Најдобриот опиум е од Македонија

Освен тутунот со врвен квалитет, Македонија е местото каде што се произведува и најдобриот опиум во светот.

Во 1882 година во Македонија (географска Македонија) биле произведени 135 000 фунти (61 234 килограми) опиум, кој што речиси во целост бил транспортиран во Велика Британија. Поради квалитетот и високите цени кои опиумот ги достигнувал, отоманските власти го стимулирале неговото производство во Македонија:

In Macedonia... The crop in 1882 was 135, 000 lb of opium and 500,000 to 600,000 lb of seed, most of the drug being exported under the name of Salonica opium to Great Britain at prices ranging from 12s. 6d. to 16s. per lb Macadonian opium, especially that produced at Istip, is very pure, yielding about 11 per cent. of morphia... The Turkish Government encourage the development of the industry...

Македонскиот опиум бил користен и за фармацевтските потреби на САД. Според австралискиот весник Northern Territory Times and Gazette од 3 мај 1917 година (стр. 19), македонскиот опиум, после тутунот била највредната суровина која што САД ја увезувале од Македонија.





Во повеќе статии од тој период, меѓу кои и онаа од The broad ax, од 11 септември 1915 година (стр. 3) е спомнат врвниот квалитет на македонскиот опиум:

"Macedonia grows the richest opium of all countries..."

"Во Македонија расте најдобриот опиум во светот"

Најголемата македонска фармацевтска компанија Алкалоид, основниот предуслов поради кој што била основана во 1936 година, го лоцира во висококвалитетниот македонски афион од кој што се произведувал опиумот за фармацевтски цели:

"The main business has been making opium alkaloids, respectively morphine base extraction and its synthesizing till codeine.

The quality of the Macedonian opium poppy heads, locally considered as "black gold" for ages, has been the crucial reason for opening this processing capacity."

"Основна дејност е производство на алкалоиди од опиум, односно екстракција на морфин база и нејзино синтетизирање до кодеин.

Квалитетот на македонскиот афион, кој долго време во ова поднебје го има третманот на "црно злато", несомнено е пресуден за отворање на овој преработувачки капацитет."

Во статија на американскиот весник The NewYork Times од 1 април 1973 година, се соопштува за иницијативата на југословенските власти за стимулирање на производството на опиум во Македонија, како во времето кога македонскиот опиум бил светски познат производ:

A campaign is under way to convince Macedonian farmers to begin growing opium poppies again as a cash crop and restore production to the days when Macedonian opium was a world-famous product, traded by name in the markets of Constantinople...

Во тек е кампањата која цели да ги убеди македонските земјоделци да започнат повторно да одгледуваат афион, за враќање на производството на македонски опиум како во деновите кога тој беше светски познат производ, со кој што се тргуваше на пазарите во Цариград...

Всушност поврзаноста на Македонците со опиумот датира уште од пред новата ера. Се верува дека македонскиот крал Александар Велики со својот поход го распространил во тогашната Персиска империја и Индија:

330 B.C.Alexander the Great introduces opium to the people of Persia and India.

Се верува и дека самиот Александар го дал името на опиумот:

The name opium was given to the plant by Alexander the Great.











(Details from the Ebstorfer Mappamundi. Left: Places in India, including Alexander the Great consulting the Oracle, the Opium Eaters in their poppy field, and a gymnosophist staring at the sun. Right: Mt. Sinai (oriented sideways), and Sodom and Gommorah covered by the Dead Sea. )

Интересна тривија е тоа што првиот американски мулти милионер Џон Џејкоб Астор (John Jacob Astor), криумчарел опиум купен од Отоманската империја, во чии рамки тогаш била и Македонија (па не е исклучено дел од овој опиум да бил и македонски), на бродот со името Macedonian (Македонец):

1816 John Jacob Astor of New York City joins the opium smuggling trade. His American Fur Company purchases ten tons of Turkish opium then shipped the contraband item to Canton on the packet ship Macedonian.

Александар Стеванов (лектура: Дукадин), објавено и на Македонска Нација

No comments: