June 6, 2009

Лагите на бугаризмот 17

Лагите на бугаризмот 17

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Странските патеписци наоѓале етнички бугари во Македонија од средниот век до 19 век

Бугарската и српската пропаганда машинерија, за да докажат Срби и Бугари во Македонија, се користат со неточни и погрешни записи на странски патеписци и хроничари за Македонија, иако најголем дел од нив никогаш не поминале низ Македонија и не разговарале со нејзините жители.

Од 972 г. бугарската држава не постои и територијата на Бугарија е поделена на повеќе административни единици тнр. Теми. Но, за да ги асимилира различните етникуми во својата држава, Византија ги менува имињата на окупираните територии; така, територијата на Тракија станува тема Македонија, територијата на Македонија, Црна Гора, Албанија, сегашна Србија и некогашна Панонија до Срем, стануваат тема Бугарија (Воулгариа), а територијата на права Бугарија станува тема Паристрион, а жителите Паристрионци (Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'État des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers témoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbücher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchés byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 101). Така, Тракијците во византиските извори ги нарекуваа Македонци, Македонците, Србите, Албанците, Власите кои живееја во темата Воулгарија ги нарекуваат Бугари, Бугарите ги нарекуваа Мизи или Паристрионци итн.


Мапа на Темите во Византија 1025 г., Македонија со Србија се тема Бугарија, па затоа Византијците од 10 век ги нарекуваат Македонците (и Србите) Бугари, односно жители на темата Бугарија. Денешна Бугарија е тема Паристрион, а јужна Бугарија - Тракија е тема Македонија, па сите жители од географска Тракија, а тема Македонија, се наречени Македонци, а оние од Паристрион- Мизи, Паристрионци. Ако Македонците во 10 век биле Бугари, следува дека денешниве Бугари не се Бугари оти не се наречени Бугари после 972 г., туку Византијците ги нарекуваат Македонци и Паристрионци- Мизијци, според темите на кои припаѓаат.

Така, по византискита книжнина, Македонците ги нарекуваат Бугари, по територијата каде што живеат- тема Бугарија, а пак Македонци за Византија се луѓето од темата Македонија (околу Одрин-Едрене), пред се словенизирани Траки, Евреи, Ерменци, Ромеи-Грци, итн. Затоа, многу од подоцнежните писатели, хроничари и патеписци за Макединија и останатите територии од темата Бугарија, го користат терминот Бугари и согласно со тоа, наоѓаат Бугари во Македонија. Но, истите тие кои се служат со тематската поделба од Византија, Македонци лоцираат во источна Тракија, каде што некогаш била византиската тема Македонија. Некои пак, Македонија ја представуваат како Србија, мислејќи на Душановото Царство, чие седиште било во Македонија. Османлиите, ја имаат наследено византиската традиција на поимот бугар, па сите Словени во Османлиското Царство ги нарекувале Бугари (Friedman 1975, str. 84).

Еве, уште еден пример дека и Босанциtе биле „Бугари“; во 16 век, ерменецот Симеон Лехаци патува низ Турција, азијска и европска; посетувајќи ја Босна и Сарајево, вели дека сите луѓе таму се Бугари и зборат „болгарски“, а нивните села ги нарекува „болгарски села“ (Симеон Лехаци, Путевые заметки, хроника и памятные записи; изучил и опубликовал Нерсес Акинян, Вена, 1936). Зарем Босанците се Бугари?

Да не должам многу, во овој контекст ќе го спомнам Евлија Челеби, познатиот турски патеписец, само да се докаже дека ја користи тематската поделба на Византија, но пак прави многу грешки, всушност каша-попара, што би рекол народот. И тој, Босанците ги окарактеризира како Бугари. Во своите записи за Босна, Евлија Челеби како бугарски градови ги представува Сарајево, Сребреница и Рача (на устието на Дрина во Сава), со жители Бугари (Glasnik zemaljskog muzeja u Bosni i Hercegovini, XX, 1908, str 184,186, 304,305,310,338). Бугари, наоѓа и низ Србија и Македонија, но Македонци лоцира во Тракија, а за него најголеми македонски градови се Пловдив и Солун (Ibid. 410; 418; 423; 423-424; 424; 427-428 и 430-431; 432; 436; 442; 450-451; 454; 455; 456; 466; 468; 482-483; 518 и 582). Бугарските пропагандисти пак, само презентираат пишанија од Челеби за Македонија, каде што тој наоѓа Бугари, но ги „забораваат“ Бугарите од Босна и Србија, како и Македонците од Тракија, оти сосема е јасно, дека скоро сите патеписци, своите „податоци“ ги треселе од рака или користеле не етничка, туку византиска поделба на луѓето по теми. Ако бугарската историографија, ја презентира целата вистинска документација на Челеби, кој наоѓа Бугари и во Србија, Босна и Македонија, ќе падне во вода нивната пропаганда дека Македонците се Бугари.
Случај Василиј Втори Македонецот- Бугароубиецот

Најубаво ќе ја разбереме византиската терминологија на луѓето по теми, ако го разгледаме случајот со византискиот император Василиј Втори Македонецот, Бугароубиецот. Василиј Втори Македонецот припаѓа на лозата на Македонците, чиј родоначенлик е Василиј Први, по потекло Ерменец, од ерменска фамилија или мешано словеноерменска, која стотина години живеела во Адријанопол-Едрене, и, поради тоа што е роден (811 г.) во тема Македонија, во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија Македонци - „Македонос“ (Извори: 1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155 / 2. "Basil I." Encyclopædia Britannica. 2005. / 3. Abstracts from the International Conference ARMENIAN CONSTANTINOPLE organized by R.G. Hovannisian, UCLA, May 19-20, 2001, UNIVERSITY OF CALIFORNIA, LOS ANGELES, DICKSON AUDITORIUM). Така, Ерменците и сите останати националности што живееја во темата Македонија (историски Тракија) станаа по византиските книги Македонци, а Македонците оти живееја во тема Бугарија станаа Бугари. Василиј Втори Македонецот е најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 г. кај Беласица, Василиј Втори Македонецот ја победува македонската армија на Самоил, каде убива неколку илјади македонски војници. По оваа битка, Василиј Втори Македонецот од страна на византиските хроничари е наречен Бугароубиецот т.е. убиец на жители од темата Бугарија, а не етнички Бугари.

Но, Бугарите забораваат дека во средновековната српска држава, во чиј состав влегува и Македонија, не се забележани Бугари. Тогаш, средновековните Срби не крстиле нас Македонците со ново политичко име- Грци, односно Ромеи. Од друга пак страна, националистичките српски кругови пропагираат дека во нивната средновековна држава се спомнуваат само Грци (Византијци) и Срби, па според тоа Македонците биле Срби. И овие Срби, „забораваат“ да спомнат дека Македонците се наречени Ромеи, Грци (Византијци), а Македонија ја нарекле Романија (Византија) и целосно ги одвоиле од „србље“. Српската националистичка пропаганда тврди дека во нивната средновековна држава се населиле српски доселеници, па настанала србизација на Македонија. Секако, ништо од тоа не е точно. Сите српски средновековни документи велат, дека во Македонија немало Срби, а сите Македонци се наречени политички Грци, Византијци. Затоа, подолу презентирам документи од последните владеења на Србите во Македонија, каде што никогаш не се забележани Срби; подоцна, Македонците не би можеле да станат Срби, оти потпаѓа Македонија под турка власт.Во големата даровна повелба на Хиландар од 1348 г., Цар Душан вели дека државата е поделена на два дела: Романија и Србија; Романија е целата територија од Полог и Скопје т.е. цела Македонија, а народот на Македонија го нарекува „Романих“- Византијци (Извор:Владимир Ћоровић: “ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА”, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 1997 г.). Истата поделба се спомнува и во Меѓународниот Договор со Дубровник од 20. септември 1349 г., каде што Цар Душан, пак Македонците ги нарекува Романи (Византијци) или пак Грци (Византијци). Неговиот син Rex iunior Урош е прогласен за крал и е задолжен за романските (грчките, византијските) земји- Македонија, да ги владее по „ромејските“ т.е. византиските закони (Владимир Ћоровић: ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 2001 г.). Сочуван е и запис на овчеполски монах од 14 век за српскиот крал Урош Стефан, син на Цар Душан каде се вели „јас слуга божји Станислав, ја завршив оваа книга во деновите на превисокиот крал Урош Стефан, чиј татко го ослепи и го прати кај Ромеите. И оти 7 години минаа, го прими кралството на сите земји српски, поморски и подунавски и ОВЧЕПОЛСКИ ...“(Lj Stojanovic, Stari srpski zapisi i natpisi, Beograd, 1902, I, zapis 56). Според записот на овчеполскиот монах, во Овчеполието живееле Ромеи (Византијци) т.е. Македонци, во кои се вбројува и самиот, а овчеполските земји не биле српски.

Најверојатно, поради долгогодишната византиска окупација на Македонија и византиската култура која ја имале средновековните Македонци, средновековната српска држава Македонците ги нарекува со име Рoмеи, Византијци, додека цела Македонија е наречена Романија, со спомнати следниве градови: Просек, Штип, Брегалница, Струма, Струмица, Сер, Редина, најверојатно и Скопје (Владимир Ћоровић: ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 1997 г.).

