September 9, 2011

Апел за помош до Ватикан

Во американскиот весник The Washington times, во статија со наслов "Македонскиот лидер го повикува Ватикан" од 15 јануари 1904 година, (стр. 2) е опишан апелот на Борис Сарафов упатен кон Ватикан за помагање на македонските револуционери во борбата за ослободување од турскиот јарем:

Лондон. 15 јануари - Кореспондентот на "Exchange Telephone Company" во Рим вели дека на г-дин Сарафов, македонскиот лидер, му било ветено тајно интервју од папскиот државен секретар Мери Дел Вал, во врска со барањето за помош којашто Ватикан бил спремен да им ја даде на македонските револуционери доколку се откажат од грчката православна црква* и ја прифатат католичката вера.

*Се мисли на Цариградската патријаршија којашто од крајот на 18 и почетокот на 19 век се претставува како грчка и презема активности за грцизирање на немуслиманското население во Отоманската Империја. Во тоа време Македонија како дел од Отоманската империја немала своја црква и била под Цариградската патријаршија. Де факто Ватикан не бара од Македонците да ја заменат Цариградската Патријаршија затоа што тие не ја избрале и како дел од Османлиската Империја била наметната и на Македонија, туку да го заменат православието со католицизмот.


Kоја била целта на Ватикан за ова? Доколку тие навистина сакале да им помогнат на христијаните од Македонија немалe да бараaт ништо од нив како што и не учи Исус Христос, туку веднаш ќе помогнеле. Но тие воопшто не се грижеле за Македонците туку еднинствено важни им биле нивните тесногради интереси односно ширење на влијанието на Ватикан во Македонија преку католицизмот.

Колку гнасно изгледаат ваквите уцени на Ватикан, кога ќе се земат предвид неоправданите и безпричински ѕверства вршени врз македонското христијанско население. Едно од тие ѕверства е опишано во The North Western Advocate and the Emu Bay Times, од 10 февруари, 1903 година (стр 2):

Несреќна Македонија

Лондон, 7 Февруари - бегалците од 36 македонски села соопштуваат за ужасни приказни за измачување, ограбувања, насилство како резултат на турското владеење.



Се поставува прашањето зарем христијанска е постапката на Ватикан, односно помошта којашто ја понудиле на напатеното македонско христијанско население да ја условуваат.

Ако на почетокот од минатиот век Ватикан порачувал променете си ја верата од православни во католици и ние ќе ви помогнеме во вашата борба против Турците, во денешно време од некои западни сили стигнуваат пораките сменете си го името на државата и ќе влезете во ЕУ и НАТО. Ниту едната ниту другата порака не е христијанска. Ниту едната ниту другата порака не ги почитуваат основните човекови права. Историјата се повторува... До кога?

Автор Александар Стеванов

No comments: