ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - Ванѓа Чашуле
Ha 23 јануари 1872 година *), Никола Делчев убаво и стегнато облечен, како и секогаш, со раката ставена во широкиот појас како да држи нагант, чекореше по кукушките улици уште погордо и достоинствено, на пат за својата меана. Тој ден неговата кротка и убава Султана, по која пред неколку години испрати стројници да ја бараат за него дури во Мирарци, по три женски деца му роди син, наследник на името, на имотот и продолжувач на фамилијата Делчевци која којзнае пред колку години се населила во ова прекрасно гратче. Султана ќе му роди на Никола уште три ќерки и тројца синови, но радоста, што ја чувствуваше тој во тоа студено јануарско утро, нема да се повтори со онаа иста силина што ја почувствува при веста дека одимал прва машка рожба, чувство познато и денес во секое македонско семејство.
Детето го крстија Георги, но тоа име ќе остане забележано само во книгата на новородените и во училишните свидетелства, зашто името, што мајка му ќе му го даде од милост на својот првороден син — ГОЦЕ, ќе остане име кое по дваесетина години ќе допре до последното катче на Македонија и ќе стане симболот и знамето околу кое измачениот македонски роб ќе ги вплете сите свои надежи и стремежи за слободен и достоен за човека живот.
Тој ден ниту Никола, ниту Султана, ниту кој и да е од кукушките граѓани можеа да помислат дека Македонија го доби човекот што ќе отвори нова страница во нејзината историја.
А Кукуш — и по својата географска положба и по етничкиот состав на своите жители и особено по своето бурно и богато историско минато како да беше предодреден токму во него да се роди најголемиот син на Македонија — ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ.
На последните разграноци од Круша планина, онаму откаде што започнува широкото поле што допира до Солун и до брегот на синиот Егеј, a на Запад до реката Вардар, на ридот „Свети Георги“, се извишил Кукуш, градот кој уште во средината на XVIII век стана стопански и административен центар на околу 140 села. Неговото население, како и населението на целата околина, е чисто македонско. Од 2.000 куќи, колку што имаше во седумдесетиге години на минатиот век, само околу 50—60 беа турски, групирани во одделно „турско маало“, најсиромашниот дел на градот. Малубројните кукушки Турци го остваруваа својот поминок од стопанската дејност на своите сограѓани Македонци и живееја за неколку стапала пониско и во стопански и во културен однос од нив. И затоа Гоце, кој го помина своето детство тука, низ целиот свој живот и целата револуционерна дејност ќе ја застапува максимата: „Јас не ги мразам Османлиите како народ; јас војувам против османлиската тиранија како господаречка система“.
Кога Гоце тргнува на училиште, Кукуш има веќе три училишта — едно основно и едно више за машките деца и едно женско училиште. Има и свое читалиште. Сместени сите во светли и убави згради, нив Кукушани сами ги подигнаа. Во 1840 беше изградено првото училиште, во 1858 подигнаа уште поголема и поубава училишна зграда, во 1860/61 е отворено и женско училиште, a во 1869 година е основано Читалиштето. Првите учители во новоподигнатите училишга беа македонските преродбеници и просветители Димитар Миладинов, Рајко Жинзифов и други. Димитар Миладинов, кој во првиот период од своето учителствување во 1840 година е задолжен да предава на грчки јазик, истовремено преведува црковни песни на словенски јазик, иако пишувани на грчко писмо, за да може богослужбата во големата убава црква „Свети Георги“ да се одвива на јазикот на кој Кукушани го исклесаа камениот натпис уште кога ја изградија во 1835 година. Поради ваквата дејност, Димитар Миладинов беше изгонет од грчкиот владика, но упорните Кукушани повторно го повикаа за учител во 1858 година, нарачувајќи ги истовремено од Цариград првите и единствени во тоа време македонски учебници — книгите на Партенија Зографски, родум од Галичник, што тој ги напиша за потребите на македонските училишта. Во седумдесетите години на минатиот век во Кукуш учителствува и творецот на првата граматика на македонскиот јазик — Венијамин Мачуковски и по неа тој ги учи своите кукушки ученици. Весникот „Право“, од 18 септември 1872 година, во годината кога е роден Гоце, го објавува познатото „Објавление“ од В. Мачуковски, датирано со 16 август 1872 година од Кукуш, во кое тој апелира кон своите колеги учители преку собирање и испраќање претплати да го овозможат печатењето на граматиката, образложувајќи ја оваа потреба на следниов начин:
„Изучението за Б'лгарската граматика в македонските училишта е един од најтрудниге предмети за учениците, вместе тем нај-безтолковиј. Он им отнима доста д'лго време, и това не им мешае пак да немат понјатие од грамматиката. Това произходи од несобразноста в грамматическите форми на досегашните издадени Б'л. грамматики с онија на македонското наречие. Това ми е дало повод от време оште да обрнам внимание в'рху нашето наречие и да го подведам под грамматическите форми и правила. С'м наредил веќе првата част за граматиката, и от успех'т што са показале учениците в изучението на този предмет по записките ми, нап'лно с'м се убедил за достижението на целта ми...“
Ако граматиката на Венијамин Мачуковски го доживееше своето печатење, сигурно и ученикот Гоце ќе учеше по неа и немаше да губи попусто време со „безтолковиј“ за него бугарски јазик. Но тоа е времето кога на сцената се појавува бугарската Егзархија која ќе ги насочи сите свои сили да го задуши секој порив, секоја побуда на Македонецот за самостојност и со која Кукушани ќе водат борба неколку десетици години под девизата „От'рвахми сја од Грци, под други ли да паднем“.
Продолжува
[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]

*) датумите се по стар стил
Продолжува
[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]
No comments:
Post a Comment