Во Житието на Цар Душан пак се зборува дека Македонија е Романија (Грција, Византија), а Македонците се Ромеи (Византијци, Грци), а тука како ромејски (грчки градови) се спомнати: Охрид, Прилеп, Костур, Лерин, Железнец, Струмица, Воден и Чемрен; во споменатите места, никогаш не живеело елинско население (Извор: Житије Цара Душана, критика академика Симе Ћирковића и Божидара Ћирковића). Историските податоци се недвосмислени: Македонија за средновековните Срби била Византија-Романија-Грција, а народот бил несрпски и небугарски, бидејки по освојувањето на делови од Бугарија, во некои средновековни списи се спомнуваат и Бугари, секако покрај Македонците (Ромеи). Во повелба на Цар Душан од 1346 г. од Дечани се титулира како „цар на српските, приморските и грчките земји“ (F Miklosic, Monumenta, CXXI, str 141). Под грчки земји се подразбира секогаш Македонија.

Сочувани се неколку Повелби на кралот Волкашин и Деспотот Углеша, владетели на териториите на денешна пиринска и вардарска Македонија, каде Македонците, по ист обичај, пак ги нарекуваат Грци; на спомнатата територија, никогаш не живееле Грци, па со сигурност се утврдува дека името Грци е дадено на Македонците. За Волкашин, пиринските и вардарските Македонци се Ромеи, т.е. Византијци, Грци („Monumenta Serbica”,Wien, 1851, str 180/181). Деспот Углеша во неговата феудална држава на територијата на денешна пиринска Македонија, вели дека живеат само Грци, никаде не спомнуваат Бугари и Срби, па себеси се титулира како „господар на сите Грци и Поморјето“ (S. Novakovic, Zakonski spomenici srpskih država srednjeg veka, 1912, str 509).

За крсните слави

Србите тврдат дека крсните слави се српска традиција и секој кој слави слава е Србин. Но, тоа е далеку од вистината. Србите христијанството го прифаќаат подоцна од Македонците; познато е дека Охрид како културен сесловенски центар образувал свештеници, кои се испраќале по сите словенски земји, вклучувајќи ја и Србија, па христијaнските чествувања и традиции, Србите ги имаат прифатено од нас Македонците. Славење Слава за прв пат во историјата е забележана од византискиот историчар Скилица и тоа кај Војводата Ивец (XI век)- војсководец на македонскиот цар Самоил, но и последен македонски феудалец кој се опирал на Византија (Петар Влаховиќ, КРСНА СЛАВА И НЈЕН ЗНАЧАЈ У СРПСКОМ НАРОДУ, напишано во "Братство", часопис друштва " Свети Сава ", Београд, 1997. година). Значи, можеме сосема одговорно и историски потврдено да говориме дека крсните слави се македонски обичај. Крсна слава слават дури и католиците Албанци, кои секако не се Срби (Др Јован Вукмановић, Цетиње- "Слично и специфично у славским обичајима Арбанаса и Црногораца", Извор: зборник "Рад ЏИВ конгреса Савеза фолклориста Југославије (у Призрену 1967)", Београд 1974.).

Со фалсификацијата на историјата на Македонија и Македонците, нема крај. Многу историски документи се презентираат делумно, се вадат од контекст, со цел да прикаже бугарски или српски карактер на Македонците. Најчесто, фалсификациите се поврзуваат со градот Кратово; во Банат има село Крашова (Кратова), а има и Кратов - Киратов во Бугарија, името на бугарскиот град Видин по 14 век. Има стари записи од Срби и Бугари, кои потекнуваат од „Кратова“, но не македонското Кратово, туку војводинското или бугарското Кратова.

Бугарската (и големосрпската, разбира се) пропаганда ни ги представува историските документи, целосно искривени, па тоа ќе го поддржам со следниов пример кој ни го дава бугарската историографија, за некој Велко Попович, кој запишал дека потекнува од „отечество“ (родно место) „Бльгарскïе земли, от места Кратова“. (Й.Иванов, op. cit. 183), цитирајчки го само делумно Стојановиќ. Но, целиот текс на овој запис е „..Велко Попович отачаством же от блгарские земли од места Кратова, при државе светлаго ромскаго цесара Леополда, а под властиу српскословенскаго светјишаго патријарха нашего Хаџи Кир Арсениа Чрноевича, в лето 1704“ (Lj. Stojanovic, Stari srpski zapisi i natpisi,II, br 2128, Beograd, 1903). Од текстот се гледа дека тоа Кратово или Кратова се наоѓа некаде во бугарските земји на австристиот император Леополд и под власт на патријархот Арсение Чрноевич, а македонското Кратово никогаш не било под власт на Леополд, нит под власт на Арсение Чрноевич. Најверојатно, се работи за некој Велко Попович, родум од денешно банатско село Крашова (Кратова), каде има иселеници од Бугарија или пак мисли на Банат како бугарска земја, поради тоа што била под власт на првото бугарско царство.

No comments: