Ден на жалост

Ден на жалост по повод смртта на првиот претседател на Република Македонија - Киро Глигоров (Штип 3 мај 1917 - Скопје 1 јануари 2012)


Цитати од Киро Глигоров - врска

Од партизан до државник (Нова Македонија):

- Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Белград
- Учесник е во Народноослободителната борба од 1941 година
- Бил член на АСНОМ. Во Президиумот на АСНОМ бил повереник за финансии
- Бил секретар за финансии на Сојузниот извршен совет, член на Претседателството на СФРЈ и претседател на Собранието на СФРЈ.
- Беше претседател во два мандата од 1991 до 1999 година. За претседател на Република Македонија беше избран на 27 јануари 1991 година од Собранието, а по втор пат на 19 ноември 1994 на претседателски избори
- Функцијата претседател ја извршуваше до 19 ноември 1999 година
- По пензионирањето Глигоров беше активен како публицист
- Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател - „Македонија е се што имаме“ (2001), „Атентат - ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006). Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“
- Глигоров беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот
- Во 1991 година ја предводеше Македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции
- На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН
- На 3 октомври 1995 година во 9 часот и 50 минути преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата Македонија во непосредна близина на хотелот „Бристол“. Се уште не се познати ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот
-Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“

1 comment:

Anonymous said...

До вчера сите јавно го плукаа за „делата“ кои ги направил, му ги спореа заслугите, а денес на денот на неговиот погреб истите тие ќе се истопорат во првите редови.

Quo vadis homo?