October 3, 2011

Како Грција изврши геноцид

КАКО ГРЦИЈА ИЗВРШИ ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД BO EГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Македонскиот народ со нетрпение очекува најпосле добра вест од Букурешт, иако овој град, барем досега, во македонската национална меморија, фукционира само во контекст на катастрофалниот договор со кој пред 95 години Македонија беше распарчена на три дела. Имено, со Букурешкиот договор од 28 јули 1913 година, Македонија беше поделена меѓу Грција, Србија и Бугарија.

Притоа Грција присвои 34.356 километри квадратни, или 51 отсто од македонската територија, иако на тој простор тогаш живееле само 9,8 проценти етничко грчко население. Co истиот договор, Србија доби 25.713 киломери квадратни, или 39 проценти од територијата, без разлика што во Вардарска Македонија воопшто немало Срби, а Бугарија ќари 6.798 квадратни километри македонска територија населена исклучиво со македонско население.

Од распарчената Македонија подоцна еден процент доби и Албанија, иако таму не живееше ниту еден Албанец.

Поделбата на Македонија со Букурешкиот договор во 1913-та година уште повеќе ги заостри односите меѓу балканските држави, кои, потоа, се чини, одвај чекаа нова војна за да ја делат Македонија одново. Две години подоцна тоа и се случи. Во перидот од 1915-та до 1918-та година, во Првата светска војна на македонскиот фронт се водеа тешки борби меѓу француските, англиските, грчките и српските војски, од една страна, и Германија, Австро-Унгарија, Турција и Бугарија од друга страна.

Најжестоко но и најупорно на овој фронт војуваше бугарската војска, во која учествуваше и 11-та македонска дивизија со околу 33.000 македонски војници.

По интервенција на САД на страната на Англија и Франција - Германија и Австро-Унгарија беа поразени, a co нив 'падна' и Бугарија.

Co Нејскиот мировен договор од 1919-та година се потврди поделбата на Македонија од 1913-та година, но Бугарија мораше да му го отстапи на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците комплетниот Струмички регион и Западните покраини; на Грција и' беше отстапена Западна Тракија, меѓу реките Места и Марица, а на Романија и' се призна поседувањето на Јужна Добруџа, добиена со Букурешкиот мировен договор пред шест години.

Се разбира, многу држави повторно не беа задоволни од ваквиот крај на Првата светска војна, а договорите кои беа постигнати под притисок беа основната причина дваесет години подоцна да започне нова војна. таканаречената Втора светска војна.

ПРОТЕРУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА!

Меѓу двете светски војни во Македонија се извршија големи етнички промени, а најголемите етнички промени се случија во Егејска Македонија.

Според масовноста и карактерот, етничките промени во Егејска Македонија зедоа размери на вистинска политика на етничко чистење на цел еден народ, односно се изврши геноцид врз македонскиот народ.

Во ноември 1919-та година, Грција и Бугарија потпишаа конвенција за таканаречено доброволно исселување на населението што живееше во двете држави.

По силата на оваа конвенција 86.571 Македонци беа принудени да заминат од Грција во Бугарија.

На овој начин грчката држава ја реализира првата принудна миграција на македонското население од Егејска Македонија. За жал, политиката на етничко чистење на македонскиот народ продолжи и со Лозанскиот мировен договор од 1930-та година, со кој се предвидуваше задолжително исселување на христијаните од Турција.

Co тој бран на преселба од Турција во Грција дојдоа еден дел Грци, но и Турци и Ерменци со христијанска вероисповед.

Во обратна насока мораа да заминат Турците со муслиманска вера, a co нив и Македонците и Власите од таа вера.

Врз основа само на овој договор од Егејска Македонија се исселија 354.000 муслимани.

На тој начин, односно со Лозанскиот мировен договор, грчката држава ја реализира втората принудна миграција на инородното население што живееше во рамките на грчката држава, смета проф. д-р Киселиновски.

Според него, по силата на Нејскиот и Лозанскиот договор дури 127.374 Македонци или 34,39 отсто од целокупното македонско население што живеело во Егејска Македонија било принудено да емигрира во Бугарија и Турција. Во Егејска Македонија останале уште 242.997 Македонци или 65.61 отсто од македонското население што живеело во тој дел на Македонија пред балканските војни.

Паралелно со протерувањето на Македонците од Егејска Македонија, грчката држава, се разбира, спроведуваше и политика на колонизација со цел да се смени традиционалниот етнички состав на населението во тој дел на Македонија. Врз основа на внатрешната колонизација на Егејска Македонија во периодот од 1913-та до 1928-та година беа колонизирани 53.056 Грци.

Од друга страна, пак, врз основа на надворешната колонизација беа доселени 565.143 лица, грчко и негрчко христијанско население.

Во тие бранови на доселеници за да се смени етничкиот состав на населението во Егејска Македонија беа донесени Грци, Караманли, односно Турци со христијанска вероисповед, потоа Ерменци и разни други кавкаски народи.

Значи, во тој период во Егејска Македонија беа доселени вкупно 618.199 лица од најразлично потекло, со различен јазик и културни традиции. Иако немаа речиси ништо што ги поврзува со Грција, овие доселеници го сменија етничкиот карактер на тој дел од Македонија, односно Егејска Македонија се демакедонизира и во етничката историја на Македонија почна н о в и о т грчко-маџирски етнички период. Се разбира, сосема е јасно дека грчката колонизација беше смислена и реализирана на штета на македонскиот народ, па затоа Македонците од душа ги мразеа колонистите, давајќи силен пасивен и активен отпор на смислената геноцидна колонизација на Егејска Македонија. Овие етнички промени што се случија во Македонија имаа тешки етно-јазични, политички и економски последици за македонското население.

Имено, со големата грчка колонизација на Егејска Македонија, Македонците го изгубија својот етнички историски статус. Од најмногуброен народ, Македонците добија статус на малцинство во својата родна земја. Ако пред 1913-та година од вкупно еден милион и шеесет илјади жители дури 77 остто беа Македонци, веднаш по големите етнички промени Македонците веќе беа само 17 отсто од населението, кое сега броеше близу еден и пол милион лица.

Паралелно со тоа, Грците, кои претходно беа малцинство во Македонија, добија статус на мнозинско население. Ако пред 1913-та година Грците во Егејска Македонија беа само одвај околу 10 остто од целокупното население, по големите етнички промени Грците преставуваа 50,36 отсто од населението.

Сите мешовити 6ракови меѓу Грци и Караманли, Грци и Кавкасци, Караманли и Кавкасци, Караманли и Ерменци, благорадејќи на употребата на димотики, односно грчкиот народен јазик, одеа во корист на грчкиот етнос. Значи, со промената на историскиот статус се смени и статусот на македонскиот и на грчкиот јазик во Егејска Македонија.

Македонскиот народ го изгуби својот традиционален историски статус на домородно, доминантно население, а македонскиот јазик од најупотребуван јазик во Егејска Македонија доби статус на јазик на малцинство.

Факт е дека дури по 1923-та година грчкиот јазик постепено го менуваше својот јазичен статус, па од јазик на малцинство или семеен јазик, стана најупотребуван јазик на целокупното население во тој дел на Македонија.

Силата на оваа нова етничко-историска реалност беше толку голема што грчкиот јазик добиваше статус на примарен, мајчин јазик надвор од грчкото етничко семејство.

Грчкиот јазик преку мешаните бракови постепено го истиснуваше турскиот јазик кај Караманлиите, ерменскиот кај Ерменците и рускиот кај дел од кавкаското население.

Co овие големи етнички промени во етничката историја на Македонија заврши македонскиот период и почна новиот грчко-маџирски период, а со тоа грчките политички граници се' повеќе се совпаѓаа со грчките етнички граници.

Грчката државна политика со текот на времето разните доселеници донесени во Македонија од секаде полека ги претвораше во елиномакедонес (гркомакедонци), за на крајот да ги промовира во автентични Македонес - Македонци.

Сега таканареените Грчки Македонци се всушност збир од разни доселеници кои немаат никаква етничка допирна точна со Македонците.

Вистинските автохтони Македонци новодојденото население го нарекуваа со едно и единствено име: Маџири, односно странци, туѓинци.

Понекогаш се употребуваше и пежоративното име аути или куркудати.

