Цитати од и за македонскиот револуционер Јане Сандански кои недвосмислено говорат за неговатa македонска национална свест и за неговото залагање за слободна независна македонска држава:
"Mакедонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот" и затоа "Tреба да се борат за издвојување на својата слобода без да се надеваат на туѓа помош, зошто оние кои ќе дојдат да ги ослободат, всушност ќе дојдат да не заробат." - Јане Сандански, Рилски конгрес, 1905
"Не бугарска Македонија сакаме ние, туку Македонија на Македонците, Македонија ослободена од тиранијата." - Јане Сандански, писмо до жителите на Мелник, 1904
"Сандански, по потекло од Пиринска Македонија, им припаѓаше на таканаречените словеногласни Македонци. Тој тврдеше дека како што се ослободија од турскиот јарем грчката нација, српската и бугарската, дојде часот да се ослободи и македонската нација. За да Македонија стане цела и сосем независна држава, Сандански проповедаше дека сите жители, без исклучок, не се ниту Бугари, ниту Грци ниту Куцовласи, макар и да зборуваат на македонски славјански дијалект како и самиот тој, или на грчки или на куцовлашки идиом, сите жители на Македонија се чисти Македонци, потомци на античките македонци на Филип II и на Александар. . . . Бугарските шовинисти решија да го ликвидираат бидејќи неговите проповеди не им одеа во прилог, зошто тој се противеше на присоединувањето на Македонија кон Бугарија. Тој го спречуваше славофонското население на Македонија да се смета себеси за бугарско и култивираше македонска национална свест. Сандански заедно со Делчев, протагонисти и двајцата за време на Илинденското востание, стана опасен за Бугарија и бугарските шовинисти решија да го ликвидираат, бидејќи неговата агитација не одеше во прилог на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, зашто тој култивираше кај Словеномакедонците македонска национална свест. И неговото убиство, всушност, беше извршено од самите Бугари." - "Елефтериос Ставридис", "Зад кулисите на КПГ", Атина 1953, стр. 214
"...Личните завоjувачки апетити на соседните државички: Грциjа, Србиjа и Бугариjа, не можат да се смират и да jа примат девизата на Организациjата: Македониjа на Македонците. Мислата дека Македониjа може еден ден да се jави како самостоjна единица ги ужасува.Секоjа од тие држави фрла милиони за поткупи, употребува и наjподли средства, први се за да може да го привлече населението и Организациjата за своjата кауза и да го убеди надворешниот свет дека Македониjа е населена само со неjзини сонародници. ..." - Писмо од серскиот револуционерен комитет од 20 Јануари 1905 година, потпишано од Јане Сандански(Реформи, 22. IV. 1905/VII, бр 19, стр. 2-3)
"Добро ориентиран по задачите, средствата и организациската структура на ВМРО, тоj уште подобро се подотвува за неjзин апостол, и во текот на април 1901 година заминува со своjа чета со цел да агитира со боевите лозинги на организациjата и да ги збива неjзините редови во борба против турскиот апсолутузам и противдеjствиjа против завоjувачките посегања на големо-бугарскиот шовинизам за слободна, единствена и независна Македониjа во братски врски со сите слободни балкански народи. Од овоj аспект Jане ќе ги определува во иднина своите и на своjата татковина приjатели и неприjатели...
Во 1899 година тоj ... се запознава Димо Хаџи Димов, родум од Горно Броди, Серско, со школско образование и социjалистичка школовка, со Гоце Делчев, душата на Внатрешната организациjа, со Ѓорче Петров, општопризнатиот "дипломат" на истава организациjа и др.
Од нив, македонските првоапостоли, обдарениот со високоценети револуционерни кавалитети Jане Сандански го добива своето идеолошко просветлување. Од тие смели бoрци, само смртта можеше да го раздели. И четворицата се бореа смело против општите неприjатели, и четворицата умреа од неприjателски кyршуми.
И нивната смрт, покажа дека Кобурзите и Софиjа не беа помали неприjатели на Внатрешната македонцка организациjа од цариградските султани. Гоце умре од турски кyршум, а Jане, Димо и Ѓорче од кyршумите на Кобургските наемници." - Павел Делирадев, "Jане Сандански", Македонски научен институт, библиотека "Бележити Македонци", Софиjа, 1946 година, стр. 13
Сандански - "покажува неприjателски тенденции кон бугарското царство и Егзархиjата во Цариград..." - Archiva Ministerul externe RS Romania, fond No. 21, Konstantinopol, politice, vol. 61, микрофилм, Архив на Македониjа, Скопjе, 12/25.I.1901
"Two chiefs of the Virkhovist faction burnt the village of Libofka, forcing the wife of Anghel Mentiho, with her two little children, to enter the burning building, where they locked them in and incinerated them. The atrocity was committed because Anghel afforded hospitality to Sandanski, a head of rival bands." - Wanganui Herald, Volume XXXX, Issue 11841, 16 April 1906
"Тој е најпознатиот револуционерен лидер во Македонија, а неговото најпознато дело е киднапирањето на Мис Стон и барањето откуп за неа. Неговиот полковник Паница го уби Сарафов. На организацијата на Сандански со право и се припишува тоа убиство. Сандански го контролираше македонскиот регион на Серес, а неговата власт беше толку силна што ниту една друга ривалска организација не можеше да влезе таму. Тој сега ја прифати младотурската идеја и блиску соработува со нив. Преку целата граница тој постави комплицирана мрежа на стражарски позиции и точки, со стотици редовно платени агенти и соработници. Платата на овие агенти воопшто не е мала, „заменикот шеф“ во Жедјене (?) на пример, добива 15 долари месечно, што е голема плата за едно примитивно балканско село. Двата региони кои се дел од „кралството“ на Сандански имаат годишен буџет од преку 20 илјади долари. Природно се поставува прашањето, од каде доаѓаат овие пари? Одговорот е, од македонските селани, кои се согласни да му плаќаат годишен данок на револуционерниот лидер во замена за заштита од непријателите, како од турските власти, така и од другите бандити. Сандански им ги гарантира животите и имотите на селаните, им се одмаздува за грешките, спроведува и некаква воена правда, па дури овозможува и школување за нивните деца. Селаните, од друга страна, му искажуваат послушност како средновековните вазали на своите газди" - Вашингтон хералд, 25 октомври 1908 година
"Јане ја разви тезата, дека е погубно за македонското население и за самата Бугарија, македонското прашање да се третира во смисла на национално обединување на Бугарите и дека луѓето на другото течение се предале на бугарската влада. Тој објаснуваше во општи линии, дека треба да се работи за будење на сознанието на масите, дека тие се самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека треба да се борат за извојување на својата слобода без да се потпираат на туѓа помош, затоа што тие кои би дошле да ги ослободат, всушност ќе дојдат да ги заробат. " - Според Стефан Кемилев
"Да живееш, значи да се бориш. Робът — за свобода, а свободният — за съвършенство." - напишано на надгробната меморијална плоча на Јане Сандански
"Да живееш значи да се бориш. Робот за слобода, а слободниот за совршенство" - напишано на надгробната меморијална плоча на Јане Сандански
Родолфо Фоа во весникот "L`Italia all`Estro", пишува дека Јане Сандански проповедал во смисла: „Македонците ќе ја ослободат Македонија без мешање на соседните држави: во Македонија не треба да има ниту Бугари, ниту Грци, ниту Срби, ниту Романци, ниту Турци, туку само Македонци“
Јане Сандански - слики
Јане Сандански - манифест
Интервју со Јане Сандански
Јане Сандански - некролог

No comments:
Post a Comment