March 24, 2010

Салата Македонија

Со терминот Салата Македонија (или само Македонија) се означуваат два вида на салата. Едната (шп. Macedonia de frutas, анг. Fruit macedonia) се прави од различни видови овошја, коишто обично се сецкани на ситни квадратни парчиња со големина од околу 1-5 см2. Рецептот за салатата варира и нема некои строги правила, но често содржи: портокал, банана, јаболко, киви... Овошната салата Македонија е особено популарна во Шпанија, земјите од Латинска Америка (шп. macedonia de frutas) и Италија (ит. macedonia) кадешто се сервира како десерт.

Оваа овошна салата е популарна и во Франција но таму најчесесто не се нарекува Салата Македонија, а го носи називот овошна салата (фр. salade de fruits).

Зеленчуковата Салата Македонија (фр. Macédoine de légumes, шп. Macedonia de vegetales) е особено популарна во Франција (salade macédoine или само macédoine) поради што на Балканот и во Македонија е позната и како француска салата (фр. Salade française). Салатата содржи грашок, моркови (во Франција и печен грав). Понекогаш се сервираат измешани со мајонез (или пача) како студено предјадење. Постои и топла зеленчукова салата Македонија којашто се прави со истиот зеленчук, но измешани со путер и се служи како топло предјадење.


Постои верување дека за првпат била направена на Версајскиот мировен договор во 1919 година, кадешто била послужена како десерт на преговарачите. Се верува дека името ѝ го дал главниот готвач на преговорите во Париз, кој по потекло бил Македонец и со ситното сецкање на овошјата алудирал на состојбата на својата земја во тоа време. Според салатата во кулинарство се користи и терминот Македонско сечење (фр. tailler en macédoine).

Според друга теорија името доаѓа од мешаниот етнички, културен и религиски состав на населението во империјата на Александар Велики којшто во салатата бил претставен со различните видови на овошје. Зборот "Македонија" може да се користи и за било кои работи коишто не се поврзани, а се на едно место.

Трета е теоријата за етимологијата на името на салатата вели дека истата била популаризирана кон крајот на 18ти век, а со неколкуте видови овошје во салатата бил претставен мешаниот етнички состав на Македонија, која во тоа време била дел од Отоманската Империја. Оваа теорија ја предложил етимологот Juan Antonio Cincunegui, но според хронологијата на настаните и денешните сознанија се покажала како неточна.

Александар Стеванов

No comments: