November 28, 2009

Кога падна на Пирина

КОГА ПАДНА НА ПИРИНА

Кога падна на Пирина
ранет Јане Сандански,
долетеја три сокола
и на Јане збореја:
Ајде Јане, со нас појди,
ние лек ќе најдиме.
Мајка Македонија
за таков јунак лек ќе најде. x2

Први сокол ќе те носи
долу крај Вардара.
Втори сокол ќе те носи
дур на Белото море.
Трети сокол ќе те носи
горе в Пирин планина.
Белким ти ќе оздравиш
Македонија да ослободиш. x2

Ој те, вие три сокола,
срце луто сум ранет.
Остајте ме тук да умрам,
мене лек не лекува.
Македонија други ќе роди,
ќе ја ослободат.
Мајко Македонијо,
други да раѓаш,
да те ослободат! x2

Борис Трајанов и Зоран Џорлев



Васка Илиева



Рајна Терзијска



Јане Сандански - слики

Јане Сандански - манифест

Интервју со Јане Сандански

Јане Сандански - некролог

Јане Сандански - цитати

No comments: