прашање. Ние мораме да водиме сметка за чувствата на народот (што и да се зборува, меѓутоа крвта не е вода – Русите се наши браќа), второ, за интересите на нашето дело; нормално разрешување на македонското прашање многу зависи од тоа, колку Русија ќе биде слободна… За време на востанието руската дипломатија беше во односот спрема нас, Македонците, маштеа; меѓутоа Русија ја ослободи Бугарија; таа бездруго нема да нè остави нас да нè изедат непријателите на славјанството. Така мисли нашиот народ, а така мислиме и ние.

– Какви се односите меѓу бугарското правителство и вашата организација?

– Мошне недружељубни; бугарското правителство се стреми внатрешната организација да ја потчини под себе, меѓутоа нему тоа нема да му успее, бидејќи ние му даваме на тоа доста енергичен должен отпор.

Откриено од Егеј Костур - Извор

Даме Груев - цитати

No comments: