Александар Велики ја изумил војната

Простиот народ кажува и верува дека војните најпрво биле пронајдени од Александар Велики Македонски.

Кога тој шетал по море, одејќи во некој друг непознат свет, за да најде и нацрпи бесмртна вода, за да се напие, та да не умира никогаш, кога видел во морето рибите да се бијат помеѓу себеси како во војна, намислил и тој да го направи истото, па кога дошол во своето царство, прв ја изумил војната на овој свет.

Предание од Зборникот на Шапкарев (Софија, 1891)

No comments: