Божицата Ника (Нике) е древна божица и персонификација на победата којашто ја почитувале меѓу другите и античките Македонци. Таа е претставувана како жена со крила која го крунисувала со победа секој оној којшто ќе победел во некоја битка.
Денес иако подзаборавена нејзиното име е земено за име на една

Која е поврзаноста на Ника со Македонците:
Александар Македонски, кралот кој не изгубил ниту една битка и создал најголема империја до тоа време, Ника (победата) го следела секаде и секогаш. На монетите од тоа време Александар е прикажан со Ника.
Божицата Ника (десно)

Александар, крунисан од Ника (лево, горе) по победата во Индија

Интересно е да се каже дека Александар го основал градот Никеја (денес Панџаб) во чест на победата.
Сребрена тетрадрахма на Лисимах владетел на Тракија и генерал на Александар Македонски. На монетата е прикажан Александар Македонски, а на обратната страна Атина како ја држи Ника.

Освен на монетите на Александар, Ника е прикажана и на монети од други кралеви на Македонија како на пример оние на Деметер I Полиокрет
Божицата Ника (лево)

Една од најпознатите скулптури на Ника денес се наоѓа во музејот Лувр во Париз, Франција и се вика Ника од Самотраки (Nike of Samothrace). Пронајдена

Се смета дека е направена во околу 190 година п.н.е. во чест на победата на македонскиот крал Деметер I Полиокрет во поморската борба кај Кипар во околу 295-298 година п.н.е. Според други пак е во чест на победата на македонскиот крал Антигон II Гонат.
Интересна тривија е дека Spirit of ecstasy, маскотата на престижната автомобилската марка Ролс Ројс е всушност

Од археолошкиот локалитет Исар, Марвинци, Република Македонија во истражувањата од 2009 година на еден од пронајдените керамички садови е прикажана Ника. Садот датира од средина на IV век п.н.е.

Оваа претставата се поврзува со митот за Пандора и нејзиниот ковчег.
На локалитетот Стиберa, Република Македонија, откриена е мермерна статуа на божицата Ника. Фигурата е со големина од 40 сантиметри.

НИКОлина
ВероНИКА
МоНИКА 74 / 2745
Забележително е дека од машките варијанти на името дури две се во стоте најпопуларни машки имиња во Република Македонија, а едното е дури на трето место според пописот во 2002 година со вкупно 15646 лица што го носат името.
НИКОла 3 / 15646
НИКОлче 68 / 3067
Ако се знае дека еквивалент на Ника во римската митологија е Викторија уште повеќе се гледа поврзаноста на Македонија со неа.
Виктор 37 / 4389
Викторија 54 / 3469
Интересно е да се спомне дека ако Александар постојано бил придружуван од божицата Ника, вториот Александар Велики односно Георгија Кастриот - Скендербег во животот го придружувала неговата сопруга АндроНИКА. Со неа тој имал три сина од коишто едниот се викал НИКОла.
Александар Стеванов, објавено и на Cooltura
No comments:
Post a Comment