November 26, 2011

Трето полувреме - факти или лаги? 1

Во последните седмици во врска со македонскиот игран филм "Трето полувреме", од нашиот источен сосед се изнаслушавме безброј обвинувања за искривување на историските вистини и фалсификат од страна на филмот под наводната директна наредба од македонската Влада.

За ова тројца бугарски европратеници упатија протестно писмо до еврокомесарот Филе, во кое меѓу другото пишува:

"Очигледно повторно стануваме сведоци на еден од многуте случаи на градење на македонскиот идентитет врз историски фалсификати... очекуваме да го поставите прашањето на користењето на јазикот на омраза кон Бугарија во официјалните контакти со македонските институции..."

Апсурдно само по себе е тоа што дел од Бугарите реагираат така жестоко на филм кој што не само што го немаат видено, туку и се' уште нема светска премиера.

Со повеќе извадоци од книги ќе се обидеме да го покажеме и да го докажеме она што по повод филмот "Трето полувреме" дел од Бугарите денес го негираат, имено дека депортирањето на Евреите од Македонија, од страна на бугарските власти не е измислица и став кој што го зазема само и само овој филм, туку дека е факт и општо прифатена историска вистина.
















(Табли кои го забранувале влезот на Евреите. Експонат од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје)

Во книгата The Unifier King and the Rescue of the Jews from Unified Bulgaria; On the role of King Boris III of the Bulgarians during the years of the Holocaust (Бугарија и ролјата на кралот Борис III за време на холокаустот) од авторот Vladimir Moutafov* (Владимир Мутафов - бугарски дипломат од кариера), јуни 2003, се објаснети случувањата од тоа време и односот на денешна официјална Бугарија по тоа прашање.

За вината за депортирањето на македонските Евреи, авторот вели:

The blame for the deportation of the Jews from Vardar Macedonia and from Aegean Thrace must be identified, recognized and acknowledged. It cannot be that there is no one responsible and no one to blame.

"Вината за депортацијата на Евреите од Вардарска Македонија и од Егејска Тракија мора да биде идентификувана, препознаена и признаена. Не е можно да не постои ниеден одговорен и никој да не се обвини."

За директен виновник јасно ќе ја посочи бугарската влада од тоа време предводена од царот Борис III:

The culprit for the deportation of the Jews from Aegean Thrace and Vardar Macedonia is the Bulgarian government, acting in agreement with the Third Reich...

The death of the Jews from Vardar Macedonia and Aegean Thrace is precisely the reason why King Boris III ought not be mentioned in the ranks of the rescuers of the Bulgarian Jewry.

You cannot be both rescuer in one part of Bulgaria, and an active accomplice to the murderers in another. The Jews of Bulgaria-proper were saved in spite of Boris, not because of Boris. What kind of a rescuer you have to be to have allowed the completion of all the preparations, with the trains waiting at the railway stations and the barges lined up at the river ports?

"Виновникот за депортација на Евреите од Беломорска Тракија и Вардарска Македонија е бугарската влада, дејствувајќи во согласност со Третиот рајх...

Смртта на Евреите од Вардарска Македонија и Беломорска Тракија е токму причината зошто цар Борис III не треба да се спомене во редовите на спасувачите на бугарското еврејство.

Не можете да бидете и спасител во еден дел од Бугарија, и активен соучесник во убиствата во друг дел (меѓу другите се мисли и на Македонија која во тоа време е под бугарска окупација). Евреите од Бугарија беа спасени и покрај Борис, а не поради Борис. Каков спасител треба да бидете за да обeзбедите завршување на сите подготовки, со возови кои чекаат на железничките станици, и на сплавови наредени на речните пристаништа?"

За улогата на Бугарија на чело со цар Борис III при депортирањето на македонските Евреи, пишува и Nissim Yosha, Ph.D., од ASSOCIATION of JEWS from MACEDONIA in ISRAEL (Асоцијација на Евреите од Македонија во Израел):

The active role of Bulgaria in the holocaust against the Thrace and Macedonian Jews

Bulgaria headed by King Boris was actively involved in the holocaust by deporting Jews to extermination... Therefore bestowing praises upon Bulgaria and Boris without mentioning explicitly his criminal responsibility in extraditing Jews for extermination will be considered as a criminal act of holocaust denial.

...Тhe Bulgarian Government deprived in June 1943 by a special legislation the Thrace and Macedonian Jews from the Bulgarian citizenship, leaving them consequently completely defenseless. This act proves according to many historians the mens rea of war criminal Boris.

On February 22, 1943, an official agreement was signed between the two allies according to whom 20,000 Jews were to be deported in the first stage to Poland - 12,000 from Thrace and Macedonia and 8,000 from ‘old Bulgaria’. Thanks to the intervention of several Bulgarian personalities, parliamentarians and clergy, who exercised pressure on the King and his Government the deportation of these 8,000 Jews was postponed, later on not carried out thanks to the military developments in the Eastern Front. However the Bulgarian Jews suffered discrimination, persecutions forced labor etc. until the end of the war.

But unfortunately in March 1943 Bulgaria cruelly organized and carried out the deportation of the 11,343 Jews of Thrace and Macedonia to Treblinka where all of them were immediately suffocated in the gas chambers.

"Активната улога на Бугарија во холокаустот против тракиските и македонските Евреи

Бугарија предводена од цар Борис беше активно вклучена во холокаустот со депортирањето на Евреите за истребување... Затоа пофалбите за Бугарија и Борис без да се спомена експлицитно неговата кривична одговорност во депортацијата на Евреите за истребување, ќе биде сметано за кривично дело поради негирањето на холокаустот.

...Бугарската влада во јуни 1943 година, со посебно законодавство ги лиши од државјанство тракиските и македонските Евреи, со што ги остави целосно беспомошни. Овој чин според многу историчари го потврдува воениот криминал на Борис.

На 22 февруари 1943 година, официјално беше потпишан договор меѓу двата сојузника според кој, 20.000 Евреи во првата фаза требаше да бидат депортирани во Полска - 12.000 од Тракија и Македонија (Македонија во тоа време е окупирана од Бугарија) и 8.000 од "стара Бугарија. Благодарение на интервенцијата на неколку бугарски личности, пратениците и свештенството, кои вршеле притисок врз кралот и неговата влада, депортацијата на овие 8.000 Евреи беше одложена, а подоцна не беше извршена благодарение на воените настани на источниот фронт. Сепак, бугарските Евреи се дискриминирани, прогонувани, насилно принудени да работат итн. до крајот на војната.

Но, за жал во март 1943 година, Бугарија сурово организира и изврши депортација на 11.343 Евреи од Тракија и Македонија во Треблинка, каде што сите беа веднаш задушени во гасните комори."

Понатаму во книгата "Бугарија и ролјата на кралот Борис III за време на холокаустот" пишува:

The rejection of the responsibility of the Bulgarian State as an accomplice in the death of the Jews from the New Lands is incredibly detrimental to contemporary Bulgaria. For the simple reason that when the guilt is not identified, it might be improperly attributed to each and everyone in Bulgaria.

It is not true that only the Germans were to blame for the doom of those 11343 souls from the New Bulgarian lands. The Bulgarian government and the Bulgarian state, headed by Boris, are an active accomplice. It is not true that the Bulgarian authorities were nothing but passive onlookers. Nor is it true that they have been only implementing someone else’s scheme. They were initiators, administrators and enforcers.

"Одбивањето на одговорноста на бугарската држава како соучесник во смртта на Евреите од новите земји е неверојатно штетна за современа Бугарија. Од проста причина што кога вината не се идентификува, таа може неправилно да му се припишува на секој и секого во Бугарија.

Не е точно дека само Германците беа виновни за несреќата на оние 11.343 души од новите бугарски земји. Бугарската влада и бугарската држава, на чело со Борис, се активни соучесници. Не е точно дека бугарските власти не беа ништо друго освен пасивни набљудувачи. Ниту пак е точно дека тие само спроведувале нечија туѓа шема. Тие беа иницијатори, администраторите и спроведувачи."

За тврдењето дека не Бугарите, а Германците ги депортирале Евреите, авторот понатаму вели:

Bulgarian police drove the ill-fated out of their homes and loaded them on Bulgarian trains (the notorious “hit them, don’t spare them the clubs” is well documented...)

Bulgarians handed the victims to the SS at border stations and ports, Bulgarians prepared the lists of names, Bulgarians signed the agreements with Germany, Bulgarian authorities put the railway personnel and the personnel of the Commissariat on Jewish Affairs (KEV) on a war footing, the Bulgarian government authorized the free-of-charge transportation via the Bulgarian State Railway Co., the Bulgarian government bargained whether to pay to the German government BGL 200 or BGL 150 per Jewish capita (nota bene – the Bulgarians were to pay the Germans, ergo, it is the German government doing a favor to the Bulgarian government by taking its Jews, rather than the Bulgarians doing a favor to the Germans by surrendering them… ).

"Бугарската полиција ги довезе несреќните (Евреите) од своите домови и ги натовари на бугарските возови (озлогласените извици "удри ги, не ги поштедувај од палките" се добро документирани...)

Бугарите ги предадоа жртвите на SS на граничните премини и пристаништата, Бугарите имаа подготвени листи на имиња, Бугарите го потпишаа договорот со Германија, бугарските власти го ставија на располагање железничкиот персонал и персоналот на Комесаријатот за еврејските прашања (keV) на воени сили, бугарската влада одобри бесплатен транспорт преку бугарската државна железница (БДЖ), бугарската влада се ценкала дали да се плати на германската влада 200 лева или 150 лева за секој еврејски жител (NB - Бугарите плаќале на Германците, според тоа германската влада и' прави услуга на бугарската влада со преземањето на Евреите, а не Бугарите и прават услуга на Германците со предавањето на Евреите ...)."

За исплатата од страна на Бугарите на Германците за тоа што ќе ги преземат македонските и тракијските Евреи за да ги истребат, пишува и Nissim Yosha:

Moreover, the Bulgarian Treasury confiscated their entire property and paid to the Germans a considerable amount of money for having liberated Bulgaria from these Jews.

"Згора на тоа, Бугарското Министерство за финансии го конфискува целиот нивен имот и плати на Германците значителна сума на пари за тоа што ја ослободиле Бугарија од овие Евреи."

Или со други зборови бугарската држава плаќа на Германија за тоа што Евреите кои Бугарите ги депортирале до границата ќе бидат уништени во германските нацистички концентрациони логори.

*Master's degree in International Relations from MGIMO – Moscow. Career diplomat of the Bulgarian foreign service (1984-2003) with postings in Brazzaville (1985-86), Addis Ababa (1990-1993), The Hague (1995-1998) and Washington, DC (2000-2003). Charge' d’affaires en pied in Ethiopia (1992-93), Bulgaria’s national coordinator for the Central European Initiative (1999-2000) and Consul in Washington DC (2000-2002). Currently an MBA student at the Frostburg State University, Maryland, USA.

Продолжува

Александар Стеванов, објавено и на Macedonian Spark

No comments: