Македонскиот грб во трудот на Мавро Орбини “IL Regnio De Gli Slavi“ од 1601 година
Делото на Дубровничкиот историчар, опатот на бенедиктанскиот манастир на Млет, Мавро Орбини, пишувано на Италијански јазик е отпечатено во Пезаро во 1601 година под наслов: “IL Regno De Gni Slavi hoggi corrotamente detti schiavoni“. Ова дело е посебно важно бидејќи претставува прв труд со печатени јужнословенски грбови. Грбовите кај Орбини не се во боја, туку во црно-бел бакрорез.
Македонскиот грб, Орбини го претставува во склоп на општиот јужнословенски грб составен од 9 земски грбови. На овој општ грб одделните земски грбови се многу небржно претставени, притоа без да се води сметка за боите на истите. Па така направени се и две кардинални грешки. Првата грешка е што над грбот напишал: “Regno Arm Di Stefano Nemagna re, et imperadore Di Rassia “, што значело дека Орбини го смета за грб на Стеван Немања. Орбини ја познавал добро српската историја па одтаму и чидно како можел наместо името на Стеван Душан, да го стави името на Стеван Намања. Втората крупна грешка ја направил со тоа што ги измешал и им ги сменил местата на Македонскиот и Бугарскиот грб. Во грбовникот на Кориниќ-Неориќ, како и во Грбовниците направени подоцна, местото на Македонскиот грб во општиот грб по правило се наоѓало во првото горно поле во десниот хералдички агол, а Орбини тука на тоа место го ставил Бугарскиот грб, па така Македонскиот бил ставен на местото од Бугарскиот.
Превземено од Bratot

No comments:
Post a Comment