Доселениците - маџири, пак, Македонците ги именуваа најчесто со ендопи, односно доморотци. Паралелно со ваквата политика на промена на етничкиот состав, Грците спроведуваа и бришење на славјанските топоними во Егејска Македонија.

Тој процес организирано почна да се спроведува со законот од 1926-та година, кога почна интензивна деноминација на македонските населени места.

Врз основа на овој закон, сите имиња на реки, планини, села и градови добија грчки топоними, се сеќава проф. д-р Стојан Киселиновски автор на неколку книги за грчката колонизација на Егејска Макеонија, за етничките промени во Македонија, за Комунистичката партија на Грција и македонското национално прашање, за статусот на македонскиот јазик во етничката Македонија и други.

Според д-р Киселиновски, ова што денес се случува со непризнавањето на Македонија всушност би требало да биде последната фаза на грчкиот геноцид врз македонскиот народ, односно фаза по која тие сметаат дека автохтониот македонски народ веќе воопшто нема да постои во Грција.

Според таа геноцидна политика што се води полни осумдесет години, во Егејска Македонија сега живеат некакви грчки Македонци кои немаат никаква врска со Македонија, ниту со Македонците. Тоа се доселеници кои беа населени на имотите на Македонците што мораа да ја напуштат Грција заклучно со бруталниот егзодус по завршувањето на Граѓанската војна во Грција.

Според него, вистински, автохтони Македонци во Егејска Македонија се околу 150.000, или барем толку останаа по Граѓанската војна, и тие немаат речиси никакви малцински права во државата Грција.

ПОСЛЕДНАТА ФАЗА НА ГЕНОЦИДОТ

Почнувајќи од 1913-та година во Егејска Македонија се спроведуваше страотна политика на денационализација и асимилација на македонското население. Грчката држава беше крајно сурова во тој однос, па не признаваше дури ни постоење на македонско име и македонски јазик.

Македонците беа должни да ги сменат своите имиња и презимиња, а секое македонско презиме требаше да завршува на ис, ос или пулос.

Паралено со тоа, грчката држава почна вистински поход против македонската писменост.
Славјанските букви и зборови беа отстранувани дури и од надгробните споменици и од црквите.

Сите цркви во Егејска Македонија педантно беа прегледани и прекрстени со грчки имиња, a македонското писмо и сите црковно-македонски натписи беа отстранети, а пронајдените црковни или лични македонски книги беа уништени како во периодот на фанариотското средновековие.

Се рушеа дури и илинденските споменици, како Братската могила' во село Апоскеп, Костурско, каде што беа погребани легендарните војводи Митре Влашето, потоа главата на Лазар Поп Трајков и други.

Паралелно со отстранувањето на секаква македонска писменост, остро се прогонуваше и живиот македонски збор. Разни грчки националистички банди инструирани и платени од државата ги крстосуваа македонските села и го малтретираа македонското население да зборува само грчки доколку сака да го види утрешниот ден.

Грчката националистичка организација, таканаречената Грчко-македонска тупаница, ги предупредуваше Македонците дека строго им се забранува да зборуваат на нивниот мајчин јазик и должни се да зборуваат само грчки секаде и во секое време.

Особено суров беше нападот врз употребата на македонскиот јазик во комуникацијата на улица; тој беше сметан за варварски, недостоен за еден културен граѓанин.

Македонскиот јазик беше забранет, омаловажуван и прогонуван. Се забрануваше употребувањето на македонскиот јазик дури и во меѓусебната комуникација меѓу родителите и децата, меѓу селаните, на свадби, седенки или погреби.

Co еден збор - Грција ја забрануваше употребата на македонскиот јазик дури и при пеење и оплакување.

Сепак, најсуровиот напад врз македонскиот јазик го реализира диктаторот Јоанис Метаксас во 1936-та година, кога го забрани употребувањето на македонскиот јазик не само во секојдневниот живот во селата туку и во каква и да е комуникација во семејството дома.

Прекршувањето на оваа невидена забрана во светски рамки повлекуваше тешки и сурови физички казни, но и плаќање таканаречен јазичен данок.

Поради кршењето на забраната за користење на македонскиот јазик во јавниот живот или во рамките на семејството над 4.500 Македонци во тој период беа ссудени и пратени на грчките острови.

Само повремено, поради притисокот што го вршеше Друштвото на народите, грчката влада одвреме-навреме беше принудена, особено меѓу двете светски војни, да преземе формални мерки за да ја убеди Европа дека Грција, како цивилизирана земја, ги почитува одредбите за заштита на правата на малцинствата кои произлегуваат од Париските мировни договори.
Поради таквите притисоци во 1925-та година, на пример, во Грција беше отпечатен еден буквар наречен Абецедар.

Букварот беше печатен со латински букви на македонски народен јазик, односно на леринско-битолски дијалект.

Се разбира, тоа беше само лажен грчки трик, зашто веднаш по публикувањето на букварот тој беше уништен и никогаш не стигна во рацете на тие за кои беше наменет.

Грчките училишта за македонските деца беа вистински мачилишта.

Поради тешкиот, репресивен живот во својата родна земја сега под грчка окупација, Македонците ги сметаа Грците за полоши од Турците: Турците немаа вера, но имаа исав. Грците немаат ниту вера, нуту исав', велеа постарите Македонци, се сеќава проф. д-р Стојан Киселиновски, роден во селото Бмбоки, Костурско, Егејска Македонија, кој, за жал, уште како дете, значи веднаш по крахот на Граѓанската војна во Грција, бил протеран од Беломорска Македонија, па своето основно, средно и високо образование морал да го заврши во Романија, a подоцна магистрирал и докторирал на Универзитетот во Скопје.

ТРЕТОТО ПРОТЕРУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ

За време на Граѓанската војна во Грција, Македонците се определија за грчката левица која единствена ветуваше признавање на националните права на Македонците во рамките на новата грчка држава.

Токму поради тоа, од вкупно 30.000 војници на Грчката републиканска армија (ДАГ) дури 15.000 беа Македонци. Во тој период Македонците интензивно ги афирмираа своите национални и културни вредности, а на 10 август 1947-та година, со статутарен акт број пет, Главниот штаб на ДАГ на Македонците им ги призна сите национални права.

Така, на пример, од 1947-та до 1949-та година во Егејска Македонија беа отворени 87 македонски училишта со 10.000 ученици, a ce публикуваа и повеќе весници на македонски јазик, се формираа и македонски културно-уметнички друштва и се изведуваа и драми на македонски јазик.

За жал, поразот на ДАГ во Граѓанската војна имаше тешки етнички последици за Македонците.

Повеќе од 20.000 Македонци загинаа во борбите на Грамос, Вичо и други места, a 60.000 Македонци и Грци, меѓу кои и 28.000 деца, беа принудени да емигрираат во источно-европските земји.

Co тоа грчката држава ја спроведе третата принудна миграција на македонското население од Егејска Македонија.

Се разбира, исходот на граѓанската војна во Грција уште еднаш сериозно влијаеше врз статусот на македонскиот народ во таа држава.

По третата грчка принудна миграција уште повеќе се зацврсти малцинскиот карактер на македонското население, а тоа сериозно влијаеше и на македонскиот јазик.

Ако во периодот од 1913-та до 1950-та година македонскиот јазик за македонското население имаше статус на примарен мајчин јазик, по 1950-та година постепено почна да го губи дури и тој статус.

Од примарен мајчин јазик, македонскиот јазик доби статус на секундарен странски јазик за дел од македонското население.

И сега Македонците веќе од најрана возраст, уште во градинка, го учат само грчкиот јазик, а македонскиот јазик можат да го слушнат понекогаш само дома од постарите членови на семејството, па затоа гласовите ж, ч, џ и ш, кои не постојат во грчкиот јазик, децата и помладите Македонци ги изговараат неприродно.

Co ова македонскиот јазик во Егејска Македонија влезе во третата фаза пред извесното негово целосно исчезнување, губејќи го полека но сигурно дури и статусот на семеен, мајчин јазик.

Co влегувањето на грчкиот јазик во рамките на македонското семејство, меѓу нашиот народ секојдневно се шири грчката национална, политичка, културна и психолошка свест. Co тоа всушност почна процесот на дефинитивно асимилирање на преостанатото македонско население во егејскиот дел на Македонија, и негово постепено но сигурно слевање во грчката нација.

Преостанатото македонско население во Грција, по протерувањето по граѓанска војна, кое отприлика броше околу 150.000 лица, беше подложено на најсурова политика на денационализација; македонското име и македонскиот јазик најригорозно беа забранети, а Македонците беа принудувани да даваат колективни заклетви дека ќе бидат лојални на грчката држава и дека во иднина ќе зборуваат само грчки јазик.

Во 1953-та година грчката држава го донесе законот за колонизација на пограничниот појас со цел да се разбие етничката компактност во Костурско, Леринско и Воденско. Истата година беше донесен и закон со кој се лишуваа од грчко државјанство учесниците во граѓанската војна со конфискација на имотот.

Во 1982-та година се донесе закон за враќање на политичките бегалци, но само оние што беа по род Грци.

Македонците беа исклучени од овој закон и грчките дипломатски претставници во источноевропските земји строго ја применуваа таа одлука.

Доволно беше некој да пополни формулар дека знае македонски јазик, или да изрази македонска етничка припаднист, за да му се одговори негативно, вели д-р Киселиновски.

Според проф. д- р Киселиновски по 1990-та година во рамките на европските процеси на каква-таква демократизација, во Грција се забележаа одредни срамежливи промени во однос на Македонците. но тоа се' уште е далеку од меѓународните норми за правата на малцинствата во Европската унија, чија полноправна членка е и Грција.

Иако Грците веројатно мислеа дека докрај го завршија геноцидот врз македонскиот народ во Егејска Македонија, во деведесеттите години на минатиот век таму сепак се формираа организации за заштита на човековите права на чело со Христос Сидеропулос и Ташко Белев, a во Сботско се формира и 'Македонско движење за балкански просперитет' на чело со Трајанос Пасој, архимандритот Никодим Царкњас и Христо Прицка.

Во 1994-та година исто така во Сботско се формира организацијата 'Виножито', а во Лерин беше отворена Македонската куќа каде што Виножито' отвори канцеларија со натпис на македонски и на грчки јазик.

Во С'ботско излезе од печат месечното спасание 'Моглена', орган на македонското движење за балкански просперитет, а подоцна беа публикувани и 'Зора' и 'Нова Зора', органи на' Виножито'.

Во 2001-та година во Солун излезе списанието 'Лоза'.

Во 'Зора' и 'Нова Зора', печатени на грчки и на македонски јазик, се публукуваа текстови од историското и културното минато на македонскиот народ.

Полека почна да оживува и црковниот живот, па во 2001-та година архимандритот Никодим Царкњас во С'ботско ја освети првата македонска црква 'Света Злата Мегленска' и се одржа првата богослужба на македонски јазик по речиси осумдесет години.

Во меѓувреме, по македонските села се формираа повеќе културно-уметнички друштва кои го афирмираат македонскиот фолклор, a ce организираа и фестивали на македонскиот фолклор каде што слободно се пеат песни како што се 'Болен ми лежи миле Поп Јорданов', 'Крушево абер пристигна', 'Земјо македонска' и други.

Се разбира, грчкиот национализам не мирува, па беа организирани разни протести и процеси против лидерите на македонските организации, нивно протерување од државни служби и слично.

Во 1995-та година грчките националисти, предводени од Леринскиот градоначалник ги нападнаа канцелариите на 'Виножито', го отстранија двојазичниот натпис на организацијата и го запалија мебелот и книгите што ги најдоа во просториите.

Основниот суд во Лерин во меѓувреме одби да го регистрира Домот на македонската култура со образложение дека се фабрикува непостоечка македонска нација и дека тоа претставува директна закана за јавниот ред и мир.

Се разбира, македонските организации бараа заштита од Европската унија, но засега не наидуваат на конкретно, искрено разбирање на состојбата во која се наоѓа македонскиот народ во Егејска Македонија.

Демократска Европа, кога станува збор за положбата на Македонците во Грција, се' уште ниту добро гледа, ниту добро слуша.

Сепак, останува да се надеваме дека овојпат Букурешт, точно 95 години по првиот Букурешт, кога Македонија беше поделена на три дела, сепак ќе го помниме по добро, вели д-р Киселиновски.

ЗАТВОР ЗА ЗБОРУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!

Според проф. д-р Стојан Киселиновски околу 4.500 Македонци во Егејска Македонија биле судени и осудени само затоа што го зборувале својот мајчин, македонски јазик дома или на улица.

Тоа навистина е несфатливо за современо општество, освен ако не станува збор за Грција.

За жал, до ден денес ваквиот тероризам не е осуден ниту од меѓународната заедница, ниту пак од демократските интелектуалци во Грција.

Меѓу оние 4.500 Македонци што биле судени во Грција затоа што проговориле макар еден единствен збор на македонски јазик е Георги И. Митри од село Нерет.

Имено, Јавниот обвинител од Долно Котори на 24 април 1939-та година, а во врска со членовите 135-145 од Кривичниот закон го повикал Македонецот Георги од село Нерет лично да се јави во судот на 15 мај 1935-та година, понеделник, во девет часот претпладне за да му се суди како обвинет затоа што на 19 февруари оваа година во селото Нерет бил фатен од органите на полицијата да зборува со други лица на јазик што останатите не го познаваат (македонски), и пеел на истиот јазик.

Се поставува прашањето како можел да зборува со други лица ако не го разбирале неговиот јазик, па згора на тоа дури и да пее на тој опасен јазик, кој остаиатите наводно не го познаваат.

Судската покана овој грчки Јавен обвинител ја завршува со тоа дека на тој начин е повреден член 697 од Кривичниот закон и согласно со полициската наредба 15/ 36,11 ако истиот лично не се јави, ќе му се суди во отсуство .

Како Европската унија, односно НАТО, примиле во своите редови држава во која се суди само затоа што некој зборува и пее на својот мајчин јазик, можеби е прашање што треба да им се постави на лидерите на самитот во Букурешт пред евентуалното вето од страна на земјата што суди за збор и песна на македонски јазик.

За Британската дипломатија во 1950-та година

ЛАЗАР МОЈСОВ БИЛ БЕСЕН МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛИСТ!

Во една телеграма на амбасадата на Велика Британија во Белград, испратена во Форин Офис во Лондон на 17 мај 1950-та година, Лазар Мојсов бил бесен македонски националист затоа што во еден свој говор спомнал македонско малцинство во Грција.

Ми се чини дека изјавата на г-дин Кардељ е внимателно формулирана и со јасна намера да биде сосема умерена.

За несереќа делот од говорот на г-дин Мојсов, добро познат бесен македонски националист, е искажан единствено со цел да се нападне грчката Влада и печатот.

Жалам што се сметало дека е неопходно да му се даде на г-дин Мојсов слободно изразување на неговите специфични македонски гледишта, но не се сомневам дека изјавата на г-дин Кардељ, и онаа на г-дин Мојсов, ја изразуваат политиката на југословенската влада.

Повикувањето на г-дин Кардељ на македонското малцинство во Грција ќе биде лошо примено во Атина, а грубиот напад и неточности изнесени од г-дин Лазар Мојсов може да се очекува да предизвикаат голема штета.

Мислам дека грчката влада може да го игнорира г-дин Мојсов, кој, очигледно, е само приватно лице, ја известува, меѓу другото, својата влада во Лондон сер Чарлс Пии, амбасадор на Велика Британија во Југославија уште од 1946-та година.

Два дена подоцна со телеграма до Форин Офис од амбасадата на Велика Британија во Атина се јавува и сер Клифорд Нортон, амбасадор на Велика Британија од Атина исто така уште од 1946-та година.

Тој, меѓудругото, инсистира на тоа дека не постои македонско малцинство во Грција, a последните остатоци на оние кои непријателската пропаганда ги нарекува Македонци беа инволвирани во комунистичкиот напад против Грција и со нивниот пораз ја напуштија земјата.

Во грчка Македонија повеќе не постои ниту една личност за која југословенската Влада посебно би се заинтересирала.

И, ако владата во Белград не го прифати ова, не би им користело во иднина да говорат за добри соседи на Грција, затоа што никој нема да им верува.

Коментар за ваквата дипломатија против Македонија не е потребен.

FOKUS

No comments: