September 4, 2011

Секоја генерација има своја борба

Уште неколку дена ќе прославиме 20 години самостојна суверена држава Македонија. Но не секогаш иднината на ова парче земја го кроеле самите нејзини жители. За време на петвековното турско ропство Македонците биле цел на секојдневни тортури. За ова сведочат голем број светски весници меѓу кои и австралискиот The Advertiser (стр. 5) кој во статија од 14 јануари 1897 година со наслов "Македонија, турски ѕверства" (Macedonia. Turkish atrocities) пишува:



"Disorder is still reported to be prevalent in Macedonia. Turkish soldiers are sacking villages and perpetrating brutal outrages on persons of both sexes and all ages."

Превод:

"Сè уште пристигнуваат извештаи за распространетост на немирите во Македонија. Турски војници опустошуваат села и брутално извршуваат срамни дела на лица од двата пола и сите возрасти."

Во австралискиот весник The Brisbane Courier во статија со наслов "Ситуацијата во Македонија, турски ѕверства" (Situation in Macedonia. Turkish atrocities) од 9 февруари 1903 година пишува:




"Refugees from thirty-six Macedonian villages relate horrible stories of the tortures, robberies, and violation to which the people of the villages have been subjected by the Turkish soldiers."

Превод:

"Бегалци од 36 македонски села раскажуваат ужасни приказни за измачувања, грабежи, и нарушувања на кои луѓето од селата биле подложени од страна на турските војници."

Истиот весник во статија со наслов "Револт во Македонија, турските злосторства" (The Revolt in Macedonia, Turkish Atrocities) од 6 октомври 1903 година, ситуацијата во Македонија ја опишува и визуелно.












"The above taken from an English exchange, is typical of the scenes of bloodshed and rapine of which our cables messages from the near East have contained so many terrible examples."

Превод:

"Горе прикажаната слика земена преку размена од Англија, е типична сцена на крвопролевања и силувања, какви што во пораки до нас од Блискиот Исток се содржат многу страшни примери."

Сепак и покрај овие долгогодишни тортури врз Македонците во минатото тие не ја заборавиле и не се откажале од својата национална, јазична и културна засебност и уникатност. И покрај секојдневните мачења тие пожртвувано и храбро се бореле и го положувале својот живот за создавање на слободна македонска држава.

За разлика од тоа време Македонците денес ниту се цел на тортури, ниту пак мора да се борат за политичко ослободување, затоа најголем срам за оваа генерација која безмалку 20 години живее во своја суверена самостојна држава ќе е да се согласи на промена на вековното име - Македонија. Зарем ќе дозволиме саможртвата на нашите предци да биде залудна.

Александар Стеванов, објавено и на Cooltura

No comments: