Многу често од албански историчари и политичари слушаме дека албанците биле автохтон народ во Македонија. Но, тоа воопшто не е точно. Сите историски извори го тврдат сосема спротивното, односно дека Албанците се најдоцните дојденци во Македонија, дури турците се дојдени порано отколку првиот дошљак албанец во Македонија. Историските сведоштва говорат дека првите Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на 18 век. И секој човек кој логично размислува и има малку познавања од македонската топонимија и археологија, ќе знае дека сите населени места каде денеска живеат Албанци некогаш биле чисти македонски места, со македонски топоними, со македонски цркви и гробишта, без никакви пишани историски извори или археолошки наоди од албанци сè до половината на 18 или 19 век. Каде има албански џамии или цркви, албански гробишта од 17 век во тетовско, госитварско, дебарско, струшко, скопско, кумановско?! Никаде!
Според отоманскиот попис на населението од 1430-1431 г., во Македонија немало воопшто Албанци. Веќе од средината на 15 век, со исламизацијата на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но сепак во многу минорен број. Во отоманскиот попис од 1452-1453 година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот Калканделен (Полог) и 1 католичко семејство во Скопје. Овие албанци веќе во најголем дел биле исламизирани и отоманските власти ги обележувале како АРНАУТИ или АРБАНАСИ, како би се разликувале од староседелското. Имено, во пописните тефтери, отоманците на личните имиња на албанците додавале “Арбанас“ или “Арнаут“ за да ги разликуваат од староседелците, за кои немало никакви придавки за народност.
Отоманскиот попис од 1467-1468 г. забележува само 84 албански домаќинства на територијата на цела Македонија и тоа во следниве вилаети:
Попис 1467-1468 г.
Вилает Калканделен (Полог) 20 домаќинства
Вилает Ускуп (Скопје) 2 домаќинства
Вилает Пирлепе(Прилеп) 10 домаќинства
Вилает Ќипрјули (Велес) 3 домаќинства
Нахија Крчово (Кичево) 7 домаќинства
Нахија Мариово 1 домаќинство
Нахија Манастир (Битола) 41 домаќинство
Извор: ТДИМН. ОПД, т. III, с. 35–143 (вилает Калканделен), с. 150; ТДИМН. ОПД, т. I, с. 197–199; ТДИМН. ОПД, т. II, с.139–271 (нахия Манастир), с. 271–485
Првите шест албански села во Македонија
Албанците дошле на границите на Македонија во 1572 г. Ф ранцузинот Филип Канаје го опишал заземањето на Качаник од страна на неколку како што лично запишал “албански групи на убијци и разбојници“ во 1572 г. (Френски пътеписи за Балканите, с.140.). Во 1595 г. за прв пат во историјата е забележана албанска разбојничка тајфа која опљачкала неколку полошки села, а многу селани ранила и испоубила [Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38].
Според отомански документ од 1597 г., околу 10.000 албански разбојници од северна Албанија, ограбиле и изгореле 27 села во западна Македонија, а во 6 од тие села, во дебарската област, се заселиле првите Албанци во Македонија (Шопова, Д. Цит. съч., с. 83). Значи, прво населување на Албанци во македонско село, временски датира 3 години пред почетокот на 17 век и тоа било во областа на Дебар.
Албанско населување во скопската област
Во отомански документ од 1595 г. за прв пат е забележано присуство на “арнаутски разбојнички групи“ во скопската област (Шопова, Д. Цит. съч., с. 78-79), но без албанско населување.
Албанците почнале постепено да ги освојуваат високите планински македонски села од скопска Црна Гора дури кон крајот на 17 век (Материали, 536. / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Албанците прво ги зазеле највисоките македонски села на скопска Црна Гора и после постепено слегувале кон ниските села. Село Брест до 19 век било чисто македонско село, во Љуботен албанците навлегнале на крајот на 18 век (пак таму, Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Германскиот патувач Хан во втората половина на 19 век ги посетил албанските села на скопска Црна Гора и самите тамошни албанци го известиле дека се преселени во скопските северни планини после австријските војни, што е крајот на 17 век (Hahn, Reise von Belgrad nach Salonik, Wien, 1868. стр. 70.).
До 20 век, на Китка и Црн Врв се населиле Албанци во 21 македонско село. Тие дошле од Косово во текот на 18 и 19 век, а жителите на Алдинци знаеле дека нивните предци дошле во Алдинци од Гњилане (Материали, стр. 523. / Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Во Скопското поле првите албанци се спуштиле дури во 19 век, за време на управувањето на Хамзи-паша, Албанец, кој етапно доселувал албанци од северна Албанија.[ J. Трифуноски, Скопско Поље, 358.]
Албанско населување на Полог
Почетокот на албанската населување т.е. заземање на Полог почнува од средината на 18 век. Сепак, тие во тој период претставувале многу мала малцинска група во Полог, се до првата половина на 19 век, кога со Полог владее албанецот Абдураман-паша, кој насилно и масовно населувал албанци од северна Албанија [ Ј. Трифуноски, Полог, с. 71-74.]. Голем дел од староседелското македонско население на Полог, било насилно поалбанчено, цели родови биле поалбанчени, како и многу жени и девојки под притисок на тетовските албански паши и нивниот зулум [ Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38-39, 50-51.]. Истото се има случено и со Кичевија, каде најголемиот дел од тие Албанци се всушност од македонско потекло. Затоа, можеме да кажеме дека Албанците во Македонија се македонски браќа.
Албанците од с. Теарце биле заселени од тетовските паши, од Мат, Долен Дебар и призренско; албанците од с. Доброште дошле од Дебар и Љума. Во с. Длабочица, с. Стража и с. Култино албанците потекнуваат од Дукачин Љума. Во последното село, Абдурахман Паша во почетокот на 19 век ги избркал Македонците и населил Албанци ( Материали (Софија), 437, 439, 446-447).
Во Жеденската област до почетокот на 19 век живееле исклучително Македонци, но подоцна почнале и таму да се доселуваат Албанци од Реч и Долни Дебар.
Од албанските зулуми, Македонците од Полог масовно бегале и ги оставале празни селата. Васил К`нчов во последната деценија на 19 век ја посетил Македонија и опишува дека селото Горно Фалише до 1860 г. броело 30 македонски семејства, а во 1890 г. опустело, како и селата Палатица, Корито, Форино и Чајле, кои иста така останале опустени и празни (В. "Новини", год. II бр. 12, 13./ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100). Македонскиот етнограф Трифуноски, спомнува дека и селата Катрање и Еребино ја споделиле истата судбина на опустување (Ј. Трифуноски, Полог, 39-40). На опустените македонски имоти и цели села, албанските паши населувале Албанци.
Еве неколку потресни вистинити историски приказни, како врз Македонците од Полог бил вршен етногеноцид. Во с. Лопушник, кон крајот на 18 век се доселиле тројца Албанци и со “зулум“ купилe земја oд селаните во Лопошник, плаќајки им на македонските сопственици на имотот само 60 гроша и така Албанците постепено го зазеле селото [Ј. Трифуноски, Полог, 183.]. Македонцитге од селото Железно Речане било на удар на качачките банди во почетокот на 19 век, а населението за ситница убивано, "трган народ", велеле мештаните [Ј. Трифуноски, Полог, 191.]. Македонските селани од Горна Ѓоновица биле убивани на паша, во шума, на нивите, им ја грабале стоката [Ј. Трифуноски, Полог, 210.]. Во тогашното македонско селото Симница, најпрво се населиле три албански семејства од Мат (Албанија) и со помош на други дошљаци од Албанија ја нападнале Симница и големиот манастир, кој постоел во селото. Сите калуѓери , освен еден, кој бил надвор од манастирот, биле убиени, игуменот на манастирот запален, а манастирот разорен. Манастирот 1936 г. бил обновен, но балистите повторно го разориле во 1943 г. [Ј. Трифуноски, Полог, 213.] И селото Џепчиште, како и сите полошки села пред 200 години било чисто македонско место, со манастир св. Богородица. Кога сите селани биле собрани на богослужба во манастирот "Турци" [муслимански Албанци] го запалиле манастирот заедно со селаните.[Ј. Трифуноски, Полог, стр. 347].
Албанизација на Кичевија
Овој поднаслов го нареков албанизација на Кичевија, а не населување на Албанците, бидејќи и сегашното албанско население на Кичевија има македонски корени. Зајаз, сега изразито албанско село, до 1740 г. било чисто македонско православно село. Првиот македонски етнограф, Томе Смиљаниќ - Браднина пред 90 години утврдил дека луѓето од Зајаз ги знаат своите муслимански претци до 7 колено, а од овие имиња после продолжуваат имињата на нивните православни предци. Православните старинци биле “Шопки“, па Албанците еден дел од нив истиснале, а друг дел исламизирале и поалбанчиле (Т. Смиљанић, Кичевија, 440-441).
Селото Црвивци било исламизирано околу 1760 г. Албанците удриле на селото од страна на Зајаз за Велигден, кога се играло оро, убиле многу луѓе, а жените ги заробиле и се вселиле како во своја куќа (Т. Смиљанић, Кичевија, стр. 431).
Селото Бериково, било муслиманизирано околу 1785 г., кога Албанците ги исламизирале жените и децата од селото, пошто мажите им биле на печалба (Т. Смиљанић, Кичевија, с. 437).
Дел од македонското староседелско население на селото Колари избегало кон крајот на 18 век во Австро-Унгарија, а оние кои останале дома биле албанизирани (Смиљанић, Кичевија, с. 444).
Албанците во с. Јагол биле преселени од селото Блаце од Албанија околу 1830 год. Тогаш било и албанизирано селото Туин. Во с. Поповјани, с. Другово и с. Белица првите албанци се населиле околу 1840 год. од Дебар.
Албанизацијата струшко-дебарскиот крај
Иако Албанците прво проникнале во дебарскиот крај во 17 век, сепак до 19 век, апсолутното мнозинство на Голо Брдо и Дебарско Поле го сочинувале Македонци, рисјани и муслимани. Подлабоки етнички промени во дебарскиот крај настанале во 19 век, со албанизација на Македонците муслимани од повеќе села и населување Албанци од северна Албанија.
Васил К`нчов во својата книга за Македонија обајвена 1900 г., сведочи за поалбанчувањето на Македонците муслимани и населувањето на албанци во Голо Брдо и Дебарско Поле: “Жителите (македонски муслимани) на селата Острени, Трново, Клене, Летен, Џепиште, Ербеле, Обоки, Макелари и др. претпочитаат да се кажуваат за арнаути и да говорат арнаутски. Торбешите од с. Раица, најјужно од подримските потурчени села, говорат повеќе арнаутски и се бројат за арнаути. Селата Вичишта, Голеишча и Писанки биле до почетокот на XIX. век македонски, до пред 30 години биле половина македонски, а сега се населени од арнаути. Само во Писанки останаа уште 3 македонски куќи. Арнаутите идат од Горица и од други посеверни места. Уште посилен е притисокот на Поле (дебарко поле). Македонците исчезнале во почетокот на XIX век од северните села, а денес бегаат од сите други села поради страшните уништувања на кои се изложени. Селото Граѓани до скоро било македонско. Арнаутите дошле пред 50 години и сега тие се мнозинство. Има уште 8 македонски куќи, но и тие наскоро ќе бегаат. Македонци имало и до пред 30-35 години во арнаутското село Балании и во турското Коџаџик, но сите избегале. Тој крај е жестоко опустошен од арнаутските полкови на Али Паша, кои го уништија Божји Град во долината на р. Дрим, кон крајот на 18 век. Само во Река арнаутите уште не проникнале и тоа благодарејќи на торбешите од една страна и на фактот, што, тамошните македонски села се големи (види кај Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Населување на Албанците во Гора (Корча), област Мокра- Поградец и Струга
До 19 век, македонските етнички територии се простирале скоро во цела јужна Албанија. Во Гора (Корча) и Мокренската област населението било македонско, православно и поданици на Охридската Архиепископија. Во Кодексот на Охридската Архиепископија од 1761 г. се наоѓа Епископијата Горо-Мокренска и потписот на Горо-Мокренскиот (корчанско-поградечки) Епископ Јоаким (А.Шопов и Г.Стрезов, Кодекс на Охридската патриаршия. Сб.М. X. 569).
Охридскиот анонимен летописец од првата половина на 19 век, бележи две големи пустошења во Гора и Мокра (зап. охридски брег). Во 1805 г. арнаутски полкови ја опљачкале целата околина на Охрид, а во 1821 г. пишува летописецот Охридски за мокренската област “во Мокреница сè се запусти, сето имање го ограбија“ (Охридски летописни бележки, 6,16 / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Васил К`нчов во својата книга за неговото патување низ Македонија од 1900 г. запишува “арнаутски дошљаци од долината на Шкумба го иселуваат македонското население од западните делови на охридско“, селата Фердово и Калиште се поалбанчени целосно, а македонското население се иселува и од селата Лин и Радожда (пак таму).
70 години пред сведоштвата на К`нчов, доктор Муелер, кој патувал по западниот охридски брег на Струга и Поградец во 1837-1828 г., сведочи дека овој брег бил населен со Македонци, но почнале да се доселуваат и Албанци, па запишал дека селото Фердово имало мешано население од Македонци и Албанци, додека селото Калиште било чисто македонско словенско село (D-r Joseph Muller, Albanien, Rumelien und die Osterreich-Montenegrische Granze, Prag, 1844. стр.69). Само 70 години подоцна, на почетокот на 20 век, немало трага од Македонци во тие некогашни чисто македонски села.
До 1870 г. жителите на областа Девол и Корча (денешна јужна Албанија) говореле македонски јазик. Поради албанскиот притисок, првенците на 50 села од овие области се заколнале да не говорат повеќе словенски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат Албанци (Списание "Albania", 15–30 Juni 1898, p. 32.).
Од оваа произлегува дека голем дел од денешните Албанци имаат и македонски корен и дека не постојат чисти етноси и нации.
Превземено од http://makedonskaistorija.blog.com.mk/

No comments:
Post a Comment