Вчера германскиот европратеник со грчко потекло Јорго Шацимаркакис во функција на застапник на грчките интереси одржа панел дискусија за состојбите во македонското новинарство, чијашто цел беше лажно претставување на слободата на говорот и медиумите во Македонија и нејзино оцрнување пред очите на ЕУ.
На оваа панел дискусија со ироничен наслов "Замолчувајќи го пресот" Шацимаркакис категорично ја одби понудата за дебата, што е и цел на секоја дискусија, од македонските новинари Миленко Неделковски, Бобан Нонковиќ и Мирка Велиновска и проследено со вербални навреди и закани истите физички ги избрка.
Ваквата подмолна грчка политика на промовирање на лаги која цели оцрнување на Македонија и Македонците и ставање на Грција во поповолна стратешка положба како што е случајот со оваа дебата во ЕУ за оцрнување на македонското новинарство не е ни малку случајна и неорганизирана и е со традиција подолга од сто години.
Во периодот непосредно по Илинденското востание весникот Feilding Star, во статија (стр. 2) со наслов "Балканска револуција" и поднаслов "ужасни злосторства, 14 села избришани" од 17 август 1903 година го пишува следното:
"Атина, 16 август
Грчкиот премиер примајќи ги странските амбасадори ја напомена неопходноста за давање на одврзани раце на Турција за справување со балканските неволји и за барање од неа да користи најголема жестокост за враќање на поредокот.
Револуционерните банди со помош на динамит го срушија мостот на железничката линија Битола (Монастир)."
Како што јасно читаме од претходно цитираното, Грција лобирала големите сили да инсистираат Турција најжестоко да ги казни Македонците поради кревањето на Илинденското востание за национално ослободување. И пред повеќе од еден век исто како и денес Грција лобирала пред големите сили за оцрнување на Македонија. Народе македонски, ништо не е случајно!
Александар Стеванов, објавено и на Macedonain Spark

No comments:
Post a Comment