October 17, 2010

Киро Глигоров - цитати

Цитати од и за првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров во врска со Македонија:














"Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија." - По повод прославата од успешниот референдум за осамостојување на Македонија од југословенската федерација.

"Многу благодарам за ова одликување. Сметам дека тоа не е за мене, туку за мојата земја, која меѓу првите се бореше кога го нападнаа Советскиот Сојуз ... Во тоа време јас бев илегално во Скопје. Преку мене, одеа врските со партизаните во Скопска Црна Гора. Кога ме посетуваа, доаѓаа вообичаено навечер за да не ги види никој и преспиваа кај мене. Наутро, мораа рано да стануваат за да не ги види некој како излегуваат од адвокатската канцеларија на Киро Глигоров. Таму запознав многу добри луѓе, кој беа Бугари, но ја гледаа сета неправда која се прави во однос на Македонија. Сите сакаат да ја приграбат Македонија. Е па не може. Ќе се бориме до последен човек, ама нема да можe" - Изјава на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, за време на доделувањето на медалот за заслуги во борбата против фашизмот од Руската Федерација.

"Најголемо достоинство на нашиот народ е што го сочува мирот, што не влезе во никаква војна, што не носи никаква вина за се она што се случи и што го згрозува целиот свет..." - 10.04.1993, по повод приемот на Р.М. во ОН.

"Глигоров е жив доказ дека можеше да се избегне војната во Југославија, дека можевме да се разделиме без пролевање крв. Македонија е изложена на закани од сите страни, повеќе од кој било на овие простори." - Предраг Матвеевиќ, хрватски академик, во своите записи „Од патот низ Македонија“ (Туѓман бараше од Глигоров заедничка акција против Србите, Нова Македонија)

"Киро Глигоров, како учесник во Народноослободителната и Антифашистичка борба и секретар на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ а подоцна и член на Президиумот на АСНОМ, и како прв претседател на самостојната и независна држава, ќе остане запаметен како човек и политичар кој имал сериозни заслуги и придонеси во ослободувањето, создавањето, меѓународната етаблираност и развојот на Република Македонија. Неговите дела ќе останат запишани во македонската историја и во колективната меморија на нашиот народ и граѓаните на Република Македонија. Нека му е вечна слава!" - Писмо со сочувство до семејството од премиерот на Република Македонија Никола Груевски.

"Глигоров беше борец за национална кауза кој водеше мудра политика." - Жељу Желев по повод смртта на Киро Глигоров.

"Како никој друг со својот придонес ги поврза двата столба на современата македонска државност, АСНОМ 1944 година и 8 Септември 1991 година. Република Македонија под лидерство на Глигоров се избори за својата независност и меѓународно признавање без војна и крвопролевање, единствена од сите поранешните републики на Југославија...Го обвинуваа дека референдумското прашање од 8 Септември било југоносталгичарски, а мотивите беа сосема спротивни, прашањето беше така поставено за да референдумот успее со сигурност и Македонија со сигурност да стане независна држава. Го обвинуваа и него, а и нас дека сме предавници и плашливци затоа што дозволивме ЈНА да ја напушти Македонија со сето оружје. Неговиот одговор беше толку човечен и логичен: Колку тенкови или камиони вреди еден човечки живот. Нема да дозволам заради куп железо да ни гинат луѓето и да ни страда народот... Впрочем има ли поголем доказ за патриотизмот и храброста од фактот што на претседателот Глигоров му се случи атентат. Обид да му се одземе животот не заради него, туку заради Македонија." - Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ.

"Смртта на поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров е голема загуба за Македонија и за нејзините пријатели во регионот и светот." - Сали Бериша, премиер на Албанија.

"Длабоко жалам за смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија. Тој беше патриот и вистински државник. Неговата посветеност за самостојноста на Македонија доведе до мирната транзиција во 1990-1991 година, а неговото цврсто лидерство беше инспирација во годините кога земјата ги надмина огромните потешкотии. Претседателот Глигоров беше пријател на САД и лидер кој имаше визија за својата земја, кој и понатаму ќе служи како пример во Македонија и регионот. Моите мисли и молитви се со неговото семејство и со сите граѓани на Македонија" - Хилари Клинтон, државен секретар на САД.

"Смртта на првиот претседател на демократска, плурална Република Македонија, кој транзицијата од комунизмот во демократски систем ја направи на мирен начин, претставува загуба за инситуциите и народот на Македонија" - Косовската претседателка Атифете Јахјага по повод смртта на Глигоров.

"Киро Глигоров беше политичар, државник, анти-фашист и пред се голем човек кој работеше за доброто на сите граѓани. Тој не ги затвораше очите пред најтешките одлуки во 90-тите години...Неговото огромно искуство и државничката мудрост се заслужни што единствено Македонија од сите екс ју републики не беше вовлечена во војната. Верувам дека граѓаните на Македонија ке знаат да го ценат таквиот став на Киро Глигоров. Се сеќавам дека нетолеранцијата и насилството како и национализмот кој произведуваше омраза го доведуваше до очај Киро Глигоров" - Богиќ Богичевиќ, неговиот босански колега од некогашната југословенска федерација за РСЕ во Сарево.

"Киро Глигоров беше државник, политичар. Киро беше политичар, еден од најистакнатите државници од редовите на македонскиот народ во Југославија. И негова огромна заслуга е што Македонија успеа мирно да го преброди распадот на Југославија на мирен начин и во тој период тој настојуваше да се сочува некој вид на заедништво во Југославија да се преобрази од атипичен федеретивен систем во Конфедерација за да се сочува тоа што беше заеднички интереси но за жал беше доцна и не се успеа." - Раиф Диздаревиќ

"Првиот претседател на независна Македонија има големи заслуги за целосното и мирно отцепување на Република Македонија од поранешната Југославија без конфликт што несомнено придонесе кон конечниот распад на Југославија. Претседателот Глигоров и по осамостојувањето, се залагаше за понатамошното градење на независна држава како и за зачленувањето на Република Македонија во меѓународни организации. Дозволете ми уште еднаш да го изразам моeтo искренo сочуствo за загубата на претседателот Глигоров, чие име и дело ќе остане заслужно запишано во историјата на Република Македонија." - Али Ахмети по повод смртта на Киро Глигоров.

No comments: