Friday, November 6, 2009

Даме Груев - цитати

Цитати од македонскиот револуционер Даме Груев:

"Ако постои грчка и српска пропаганда, зошто да не може да постои и бугарска. Таа постои. Има бугарски политичари кои се поголеми наши непријатели од Грците и Србите. Под имињата на мошне познати шефови тие испраќаат чети во Македонија да агитираат за анексионистичката идеја... Тука има место само за една организација, а тоа е народната, македонската" - Даме Груев, Блеквудс магазин

"Вие никогаш нема да не убедите дека ако се покориме и ако го предадеме оружјето,ќе имаме гаранција за нашиот живот и имот. Јас веќе дадов наредба по цела Македонија воопшто да не ве слушаат и да не ви веруваат и кој што ќе ве послуша, ќе плати со својот живот. Впрочем, вие сте должни да водите со нас правилна војна, зашто во спротивен случај ние ке ги опожариме сите турски села и ќе ги истребиме нивните жители. Ние не очекуваме помош од Европа. Ние се надеваме со нашите сопствени сили да ги уништиме вашите храбри војници и можеби не е далеку часот кога над бојадисана во крв Македонија ке засвети сонцето на слободата. Ако Бурите го зачудија светот со својата борба против Англија, ние уште повеке ќе го зачудиме" - Даме Груев, од писмото до Хилми - паша за причините за кревање на илинденското востание.

0 comments:

 
Macedonian Documents © 2007 Template feito por Templates para Você