May 25, 2010

Ника и Македонците

Божицата Ника (Нике) е древна божица и персонификација на победата којашто ја почитувале меѓу другите и античките Македонци. Таа е претставувана како жена со крила која го крунисувала со победа секој оној којшто ќе победел во некоја битка.

Денес иако подзаборавена нејзиното име е земено за име на една од најпознатите интернационални компании за спортска обека и обувки во светот - Nike. Самото лого на компанијата коешто е проценета на милиони долари претставува стилизирано крило.

Која е поврзаноста на Ника со Македонците:

Александар Македонски, кралот кој не изгубил ниту една битка и создал најголема империја до тоа време, Ника (победата) го следела секаде и секогаш. На монетите од тоа време Александар е прикажан со Ника.

Божицата Ника (десно)











Александар, крунисан од Ника (лево, горе) по победата во Индија











Интересно е да се каже дека Александар го основал градот Никеја (денес Панџаб) во чест на победата.

Сребрена тетрадрахма на Лисимах владетел на Тракија и генерал на Александар Македонски. На монетата е прикажан Александар Македонски, а на обратната страна Атина како ја држи Ника.











Освен на монетите на Александар, Ника е прикажана и на монети од други кралеви на Македонија како на пример оние на Деметер I Полиокрет

Божицата Ника (лево)











Една од најпознатите скулптури на Ника денес се наоѓа во музејот Лувр во Париз, Франција и се вика Ника од Самотраки (Nike of Samothrace). Пронајдена е во 1863 на островот Самотраки, денешна Грција.

Се смета дека е направена во околу 190 година п.н.е. во чест на победата на македонскиот крал Деметер I Полиокрет во поморската борба кај Кипар во околу 295-298 година п.н.е. Според други пак е во чест на победата на македонскиот крал Антигон II Гонат.

Интересна тривија е дека Spirit of ecstasy, маскотата на престижната автомобилската марка Ролс Ројс е всушност инспирирана од Nike of Samothrace.

Од археолошкиот локалитет Исар, Марвинци, Република Македонија во истражувањата од 2009 година на еден од пронајдените керамички садови е прикажана Ника. Садот датира од средина на IV век п.н.е.

Централно е поставена женска фигура која во рацете носи два ковчега. Од двете страни завртени кон централната фигура се претставени две крилати женски фигури - божицата на победата Ника, кои држат дарови во рацете.

Оваа претставата се поврзува со митот за Пандора и нејзиниот ковчег.

На локалитетот Стиберa, Република Македонија, откриена е мермерна статуа на божицата Ника. Фигурата е со големина од 40 сантиметри.

Името Ника во минатото на територијата на Република Македонија било почесто одошто сега. Денес иако може да се сретне, тоа е ретко. Сепак варијаците на името постојат. Еве неколку примери:

НИКОлина
ВероНИКА
МоНИКА 74 / 2745

Забележително е дека од машките варијанти на името дури две се во стоте најпопуларни машки имиња во Република Македонија, а едното е дури на трето место според пописот во 2002 година со вкупно 15646 лица што го носат името.

НИКОла 3 / 15646
НИКОлче 68 / 3067

Ако се знае дека еквивалент на Ника во римската митологија е Викторија уште повеќе се гледа поврзаноста на Македонија со неа.

Виктор 37 / 4389
Викторија 54 / 3469

Интересно е да се спомне дека ако Александар постојано бил придружуван од божицата Ника, вториот Александар Велики односно Георгија Кастриот - Скендербег во животот го придружувала неговата сопруга АндроНИКА. Со неа тој имал три сина од коишто едниот се викал НИКОла.

Александар Стеванов, објавено и на Cooltura

No comments: