Showing posts with label Име. Show all posts
Showing posts with label Име. Show all posts

December 8, 2019

За македонското име

Македонското име, племенскиот, народен, етнички назив на Македонците, опстојал низ вековите поради славното античко минато на Македонците. И бугарскиот националист Марин Дринов го признава тоа.

„...само на едно било речено да го стави своето име во историјата и да игра голема улога во судбината на човечкиот род - тоа е Македонското.“



М. С. Дринов, „Съчинения“, Българско Книжовно Дружество, том 1

October 29, 2016

Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име



Извор: Антон Попов „Дневник“, Млада Македонија, 1938 година

 
„Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари... Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа. Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух – не беше признат.

Историјата на човештвото е полна со неправди... 

...Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име – да не го признаваат правото на македонскиот народ да биде господар и чувар на својата родна земја?... Кој ги поттикнува нивните свирепи мерки, нивното цврсто решение? Кој ги поддржува и оправдува нивните настојувања – плен на угнетување да бидат нивните славјански браќа?“