Македонските преродбеници од 19 век се сметаа за наследници на Античките Македонци
Секретарот на бугарскиот Егзарх за Македонија, Петко Рачев Славејков, главниот во спроведувањето на бугаризацијата во Македонија, во 1871 г. објавуви статија под наслов "Македонското прашање", каде прави осврт на македонското преродбенско движење од 1870 година; Во "Македонското прашање" објаснува дека некои Македонци во тој период сметале оти Бугар е исто што и Словен, а дека потекнуваат од античките Македонци, кои биле стари Бугари или како што Славејков вели "она мислење (на македонистите) дека божем старите Македонци биле Бугари, т.е. Словени"; за други Македонци пак, сè бугарско било татарско и оваа партија на Македонци се сметале за чисти Словени поразлични од бугарските, а Бугарите биле чисти Татари. Најдрагоценото нешто од Славејковата статија за Македонското прашање е неговата потврда дека македонистичкото движење во 1871 г. било масовно и претворено во реалност, со потврда дека македонскиот народ бил изграден во тоа време, спротивно од бугарскиот народ, за кој Славејков пишува “неустроениот наш народ“. Уште еден факт на Славејков е многу значаен за македонската историографија, а тоа е изјавата на Славејков дека ова масовно македонистичко движење, кое не било ново, било целосно забрането да се коментира во сите медиуми до тогаш (1871 г.), очигледно за да може пред целата светска јавност да се тврди дека Македонците се дел од бугарското племе (Статия на Петко Рачов Славейков във вестник “Македония”, издаван в Цариград, година V, бр. III от 18. 01. 1871 г., Цитирано по Събрани съчинения, т. 7. Публицистика, С: Български писател, 1981 г., стр. 21 – 24). Поради решеноста на бугарските дејци од 19 век да го таат македонизмот и неговите дејци во Македонија, но и поради уништувањето на делата на македонистите од странските пропаганди во тоа време, ние сме лишени од податоците за вистинските македонски преродбеници од 19 век и нивните размислувања по однос на македонското прашање. Искрено гледано, македонската историографија и многу не се потрудила да истражува за нив, туку се препушти на она што ни го сервираат историографиите на Софија и Белград.
Долу: Статијата "Македонското прашање“ на Петко Рачев Славејков од 1871 г., објавена во весник Македония издаван во Цариград, година V, бр. III од 18. 01. 1871 г.
Врз основа на фактите изнесени од Славејков во "Македонското прашање", овдека ќе дадам краток осврт за македонските дејци од 19 век, кои сметале дека се наследници на античките Македонци и чисти словени, но наместо терминот словени го користат опишаниот термин бугари, погоре детално објаснет.

За Јордан Хаџи-Константинов - Џинот, Македонците од 19 век потекнуваат од античките Македонци и нивната култура, од Пеонците, па дури и од античките митолошки народи како Мирмидонците, а сите тие биле чисти Бугари т.е. Словени (1. „Цариградски весник“ бр. 458 од 21.11.1859, / 2. „Цариградски весник“. бр. 211 од 05.02.1855 г.). Како што видовме погоре, за Џинот и Великоморавците од Панонија (денешна Унгарија) беа бугари. И за Ѓеорѓија Пулески античките Македонци се чисти Словени (Славјано-македонска општа историја, Софија 1893 г.).
Познатиот македонски учебникар Димитар Македонски го гледа својот народ како антички Македонци, па во една своја статија пишува дека античките Македонци не ги голтнала земјата, туку дека живеат на тлото на Македонија во континуитет како чисти Словени: „...Македонците не се Цинцари, ниту друг некој народ, но чисти Бугари (мисли на Словени)... оттаму ќе научите дека Македонците не се изгубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да кажуваат, затоа што, колку што ние знаеме, тие не згрешиле некогаш до толку, што, да зине земјата и да ги голтне.“ (в. Македонiя, датум 16.02.1871).
Во својата „Кратка свјаштена историја за училиштата по Македонија (на македонско наречје)“, печатена „Во печатницата на Македонија“, Цариград 1867 г., пишува:
„П.[Прашање] Кои се оние Бугари (словени), што се крстија во почетокот на први век после Рождество Христово?
Од. [Одговор] Тие се Бугарите што живеат во Македонија
П. Од кого се покрстени тие?
О. Од Апостол Павле, кој најнапред проповедал во Филипи и Солун...
Апостол Павле ги покрстил во Европа најпрво античките Македонци од градот Филипи, а сето тоа е многу убаво објаснето во Библијата. Димитар Македонски сосема е сигурен во своето потекло- дека е ист со првите Христијани, крстени од Апостол Павле, а тоа се античките Македонци, кои според него се чисти Бугари (Словени).
Факт е, дека сите оние македонски преродбеници кои го користат бугарското име како словенско се школувани по грчките училишта.
Русија првпат го наметнува користењето на поимот Бугар како етноним, а не значењето на Словен, преку нивните агенти, за кои подолу пишував дури во средината на 19 век. Дури, Русите откако ја ослободија Бугарија 1878 г., насилно го направија граничниот град Софија бугарска престолнина, за да можат да го шират бугаризмот кон Србија и Македонија. Бугарите решиле Велико Трново да го направат нивна престолнина во 1878 г., како географски, но и историски центар на Бугарија. "Русия искаше столицата близо до сръбската граница - да противостои на Сърбия, покровителствана от Австрия" (Цит. по М. Семов, Д. Иванов. С минало като в роман. Чужденците в политическия, материалния и духовния живот на българската столица 1878-1908. С., 1999, с. 15).
Превземено од http://makedonskaistorija.blog.com.mk/
No comments:
Post a Comment