Зошто Р. Македонија има право на знамето од 1992 година.
За знамето на Р. Македонија од 1992 година, 5ти дел
Многупати сме зборувале и слушале за “Сонцето од Вергина” те “Сонцето од Кутлеш” како назив за секое сонце на македонските антички предмети, па вклучително и за сонцето од знамето на Р. Македонија од 1992 година. Но колку тој назив е правилен?
Кога се работи за сонцето изобразено на ковчегот пронајден во Кутлеш (Вергина) во 1977 година, тогаш тој назив може и да се смета за оправдан но во никој случај не смее да се користи за секој симбол на сонце кој се наоѓа на античките македонски монети, штитови...
Каква е нивната врска со Кутлеш (Вергина)? Никаква!
Прво најголемиот дел од тие објекти (монети, штитови) ниту се изработени во Кутлеш ниту пак се откриени во Кутлеш. Второ голем дел од нив се откриени и пред 1977 година те пред откривањето на златниот ковчег во Кутлеш (Вергина). Според ова далеку поправилно е да се користи називот “Македонско сонце”.
Грците инсистираат на називот “Сонце од Вергина” за секое македонско сонце, токму за да го оспорат нашето право да го користиме знамето од 1992 година. Наведуваат дека тоа е копија на сонцето пронајдено на ковчегот во Кутлеш (Вергина) во денешна Грција, па според ова штом симболот е пронајден на територијата на Грција тоа и припаѓа на Грција.
Сево ова ќе беше логично доколку не се знаеше дека македонското сонце освен во Кутлеш (Вергина) е пронајдено и на многу други места надвор од Грција, вклучително и на територијата на денешна Р. Македонија.
Не мал број од монети со македонско сонце на нив (пример во Село Прилепец) се пронајдени на територијата на Р. Македонија, а пронајдени се и неколку антички македонски штитови со сонцето на нив.
На неколкуте пронајдени штитови на археолошкиот локалитет Бонче, Пелагонија, Р. Македонија јасно се гледа дека се работи за слично сонце како она на знамето на Р. Македонија од 1992 година.
На самуиловата тврдина, Охрид, Р. Македонија пронајдени се неколку мегарски (рељефни) чаши кои датираат од II век п.н.е. на кои е прикажано 16-крако македонско сонце идентично со она на знамето на Р. Македонија од 1992 година.
Според ова излегува дека штом на територијата на денешна Р. Македонија се пронајдени вакви сонца тогаш тие им припаѓаат на Р. Македонија и таа има право да ги користи за било која намена, вклучително и за свое државно знаме.
Во црквата во Разловци, Р. Македонија изградена во 1850 година, се насликани поголем број на сонца, речиси идентични со она на македонското знаме од 1992 година те со она во Вергина (Кутлеш).
Интересно е што авторот на фреските се потпишал како Македонец.
Штета што политичката битка за зачувување на знамето од 1992 година ја изгубивме иако како што се гледа од горе напишаното, аргументите се на наша страна. Но поразот ќе биде уште поголем ако и духовно се откажеме и го заборавиме овој наш прастар симбол.
Иако знамето со 16 кракото македонско сонце веќе не е во официјална употреба тоа мора да продолжи да биде симбол на Македонија, барем во свеста на сите оние што се чувствуваат како Македонци.

No comments:
Post a Comment