Краток осврт на историјата на македонскиот народ
Како се декларирале Македонците низ вековите?
Македонскиот народ почнува да се оформува како посебен етникум уште во раното средновековие од два носечки столба: античкото домородно македонско население и од Словените, со нивна фузија во еден етнос.
Византискиот Император, Константин Порфиногенет вели: „цела Македонија и скоро цел Пелопонез се словенизирани“ (Ibid; p.86). Значи, денешните Хелени, можат да полагаат право на континуитет со античките Хелени како и денешниве Македонци со античките Македонци. Историските факти велат дека и цела Елада била словенизирана со исти словенски племиња како и македонските. Само во источен Хелас (денеска погрешно го нарекуваме Грција) останале џепови со автохтоно грчко-ромејско население (Macedonia and Greece - The Struggle to Define a New Balkan Nation, John Shea, McFarland and Company Inc., North Carolina, 1997; p.86 ). Не само Хелада, туку и Епир и Тесалија во 8от век биле целосно словенизирани (Strabonos Epithomatus 8 век, C. Muller, Geographi graeci minores, Paris 1882, p.574). Имаме запис дека само грците од Елада поради аварословенските напади, се иселиле од Хелада (Пелопонес) на блиските острови (On the Chronicle of Nonemvasia see Charanis, op. cit., pp. 147 ff.), а на нивно место се населуваат словени; баш тие, денешните „Хелени“ полагаат право на континуитет со античките Хелени, а нас Македонците на прават чисти Словени!
Елините од 6 век не биле прави Елини, туку мешавина на античките Елини со нивните робови, па затоа тие, започнувајќи од потпаѓањето на елинските државички под римска власт, па се до крајот на 19 век, својата националност ја нарекуваат „Ремеои“, што значи Римјани, а ние ги знаеме како Грци или Византијци. И денеска, тие луѓе ние ги нарекуваме Грци, односно Византијци-Римјани, но не и Елини. Во елинските државички, робовското население било бројно исто колку и слободното, елинското, а во некои преовладувале мнозински и робовите, со состојба Елини да бидат малцинство во својата држава. Робовите најчесто биле Траки, Етиопјани или други афрички народи (The Oxford History of the Classical World, Oxford University Press, 1986). Имаме податок од првиот век од нашата ера, каде Римјаните велат дека тогашните „Елини“, немале ништо елинско во нив, туку биле потомци на робовите на Елините, кои пак биле протерани или убиени, па преовладувало населението кое биле потомок на афричките и тракиските народи (Tiberius Claudius, Roman Emperor and historian, 10 BC - 54 AD, in I Claudius, by Robert Graves).
Нема апсолутно никаков усмен или пишан историски извор, дека античките Македонци мигрирале од Македонија или не дај боже пропаднале во земја, исчезнале. Напротив, нивната крв тече во современите Македонци, било тие тоа да го сакаат или не. Најдобар пример како да го обајсниме словенизирањето и опстојувањето на античките Македонци е, Романија. Тековнава историја не учи дека Словените неколку стотици години живееле зад Карпатите и зад Дунав, на територијата на денешна Романија; но, Романците- наследници на Даките не изумреле, туку уште се живи и живеат во Романија. Така и античките Македонци опстанале, па поради заедничката религија, а со тоа и култура на античкито домородно македонско население и словените, настанала фузирање во еден етникум. Цела Македонија во 7 век е поделена на Склавинии, во кои живеат како новодојденците Словени, така и античкото македонско население и сите заедно го носат името Македонски Склавени. Македонскиот народ се простира и на територијата на соседната Пеонија (северно од денешно Градско), најјужна Дарданија (некогашна долна Мизија), источен Илирик (западна Македонија) и западна Тракија до реката Места (пиринска Македонија), поради тоа што таа територија ја населиле истите „Македонски Словени“. Во западна Тракија, од античко време најбројни биле античките Македонци, кои во зенитот на античка Македонија ја владееле и цела Тракија, а Филип Втори Македонски го изградил градот Филипоп, денешен Пловдив. Целата територија каде што живее македонскиот народ, наречена е по народот кој ја населувал- Македонија. Луѓето што ја негираат македонската нација велат дека Македонците своето име го добиле по територијата што ја населуваат т.е. Македонија, што е фатално за нивната квазитеорија, бидејќи Македонците живеат не само во областите на античка Македонија, туку и во Пеонија, Илирик, Дарданија, Тракија. На тоа становиште е и бугарската историографија, која пиринските Македонци ги учи дека се нарекувале и се нарекуваат Македонци, само поради тоа што живеат на територијата на Македонија; но, пиринска Македонија се наоѓа на територија на некогашна Тракија, па паѓаат во вода негирањето на постоење македонски народ, оти тој дел на Тракија се нарече Македонија по македонците кои живеат таму.
Доказ за тоа е и Солун, градот кој беше најголемо византиско упориште, никогаш не освоен од словенските доселеници, но целосно словенизиран, каде сите негови жители збореле чисто словенски. Во најстарото „Житие на Св. Методиј“ од Анонимус од 9 век, целосно се пренесени зборовите на Михаил Трети (византиски император) упатени до Светите Браќа Солунски: „...вие сте Солуњани, а сите Солуњани чисто словенски зборуваат”. Околу Солун, целата територија на Македонија била поделана на територијални самоуправни книжевства тнр. Склавинии, предводени од Кнезови. Македонија е целата словенизирана, домороднито население го прифати јазикот на новодојдените Словени (Strabonos Epithomatus 8 век, C. Muller, Geographi graeci minores, Paris 1882, p.574 / Ibid; p.86)..Византијците, а најверојатно и сите жители на Склавиниите, вклучувајќи го и словенизираното античко македонско население, почнале да се нарекуваат со едно име- Словени. Сите византиските историски извори од 7 век, па натаму, во Македонија познаваат само една народност- македонски Словени; во нив спаѓаше и античкото македонско население. Новиот македонски етнос е формиран.
Македонските Словени се посебна словенска етничка група и се различни од тнр. бугарски Словени- Антите. Затоа, во почетокот како Словени се познати Македонските Словени, а откако и Србите, Хрватите, Антите (бугарските Словени) итн. го прифатија јазикот и писмото на македонските Словени, почнаа и нив да ги нарекуваат Словени. Еден од најстарите историски извори за македонските Словени е „Животот на Св. Димитрија Солунски“ од 6-от век, каде македонските племиња се прикажани како имаат свои кнежевства, потчинети на византискиот Император и своја локална самоуправа на чело со жупани „Evocatis ex tota provincia principibus (жупани) conventum habuit“; извор:Livius XLV. 29. Од истиот извор дознаваме и кои се најголемите словениски племиња „Sclavenorum gens numero infinito ex Dragobitas, Sagodatis, Belegeretis, Baenitis, Berzitis, reliquisque, quae primum uno ex ligno naves praeparare diciderant“ т.е. Драговити, Сагудати, Велегезити, Венити, Брсјаци... Доказ за посебноста на македонските Словени се нивните здружувања во држави меѓусебе, без да соработуваат или да се здружуваат со нивните соседи, Антите, тнр. бугарски Словени или пак Србите. Можеме да кажеме дека Македонците имале први своја држава, со оформен етникум, народ. Веќе во втората деценија 7от век, во Македонија имаме создавање на примитивна државна формација, составена од обединетите македонски склавинии, кои дури имале и свој крал (рекс) Хатсон на чело на државата (Mirac.,II ,p.1325-1333). За жал, Византијците го убиваат Хатсон и македонската држава без лидер пропаѓа. Педесет години подоцна, во 70те години од 7от век, македонските склавинии прават нов обид за обединување т.е. форирање на држава; овој пат, крал (рекс) на обединетите македонски склавении е Пребонд, но пак Византија го уништува Пребонда и Македонија потпаѓа под Византиска т.е. Ромејска власт (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / “Mirac.,",II,p.4, Tougard, p.148-176). Во 9 век хрониката на Теофанес Конфесор спомнува посебна држава „Склавиниа“ во периодот 657-658 г. на просторот на етничка Македонија (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347). Тогаш имаме постоење на посебна словенска држава на територијата на Македонија, но во 658 г. византискиот император Константин Втори ја уништува Склавинија и пак хрониката на Теофанес Конфесор потоа спомнува само склавинии, но не и држава Склавинија (Ibid., I, 486).
Македонскиот народ како „нацио мацедонум“ за прват е спомнат 1027 г. (9 г. по уништувањето на Самоиловата држава), во трите најважните средновековни документи од историјата на Бари: Annales Barenses, Lupi Protospatharii и Anonymi barensis chronicon. Во сите три документа, покрај македонскиот народ, за прв пат е спомнат во западната историографија и влашкиот народ, а целиот текст гласи: Anno 1027 “descendit in Italiam cum exercitu magno, i.e. Russorum, Guandalorum, Turcorum, Burgarorum, Vlachorum, Macedonum, aliarumque ut caperet Siciliam.'” (Annales Barenses, MGH SS, V, 53). Понатаму, спомнати се и грците (граеци), што јасно укажува дека средновековните автори од Бари на овие документи, не мислеле ниту на географски, ниту на жители од темата Македонија.
Во 12 век, Македонците биле познати како „македонското племе„ т.е. македонска Phatr’a, а византискиот државен функционер и историчар Nicetas Choniates известува дека во 1138 г. византискиот император Јован Втори ја поделил својата војска по етнички групи Phatr’aи, каде се забележани и македонски Phatr’ai (Nicetas Choniates 1 (стр. 29-30))л Во 1184 г. војниците кои ја бранеле Никеја, држеле состаноци по етнички групи phatr’ai (ibid., 284-5).
Уште еден историски извор, византскиот сатиричар Тимарион го опишува празникот Св. Димитрија, патронот на Солин: „тоа е голема Македонска прослава, на која не се собира само македонскиот народ, туку и луѓе од сите сорти и правци: Ромеи (Грци) од Елада, Мизијските (архаичен израз за бугарите) племиња (Vizantiiski Vremenik, Moscow VI 1953, str. 367). Во тоа време, Македонија била византиска тема Бугарија, права Бугарија била византиска тема Парастрион-Мизија, а тема Македонија била источна Тракија; авторот на текстот говори за етничките Македонците од Солун, оти територијални Македонци се наоѓаат во Тракија, темата Македонија. Обично во тоа време, официјалните византиски лица, своите поданици ги нарекувале територијално, по темата каде што живееле, па така вистинските Бугарите ги именуваа како Мизијци-Паристрионци, додека пак Македонците, Власите, и дел од Србите и Албанците ги именуваа како Бугари, а словенизираните Траки и сите останати од Тракија, како Македонци. Ова византиско именување на своите поданици по теми го користат Бугарите за да докажат дека денешните Македонци се Бугари, но забораваат да кажат дека права, денешна Бугарија не била тема Бугарија, ами Паристрион или Мизија, па по нивна логика денешните Бугари се Мизијци-Паристрионци (поддунавци), но не и Бугари. Во 14 век, од страна на српската средновековна држава, Македонија е наречена Романија, а Македонците политички се наречени Романи (Грци, Византијци), па дали тоа значи дека сме Грци? Самите Солунчани себеси се нарекувале Македонци, па Јован Каменијат, поет солунски во 904 г. при опсадата на Арабјаните на Солун, за својот роден град вели: „великиот и првиот град на Македонците“ (J.K. Begunov, Kozma Prezviter v slavjanskih literaturah, Sofia 1976, p. 297). Несомнено, во средновековието Солун бил „метрополис на Македонците„ (Ephraimi Chronologici caesares; Ed. J.P. Migne - PG 143 , Paris 1891, p.198), а „сите солунчани чисто словенски говореле“ (најстаро „Житие на Св. Методија„, Анонимус, 9 век).
Најголем од книжнината од Македонија е уништена за време на турските освојувања на Балканите, а дел и однесена од бугарски, српски, руски и грчки учени, пред се во 19 век. Така што имаме многу малку сочувана автентична книжнина од Македонија и оригинални извори.
За прв пат декларирање како Македонци по род е забележано е во записите на Охридската Архиепископија од 13 век, што не значи дека и порано немало декларирање македонска националност. Тука имаме и запис од Иван Иерекар од селото Власто (денска Велестово) „по род Македонец“ (J. Pitra, Analecta sacra et classica specilegio Solesmensi parta, t. VI Juris ecclesiastici graecorum selecta paralipomena). Parissis et Romae 1891, col. 315. Во 1891 г., католичкиот Cardinal J. Pitra објавил 155 документи од Охридската Архиепископија, кога била дел од Епирската држава, од времето на Архиепископот Demetrius Homatian (1216-1235), каде што Македонците се спомнати преку 50 пати и се забележува дека тогашните Македонци се изјаснувале по народност како Македонци „To de genos Elkon ek Makedonon“ (D. Angelov, Prinot KJM Narodostite i Pozemleni Otnoshenja vo Makedonija pp. 11-12 et. seq.; 43). Ангелов, како бугарски историчар ја застапува теоријата дека Македонците се нарекувале така по територијата која ја населувале, но како историчар тоа негово тврдење е ступидно. Во тоа време, Охрид припаѓал на Епирското Царство и логично би било тие територијално да се наречат Епирци, но во Епир, како што покажуваат историските извори во 13 век живееле Македонци и така се наречени . Порано, Охрид припаѓал на Илирик, не на Македонија, освен за време на Самолиловото Царство, а подоцна потпаѓа под византиска тема Бугарија; територијалните имиња на Македонците се Бугари, Епирјани, Илири.
Најмногу информации имаме за Македонците кои од турските зулуми бегале во најблиските христијански земји, пред се’ Австро-Унгарија. За време на карпошовото востание во Македонија, во 1669 г. заедно со австриската војска се повлекува голема група Македонци, од сите делови на Македонија во Австрија, каде што често биле напаѓани од австриските военополициски сили. За да ја подобрат својата состојба во Австрија, Македонците пошле при Леополд Први, Император Австриски, барајќи заштита за пребеганиот македонски народ; македонскиот народ го представувале двајца Македонци, Краида од Кожани и Поповиќ од Солун, кои и се декларирале официјално како Македонци, па Леополд Први на 26.04.1690 г. издава заштитна нота за македонскиот народ „gens Macedonica“ (Ј.Ронић, Прилози за историју Срба у Угарској у XVI, XVII и XVIII веку. Прва књига. Књ. Матица српске, бр. 25 и 26. Нови Сад 1908, стр. 52-53).
Австрија, започнала со притисоци за католизација на Македонците, па заради тоа тие бегаат во православна Русија. Многу руски документи од 17 и 18 век говорат за населување на Македонци во Руските краишта. Зачувана е молбата од Македонскиот Народ до царска Русија, за нивно населување во Русија (Полное собрание Россiйской имперiи съ 1649 года , Томъ XIII, С. Петербургь 1830), а на 24.12.1751 г. руската царица Елизабета Петровна со Указ го дозволува населувањето на Србохорватите, Македонците, Бугарите, Власите и другите православни народи во Русија и да формираат свои полкови (Петъръ Кеппенъ, Хронологическiй указатель матерiаловъ для исторiи инородцевъ европейской Росiи, Санктпетербургъ 1864 г. ).
Македонскиот полк е формиран 1752 г. од страна на Иван Хорват, кој се декларирал како Влав, но сите останати од полкот биле Македонци, со униформа во македонските национални бои: жолта и црвена (Скальковски, Хронологическое обозърнiе исторiи Новороссiйскaга края, 1731-1823, I, Оддеса 1836). Зачувани се списоците со имињата на македонските војници од македонскиот полк, со нивни податоци kako место на раѓање, брачна состојба и нивно изјаснување по националност; сите од нив се изјасниле како припадници на македонската нација ( Централний державний исторический архив УРСР - Киев фонд 1413, опис 1, зб. 6/1756).
Македонците кои бегале по Војводина, најчесто се населувале во најблиските погранични градови со турската империја: Земун и Панчево. По црквите во Земунскиот Магистрат, сочувани се изводите од матичните книги на родените и умрените од 18 век, каде иселениците од Македонија, се изјаснувале по националност како Македонци. Всушност, во тнр. протоколи од матичните книги на родените и умрените, за секое новородено дете или починат човек требало да се напише и националноста, при што многу честа е и националноста Македонци, за луѓето со словенски имиња и презимиња, кои потекнувале од сите краишта на етничка Македонија. (Извори: ИАБ, ЗМ = Историјски архив Београда, Земунски магистрат (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи I = Протоколи матичних књига рођених и крштених Цркве Св. Николаја, Земун (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи 1а = Протоколи матичних књига рођених и крштених цркве Рождества Св. Богородице, Земун (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи II = Протоколи матичних књига венчаних цркве Св. Николаја (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи III = Протоколи матичних књига умрлих цркве Св. Николаја (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи III а = Протоколи матичних књига умрлих цркве Рождества Богородице, Земун). Според документите од Земунскиот Магистрат, покрај Македонците, се населувале и бегалци кои по националност се изјаснувале како Власи, Куцовласи, Цинцари, Грци и Бугари.
Дури и Македонците од пограничните места во 19 век имале македонска народна свест. Во Крива Паланка, град на тромеѓето Македонија-Србија-Бугарија, сочувани се записи на повеќе свештеници од тој период по кривопаланечките цркви, кои, за да ја зачуваат својата македонска националност почнале да носат презимиња „Македонски“; не само тие, туку забележани се и првенци од Кр. Паланка со презиме Македонски. Отец Ѓеорѓија Македонски во 1846 г. забележал: “..ја научив словенската азбука од татко ми Македонски, кој така се нарекува оти сме Македонци...“(Georgija Makedonski, Bogosluzhbena kniga "Opshti minej" - vo crkvata vo s. Radibush, Kriva Palanka, posledna nepagirana stranica). Отец Димитрија од с. Огут пак во свој запис од 1865 г. од кривопаланечка црква пишува: „во летото господово 1848, првенците на градот Крива Паланка ме вработија како свештеник против волјата на Неговата Светост, грчкиот свештеник Кир Гаврил. Господин Микхаил Македонски се залагаше најмногу за моете назначување, бидејќи сум Македонец по род...“(Zapis vo knigata Zitie Svetih vo Krivopalaneckata crkva. Pretposledna nepagirana strana).
Неколку години подоцна, забележано е групно изјаснување на македонска националност од документацијата на Кресненското Востание, 1878 г. По “Устав на Македонскиот Револуционерен Комитет“ на Кресненското востание. По уставот, во востанието можел да учествува секој кој се чувствува за Македонец (член 2), за ослободување на Македонија (член 4). Ова востание избувнува во источна Македонија, Малешевијата, на границата со права Бугарија, токму во периодот на формирање на бугарската држава 1878 г.. Македонската национална идеја е присутна: ослободување на цела Македонија и формирање една држава; востанието требало да се прошири во сите делови на Македонија (Член 125), а биле формирани чети во Костур, Тетово, Скопје, Горна Џумаја, Велешките области (Член 130); што е ова, ако не веќе оформен народ, кој се сметал за едно исто, без разлика дали потекнува од источна, западна, јужна или северна Македонија? Во член 15 од уставот се спомнуваат и националностите во Македонија: христијани и муслимани Македонци, Турци, Албанци, Власи и сите останати...; за бугарите се вели дека се само словенски браќа (чл. 186), но биле непријателски настроени кон востанието, член 132 (1878, Private library of the Bulgarian patriarch Kiril. Archive division. Item 2341. Archive unit 50, folio 30-61). Зачуван е и допис од македонската емиграција од Tuin Severin- Романија до организаторите на Кресненското Востание, каде што македонските емигранти меѓу другото истакнуваат: „да се дигнеме сите Македонци против нашите НЕПРИЈАТЕЛИ и да је пролееме крвта за нашето ослободување, за да види цела Европа дека сме НАРОД достоен да ја прими слободата...со наша Администрација (управа)...(Български Патриярх Кирил, Съпротивата срещу Берлинския договор, стр. 158-159, София, 1955 г.).
Во ова време, Македонија е мета на бугарската и грчката пропаганда, за нешто подоцна да се јави и српската пропаганда, кои од Македонците сакаа да направат Бугари, Грци и Срби. Делумно, во тоа и успеаа. Антимакедонските пропагатори ни презентираат книги од странски патеписци кои нашле Срби, Грци и Бугари во Македонија; многу од нив никогаш и не ја посетил Македонија. Никој од пропагаторите не нашол историски извор каде стои дека некој патеписец разговарал со Македонци и тие рекле дека се друга националност, а не македонска. Но, затоа сите оние кои биле во Македонија и дискутирале со Македонците за нивната народност, тврдат дека во Македонија живеат Македонци.
Најрано започнува руската пропаганда, уште во 40те години на 19 век, чија цел била создавање голема Бугарија, која потоа би станала само една руска колонија и целосно управувана од Русија. Во голема Бугарија, требало да влезе и Македонија, а за сето тоа да биде на доброволна база морале да се фабрикуваат синтетички Бугари во Македонија. Во тоа време, во Македонија немало никакво бугарско национално чувство. Затоа, русите почнуваат да го неметнуваат термиот бугар како општословенски, за што постајат многу историски извори. Рускиот конзул во Солун, ги наговарал богатите македонски семејства (пред се Робевци (власи) и Лазаревци од Битола) да се декларираат како Бугари, за нивиот пример да го следат и останатите Македонци (Офейков, Материали за българското възраждание в Македония, София 1885 г., стр. 441). Во истото дело, Офејков пишува за рускиот конзул во Варна, Рачински кој работел на создавање Бугари во Македонија, па во Москва обезбедил стипендии за „две македонски момчета“, а тоа биле Константин Миладинов и Рајко Жинзифов, со цел нивна бугаризација.
Русија не застанала само на тоа. Почнала се повеќе Македонци да испраќа на бесплатно школување во Русија. На 30.08.1842 г. руската влада дава стипендии на двајца Македонци кои студирале во Атина; еден од нив е Партенија Зографски (Филип Томов, "Живот и дейност на Хаджи Партения". Мак. Пр. Х. 1,2, стр. 35). Подоцна, Партенија Зографски како дојрански митрополит е жесток противник на бугарската егзархија и својата епархија ја става во унија со Ватикан.
Цела Македонија ја крстосувале руски тајни агенти; толку многу биле зафатени со убедување на Македонците да се приклучат кон бугарската држава, при што се забележани и вакви сведоштва за нивните убедувања упатени кон Македонците „ако останете надвор од Бугарија, вашата земја (Македонија) ќе биде полоша од она што беше порано, но ако се приклучите кон нас и нашата кауза, ќе ги добиете сите добра кои произлегуваат силно кралство, под руска заштита (Edward B. Barker British Museum, London, Dmss Layard Papers, Vol. LXXXIX Addd. 39.019, 186-187).
Но, бугаризацијата и елинизацијата на Македонците немале голем успех. Македонскиот учен Кушев вели дека „не можат целосно од корен да ги сменат чувствата на Македонците дека се Македонци“ (вестник "Maкeдонiя" Истанбул, Nbr. I, од 01/28/1867).
Бугарскиот социјалист, Георги Бакалов, за националност на Македонците вели „во селата во Македонија, ако сретнеш селанец што говори словенски и припаѓа на православната религија...деветорица од десет од овие луѓе и покрај што се предмет на пропагандите на трите соседни држави, ќе ви одговорат на прашањето што се понационалност, дека се МАКЕДОНЦИ“ (Георги Бакалов, "Претендентите на Македония", стр. 22, Варна 1890 г.).
Атанас Б. Шопов, секретар на бугарскиот Егзарх и шпиун во Македонија за националното чувство на Македонците во 1885 г. пренесува: „Па дури ни денес, во 1885 година кога Европа би побарала македонското население да се определи и да каже на која народност и припаѓа, уверени сме, дека поголем дел од Македонија ќе ни летне од раце, со исклучок на две - три околии од северна Македонија . Сите други Македонци се готови да дадат каков сакаш пишан документ дека тие не се Бугари.....” (Офейков (Атанас Б. Шопов ), „Македония въ време на хилядагодишнината на св. Методий“, Пловдив, 1885 г., стр. 109-110). Да не заборавиме дека тогаш, во Македонија спаѓале и делови на денешна јужна Србија. Шопов се осврнува на две пропаганди во Македонија: грчката и австриската, за која прв пат слушаме од него, додека српската пропаганда целосно ја игнорира, најверојатно не била толку експонирана. Под австриската пропаганда, всушност мисли на католицизирањето на источните Македонци од Пиринско и Егејско, кои да ја одбранат својата македонска народност од Патријаршијата и Егзархијата, влегувале во Унија со Ватикан. Еден од унијатските владики е и познатиот Партенија Зографски, папски егзарх во дојранската митрополија. Според секретарот на бугарскиот Егзарх, најголемиот број од Македонците во 1885 г. биле патријаршисти (барем тој така тврди) и се спротиставувале на бугарската Егзархија.
Стефан Веркович, босанец кој себеси се изјаснувал како србо-хрват, во неговата „Веда Словена“,со собрани народни преданија, легенди и песни од Неврокопско, Пиринска Македонија, за Македонците вели дека се наследници на антиките Македонци, Траки и Илири и дека македонскиот фолклор е целосно посветен на античките народи (Стефан Веркович, цит. дело, стр. 152). За ова дело Веркович е награден во Русија, по што по налог на руските власти, името на собраните фоклорни дела од Македонија „Веда Словена“ се менува во „Народне песме македонских бугара“.
За Веркович, народните преданија, легенди и песни ги собира неврокопскиот учител Гологанов, брат на скопскиот митрополит Теодосиј Гологанов, роден неврокопчанец (пиринско) и голем македонски патриот и преродбеник. Иако митрополит на бугарската Егзархија во Македонија, тој е жесток противник на оваа црковна формација и бугаризацијата што ја спроведувала во Македонија. Митрополит Гологанов пишува „Бугарите ја вршат најмизерната работа, го негираат Македонското име и јазик и го заменуваат со ново (бугарско), со цел бугарските господари да се прошират на туѓи територии...тоа е ново ропство, потешко од турското..турците го убиваат телото, а не духот ...Егзархијата го убива сето тоа подоцна...ние Македонците не страдаме толку од Турците, како од Грците, Бугарите и Србите кои како сакаат како волци да ја разделат намачената македонска земја...Ние македонските духовници по потекло, треба да се обединиме и да го разбудиме народот, да се отфрли странската власт, да се отфрлат дури и Патријаршијата и Егзархијата и духовно да се обединат под закрилата на Охридската Архиепископија, единствената вистинска Мајка Црква“ (Юни 22, 1891 г. Теодосий Скопски, "Централен Държавен исторически архив" (София) 176, oп. 1. aрх. eд. 595, l.5-42 - Razgledi, X/8 (1968), p.996-1000).
На 01.12.1891 г. Теодосиј оди на радикален чекор, само за да го спаси македонскиот народ од Бугарите и Грците, па бара Унија со Римокатоличката Црква. Во неговото барање за унија со Ватикан до Папата Лео XIII, Митрополитот Скопски образложува: „во името на целиот македонски православен народ...историското право на македонски православен народ да се ослободи од јуриздикцијата на странските цркви- бугарската Егзархија и цариградската Патријаршија...да се обнови Охридската Архиепископија...границите на Охридската Архиепископија треба да ги потврдат сегашните граници на Македонија (Archivio della S. Congregazione de Propaganda Fide - Roma: Indice della Potenza - Marzo 1892-93, Somm.XV, f.132-141). По ваквата промакедонска борба, На 11 Март 1892 г., Митрополитот Скопски Гологанов е сменет од функцијата и бугарски тајни агенти го притвараат и го носат во заточение во манастир во Бугрија (Archivio della S. Congregazione de propagande fide – Marzo 1892-93, Somm. XV, f. 132-141). За жал, денеска бугарската историографија отец Гологанов го направија блгарин, па дури ќе најдете информации по бугарски книги дека тој станал и член на Бугарската Академија на Науките 1910 г.; воедно, под закана за физичка ликвидација бил и принудуван да потпишува текстови со пробугарска содржина, исто како и Мисирков.
Бугарската Егзархија со циркуларното писмо бр. 1278 од 05.09.1908 г., испратено до сите егзархиски учители и свештеници во Македојнија, бара од сите нив „да ги избришат сите белези на македонската индивидуалност“. И сега некој од Бугарија ни соли памет дека нашите дедовци се чувствувале Бугари, а всушност, пред стотина години, нивните пак дедовци се труделе да ги булгаризираат нашите дедовци.
За националните чувства на Македонците од 19 век пишувале и бугарските весници. Oфицијалниот владин весник „Свобода“ 13.04.1892 за дејноста на македонската книжевна дружина „Лозарите“, предводена од еден од лидерите на ВМРО и составувачот на нејзиниот устав, г. Петар Поп-Арсов, пишува:
"... Македонската дружина смета дека нивната татковина е Македонија, населена со одделно словенско племе наречено Македонци, дека таму се собрале севозможни надворешни елементи , т.е. Бугари, Грци, Срби...дека целта им е да ни дадат еден силен отпор и да се зачуваат од нашите разбојнички посегања и дека Лоза ќе и служи на таа цел! Како ви се бендисува? " (автор Д.Т. Левов, наслов "Лоза", вестник „Свобода“ бр. 6/786, Софија. 13.04. 1892).
Од крајот на 19 век г-ѓа Пенелопа, Гркиња во својата книга "Тајните на мочуриштата" за Македонците вели: "нивниот јазик беше ист, македонскитички...нивната национална свест беше само македонистичка, но кога Бугарите ја прогласија својата црковна независност (1870 г.) ... Македонија се подели на патријаршисти Грци и егзархисти Бугари, при што луѓето од едно населено место, па дури и од исти фамилии се делеа на две партии" ("Тајните на мочуриштата" , стр. 44).
Сведоци за постоење македонска национална свест се и извештаите на странските разузнувачки служби во Македонија. Во 1923 г. италијанскиот генерал Телини, учествувал при разграничувањето на Грција и Албанија, при што изготвил извештај за 18 македонски села во Албанија и ги представува како македонски, иако бугарскиот воен аташе во Цариград во тоа време, ген. Марков, преку италијанскиот висок комесаријат во Цариград инсистирал селата да бидат окарактеризирани исклучиво како бугарски. За ова ген. Телини сведочи: „при карактеризирањето на овие села, нарочно го користев општиот апелатив македонски, а не бугарски, бидејќи насекаде, кога жителите ги прашував за нивната националност, сите тие еднакво одговараа со зборот Македон, а кога ќе додадев Бугар, тие одговараа Македон. Јазикот кој тие го говорат....е познат под името македонско наречје...“(IDA MNRI, Документ 10628/1461 (документ бр. 103). Истовремено, високиот комесар на Италија во Цариград го информира италијанскиот Министер за Надворешни работи, г. Мусолини, со писмо од 18.09.1923 г. за македонските села во Албанија каде се вели „...селата за кои наведениот генерал (бугарскиот ген. Марков) се интересира и од самите жители се нарекуваат македонски, а не бугарски“ (IDA MNRI, папка 712 (Албанија 1919-30); DARM, KC 21, стр. 712, предмет број 3; превод од италијански јазик). Многу од патеписците кои поминале низ Македонија биле и погрешно информирани за македонските состојби, пред се од Грците кои биле пообразуваниот слој на Балканите во тоа време и главно ги прателе странците на нивните патувања низ регионов. Во 1907 г. Allen Upward ја посетил Македонија и зборувал со македонски селани. На прашањето што тој го упатил кон македонските селани кој јазик го користат, селаните одговориле „македонски“, но неговиот грчки преведувач „македонски“ го превел со „булгаре“. За ова, Allen Upward сведочи: „селанецот не го смета својот рурален дијалект користен во Македонија ист со бугарскиот и одби да го нарече со тоа име...“ (Allen Upward, The East End of Europe, London 1908, pp. 204-205).
Докази за постоење Македонска свест ни даваат и други странски служби, кои биле присутни во сите три дела на Македонија. Во 1923 г. британскиот полковник Corfe бил меѓу Македонците во егејска Македонија и запишува дека на секое негово прашање што се Македонците по националност, сите тие одговарале „...ние сме Македонци, не сме Грци или Бугари..“ (FO371/8566). Централата на Британското Министерство за Надворешни Работи во таен Извештај од 1912 г. за македонското прашање, Македонците ги класифицира како посебна националност „Македонски Словени“, а не како Бугари, Грци или Срби и како „најголема етничка група во отоманска Македонија“ (FO371/10667, Central Department, Memorandum, "The Macedonian Question and Komitaji Activity," 26 November 1925. It gave the following figures: Macedonian Slavs 1,150,000; Turks 400,000; Greeks 300,000; Vlachs 200,000; Albanians 120,000;Jews 100,000; Gypsies 10,000 ).
R.A. Gallop, трет секретар на британската амбасада во Лондон предстојувал во април 1926 г. во Македонија и во својот рапорт до Британското Министерство за Надворешни Работи известил „..Македонските Словени...сите оние кои ги сретнав еднакво се нарекуваат само Македонци, а не Бугари или Срби... (FO371/11405, Kennard (Belgrade) to A. Chamberlain, 21 April 1926, Enclosure, R.A. Gallop, "Conditions in Macedonia," 19 April 1926,1.). Понатаму за националната свест на Македонците, Галоп вели: „Македонските Словени се сметаат себеси за Македонци и така и се изјаснуваат“ (FO371/11337, Enclosure, 23 April 1926). Oliver C. Harvey од Британското Министерство за Надворешни Работи во исто време ја посетува вардарска Македонија па запишува „словенофонското население во српска Македонија, дефинитивно се смета за ралично од Србите. Ако ги прашаш за нивната националност, одговараат дека се Македонци и дека зборуваат македонски дијалект. Ниту пак се идентификуваат со Бугарите...“ (FO371/11245, 2.). Истиот Harvey, воедно врши и обиколка на западна егејска Македонија, па за егејските Македонци вели дека и тие „се нарекуваат Македонци“( Ibid., p.3. ). И британскиот дипломат во Софија, Sperling, во 1928 г. репорита дека Македонците се чувствувале исклучиво како Македонци и дека себеси се нарекувале Македонци, а не Бугари или Срби, па ја разгледува можноста за автономија на Македонија (Ibid., Sperling (Sofia) to Sargent, 10 October 1928).
Прогрчки настроениот британски дипломат C.H. Bateman, и покрај тоа што „македонските словени„ се сметале за Македонци и се изјаснувале како такви, се залагал да им се даде ново име „Славо-Македонци“ оти тоа име повеќе би им одговарало (ibid., C.H. Bateman, Minute, 18 October 1928).
На основа на долга дебата и извештаите на агентите и дипломатите на Британското Министерство за Надворешни Работи кои се запознати со македонското прашање и биле во директен контакт со Македонците, Централата на Форин Офисот во 1929 г. издаде нов Меморандум за Македонското прашање, каде Македонците пак ги признаваат за посебен народ, дека не се ниту Срби ниту Бугари (FO371/13573, Central Department, Memorandum, "The Macedonian Question and Komitaji Activity," 6 December 1929, 9 pp., FO371/14317, Central Department, Memorandum, "The Origins of the Macedonian Revolutionary Organization and Its History Since the Great War," 1 July 1930,16 pp. , Ibid., 9. ).
Сепак, официјален Лондон се борел против официјалното признавање на македонската нација, а пред се признавањето на макдонската посебност од страната на Лигата на Народите, бидејќи со тоа се загрозувала стабилноста на Балканите, пред се’ поради барањето на Македонците да живеат во обединета Македонија, со делови од тогашни Србија, Бугарија, Албанија и Грција (Ibid., стр. 15, 16).
Врзано за активноста на врховистичката ВМРО и дејноста на Ванчо Михајлов, британските дипломати и тајни агенти во Бугарија истакнуваат дека тој, заедно со Врховистите НЕ се борат за ослободување на Македонија, туку се орудие на фашистичкиот бугарски режим и ја користат хрвовистичката ВМРО како единствена сила за угнетувањето на Македонците во Бугарија (FO371/57473, Waterlow (Sofia) to Simon, 5 February 1932. According to the assistant to the Bishop of Nevrokop, one of the major centers of Pirin Macedonia, "The Revolutionary Organization itself was split by a growing Communist current, … aiming at the liberation of Macedonia by the bolshevisation of the Balkans, while the local population was in its turn divided, about half being for the organization and half against, and the hostile half being largely Communist in feeling (FO371/15896, Waterlow [Sofia] to Simon, 22 June 1932; see also FO371/19486, Bentinck [Sofia] to Hoare, 16 September 1935 and 26 September 1935). Поради пробугарската политика на Врховистите, британските дипломати во Бугарија во 30те години на 20 век известуваат дека македонските братства и друштва во Бугарија се повеќе се свртувале кон комунизмот, исто како и Македонците од вардарско, егејско и од Албанија (FO371/19486. Bentinck (Sofia) to Hoare, 26 September 1935). Тогаш, била се повеќе присутна желбата сите Македонци да се обединат во една држава (FO371/16651). Комунистите со ветувањата за национална слобода на Македонците, привлекувале се повеќе и повеќе Македонци во своите редови, известуваат британските Агенти во Македонија (FO371/24880, Rendel (Sofia)to F.O., 15 August 1940). Македонците гледале единствен спас во Русија, од која се надевале дека ќе им даде посебна македонска република (FO371/24880, Rendel (Sofia) to Nichols, 25 August 1940. George L. Clutton of the Foreign Office described the Macedonians as "discontented peasants who are anti-Jugoslav, anti-Greek, anti-Bulgarian, anti-German, and anti everything except possibly anti-Russian" (FO371/24880, Campbell [Belgrade] to F.O., 4 September 1940, G.L. Clutton, Minute, 10 September 1940). Вицеконзулот на Британија во Скопје, г-н Томас до бристанската амбасада во Белград во 1941 г. во својот извештај вели дека 90% од Македонците во вардарска Македонија биле автономисти, за посебна автономна Македонија (FO371/29785, Campbell (Belgrade) to Halifax, 6 January 1941, Enclosure, "Report on the General Situation in Southern Serbia by Mr. Thomas, British Vice-Consul at Skoplje."). Водно, голема благодарност на др. Andrew Rossos за презентирањето на овие документи за македонската нација.
Факсимили од ракописот на Антон Попов ,,Млада Македонија,,
Антон Попов (1915-1941), Македонец од Пиринска Македонија за Бугарите, Србите и Грците, но и за македонскиот патриотизам меѓу двете светски војни пишува:
„Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари...Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа. Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух-не беше признат.
Историјата на човештвото е полна со неправди...
...Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име,- да не го признаваат правото на македонскиот народ да биде господар и чувар на својата родна земја?... Кој ги поттикнува нивните свирепи мерки, нивното цврсто решение? Кој ги поддржува и оправдува нивните настојувања-плен на угнетување да бидат нивните славјански браќа? (Извор: Антон Попов ,,Дневник,, : Млада Македонија, 1938 г.).
За потсетување, бугарската, грчката и српската историографија велат дека македонската национална свест не постоела пред 1944 г., но како што сведочат самите македонски патриоти, македонската национална свест била длабоко вкоренета во Македонците, која поробувачите на Македонија се обидувале да ја искоренат.
Како што гледаме од документацијата на монархистичка Британија, македонско национално чувство во Македонија постоело одамна и не се вистинити тврдењата на антимакедонците дека Македонците ги создала Коминтерната 1934 г. Самата Британија, која секогаш била далеку од комунизмот, Македонците ги има признаено како посебен народ децении пред Коминтерната, базирајќи се на чувствата и изјаснувањето на самите Македонци како Македонци. Со ова целосно паѓа лажниот мит на шовинистилите тврдења на нашите соседи дека Македонците се комунистичка нација, без свое минато.
Превземено од http://makedonskaistorija.blog.com.mk/

No comments:
Post a Comment