Showing posts with label Егејскиот дел на Македонија. Show all posts
Showing posts with label Егејскиот дел на Македонија. Show all posts

September 18, 2014

Појава на феноменот на дуализам во македонскиот јазик

Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) Стојан Киселиновски

а) ПОЈАВАТА HA ФЕНОМЕНОТ HA ДУАЛИЗАМ BO МAКEДОНСКИОТ ЈАЗИК.

Притисокот на грчката политичко-културна надградба, како и секојдневниот објективен притисок на новата етничко-историска реалност, придонесле македонскиот јазик да почне да го губи својот физички интегритет. Многу грчки зборови почнале да навлегуваат во рамките на македонскиот јазик (со македонизирањето на тие зборови) и се појави таканаречениот феномен на дуализам што нема ништо заедничко со феноменот на билигвизам (98). Инфилтрирањето на грчки зборови во рамките на македонскиот јазик земало сe` поголеми размери и со текот на времето тие зборови добиле статус на мајчин збор и како такви се пренесуваа од генерација на генерација (99).

Феноменот на дуализам на македонскиот јазик, преку своите ерозивни секојдневни процеси, придонесоа да се појави еден нов феномен. Ако до Балканските војни македонските дијалекти конвергираа кон централните македонски дијалекти (Битола, Велес, Прилеп) и објективно одеа кон формирање пo природен пат на македонскиот литературен јазик, со навлегувањето на грчки, српски и бугарски зборови дијалектите од трите дела на Македонија постепено, но систематски, почнале да се одалечуваат од себе. Овој феномен на навлегување во рамките на македонскиот јазик на зборови од туѓ јазик е специфичен и се појавува, главно кај национално поробените народи и претставува еден ходник за преминување од еден кон друг мајчин јазик (100).

Феноменот на дуализам во јазикот се јавува и во Канада, Австралија, САД, Нов Зеланд. Кај новодојденото население од европско или неевропско потекло постепено, но сигурно во рамките на соодветниот мајчин јазик се инфилтрираа зборови од англискиот јазик (101).

Силата на објективната англофонска реалност е толку голема што феноменот на дуализам се појавува и во рамките на францускиот јазик во Квебек.

Феноменот на дуализам во јазикот што се појавува кај Македонците, Полјаците, Италијанците, Хрватите, Грците, Србите итн. во прекуокеанските земји се појавува и развива секогаш вон рамките на својата матична земја. Матичната нација (полска, српска, грчка итн.) во својата историска и национална територија природно се развива и на тој начин си го гарантира својот историски, национален, културен и биолошки развиток. Но во Македонија феноменот на дуализам во јазикот, како и феноменот на биолошката асимилација, се појавува и развива во рамките на својата традиционална историска и национална територија и овој феномен во перспектива на времето го става реално под прашалник историскиот, националниот, културниот и биолошкиот опстанок на македонскиот народ.

98 Меѓу првите зборови што влегле во рамките на македонскиот јазик биле: астиномато (џандарот), дикастирио (суд), стенахорија (тага). анисихија (вознемирувањс) итн.
99 Феноменот на дуализам во јазикот се појавил и во вардарскиот и пиринскиот дел на Македонија.
100 Феноменот на дуализам во јазикот се појавува и во услови на слобода.
101 Меѓу првите зборови се: кар (кола), фон (телефон), бизнис итн.

August 18, 2014

Националното угнетување на македонскиот народ 1913-1940

Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) Стојан Киселиновски

ГЛАВА TPETA

НАЦИOНАЛНОТО УГНЕТУВАЊЕ И ОТПОРОТ HA МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ HA МАКЕДОНИЈА (1913-1940)

1. НАЦИОНАЛНОТО УГНЕТУВАЊЕ HA МАКЕДОНСКИОТ НАРОД (1913-1940)

Co анектирањето на егејскиот дел на Македонија грчката држава почнала да спроведува една политика на дезнационализација и асимилација на македонското население. Македонското име било забрането и Македонците биле наименувани за Бугари, Срби или едноставно ендопии (доморотци). Истовремено сите Македонци биле должни и принудени да ги изменат имињата и преземињата и секое македонско презиме требало задолжително да завршува на наставките: -ос, -ес или -пулос (82).

Co непризнавањето на македонската нација, грчката држава не го признавала ниту постоењето на македонскиот јазик. Македонскиот јазик бил забранет, омаложуван, сметан за варварски (примитивен) јазик, недостоен за еден културен и цивилизиран граѓанин. Тој се забранувал во меѓусебната човечка комуникација, меѓу родителите и децата, меѓу селаните, на свадби, седенки или погребни ритуали. Co еден збор, македонскиот јазик и македонскиот збор се забранувале преку усмената и писмената нарација, преку песната, орото, хуморот итн. Прекршувањето на ова забрана повлекувала казна од морално и психичко малтретирање, плукање в уста, свирепо тепање или дупење на јазикот со игла за секој македонски збор (83).

Ако сродноста на јазикот сепак придонесувала во Бугарија и Југославија да не зема средновековни размери, во Грција прогонувањето на македонскиот јазик зело такви размери што се без преседан во современата историска пракса. Co самото анектирање на егејскиот дел на Македонија во 1913 година грчката држава го забранувала и строго казнувала секое јавно манифестирање на македонското национално чувство и неговото надворешно изразување преку јазикот, традициите и обичаите. Секаква писмена или усмена македонска традиција, сметала грчката држава, треба по секоја цена да се отстрани и ликвидира Затоа, веднаш по 1913 година, грчката држава почнала еден вистински поход против словенската писменост во егејскиот дел на Македонија Македонската словенска писменост била отстранувана од спомениците, гробовите и од црквите (84). Сите цркви биле педантно прегледани и крстени со грчки имиња, словенското писмо и сите словенски црковни натписи биле отстранети, а пронајдените црковни или лаични словенски книги биле уништени како во периодот на фанариотското средновековие. Упорноста во тој однос била толку голема што случајно заборавените словенски црковни натписи биле отстранети и по 20 или 30 години (85).

Паралелно со остранувањето на секаква трага од македонската историска писменост, жилаво се прогонувал и живиот македонски збор. Разни националистички банди ги крстосувале македонските села, го малтретирале и „убедувале“ македонското население да зборува само грчки до колку сака да го види утрешниот ден. Грчката националистичка организација „Елинико - македоники пигми“ (Грчко - македонска тупаница) во своите прогласи од 1926 година ги предупредувала Македонците дека строго им се забранува да го користат својот мајчин јазик и дека се должни да зборуваат само грчки (86).

Најсуровиот напад врз македонскиот јазик го реализирал генералот Јоанис Метаксас. На 4 август 1936 година, два часа пред почнувањето на сè грчкиот генерален штрајк, генералот Метаксас го суспендирал Уставот и вовел лична диктатура.

Co забрана на Антигона од Софокле, генералот Метаксас го започнал диктаторското владеење. „Третата грчка цивилизација“ (по античката и византиската), генералот Метаксас ја започнал со палењето на делата на античките великани и со строга забрана на македонскиот јазик. Co намера да го отстрани основниот елемент што ја карактеризирал македонската нација, и да му го одземе на македонскиот јазик статусот на мајчин (семеен јазик), диктаторот Метаксас го забранил користењето на македонскиот јазик не само во секојдневниот живот, на пазарот, во обичната и природната човекова комуникација, на погребни ритуали, туку и во рамките на семејството (87). За секој македонски збор, изустен јавно или во тесниот круг на семејството, следувале парични казни, триење на јазикот со лута пиперка, принудно јадење солена риба, принудно пиење рицинус, кубење на мустаци, тепање итн. Суровоста во тој однос била толку голема што се посегаше и на физичкиот интегритет на личноста (88). Истовремено возрасните Македонци, без оглед на длабоката старост, биле принудени да ги посетуваат таканаречените вечерни училишта и да го научат „милозвучниот и културен грчки јазик“. Поради кршењето на забраната за користење на македонскиот јазик во селото или во тесниот круг на семејството, речиси 5.000 Македонци биле осудени и пратени на суровите грчки острови или во метаксасовите затвори (89).

Притисокот на меѓународната демократска јавност и на Друштвото на народите, придонел грчката држава во периодот меѓу двете светски војни да превземе некои формални мерки за да ја убеди Европа и Друштвото на народите дека Грција, како европска земја, ги почитува одредбите за заштита на малцинствата што произлегувале од Париските мировни договори, за да може спокојно потоа да го решава на свои начин македонското национално прашање (90). Така, на пример, грчкото министерство за просвета задолжи една комисија составена од Папазахариу, Сајачкис и Лазару, да изработи буквар наменет за македонските деца. Овој буквар, наречен ABECEDAR, бил готов во почетокот на септември 1925 година и бил напечатен со латинска азбука на македонски јазик (Лериско-битолски дијалект). И покрај фактот дека „Абецедарот“ никогаш не стигна во рацете на македонските деца, сепак неговото публикување било едно официјално признавање на народот и на јазикот што толку упорно ги прогонуваа (91).

Паралелно со теророт врз македонскиот јазик, истовремено се одвивал и процесот на асимилација и денационализација на македонскиот народ. Целокупната грчка политичко-културна надградба била ставена во служба на официјалната грчка политика за побрза асимилација на македонскиот народ. Наставата играла посебна улога во тој однос. Македонците биле опфатени во процесот на образованието каде што за прв пат се среќавале со грчкиот јазик. Наставата се одвивала исклучиво на грчки јазик и основната цел и била „... да ги искорни од душата на младите негрчките чувства“ (92). Ако блискоста на јазикот сепак придонесувала наставниот процес колку толку да се одвива нормално во пиринскиот и вардарскиот дел на Македонија, големата разлика меѓу македонскиот и грчкиот јазик придонесувал наставата во почетокот да се одвива некомплетно. Редовно се предаваа два часа (грчки јазик и грчка историја), а сите други предмети се предавале преку „... песни и играње“, и тоа како најдобро, најнесвесно и најсигурно пробивање на грчкиот јазик и грчката свест (93).

Еден друг начин за побрзо инфилтрирање на грчкиот јазик и за побрзо создавање кај Македонците на „грчка традиција и гордост“ (94) биле историските екскурзии што се организирале за Македонците во Термопиле, Саламина, Маратон, Месолонги, каде што Македончињата имаа прилика да слушнат за херојските подвизи на „нивните прадедовци Леонидас, Колокотронис, Дијакос, Папавлесас, Мјаулис, Карајскакис и други“ (95).

Културно-музичките друштва, покрај просветата, заиграле голема улога во правецот на асимилација на македонскиот народ и во ширењето на грчкиот јазик меѓу македонското население. Репертоарот на културно-музичките друштва бил составен главно од славното историско минато на грчкиот народ и по повод на разни национални и верски празници, членовите на овие друштва настапувале пред населението со патриотски грчки песни.

Спортските друштва, исто така, имале улога во навлегувањето на грчкиот јазик кај младите. Во овие друштва, покрај спортот, се негувало, огледувало и патриотското чувство кај младите и било место каде што секојдневно, преку конверзација, се учел грчкиот јазик. Во процесот на асимилација и на ширење на грчкиот јазик меѓу македонското население голема улога одиграл и грчкиот печат кој секогаш стоел на „цврсти и здрави национални позиции“ кога станувало збор за македонското национално прашање (96).

Политичко-културната надградба (просветата, црквата, војската итн.) секако придонесле за асимилација на македонскиот народ и за ширењето на грчкиот јазик меѓу македонското население. Но колонизирањето на христијанскиот елемент, кој исто така бил зафатен со изучувањето на грчкиот јазик, бил субјектот кој во поголема мера го проширил грчкиот јазик во редовите на македонското население. Животот, т.е. новата објективна немакедонска етничка реалност, во секојдневното присуство на колонистот, го принудил Македонецот, поради економски потреби, да научи еден јазик кој му бил туѓ и намразен. Во тој однос само еден пример ќе биде доволен за да се докаже во какви тешки и неприродни услови македонскиот јазик требало да се бори за својот опстанок. Во близината на македонското село Лескоец, Леринско, пред 1923 година, имало две турски села (Вртолом и Плешевица). Дотогаш македонскиот јазик бил употребуван како средство за разговор и комуникација меѓу селаните на пазарот и на чаршијата Во тие услови македонскиот јазик имал улога на „официјален јазик“. По иселвањето на Турците од селата Вртолом и Плешевица, на нивно место дошле христијани Грци и негрци (Туркофони) и селата добиле и нова топономија Агиос Вартоломеос (Вртолом) и Колокити (Плешевица). Co доаѓањето на колонистите, грчкиот јазик почнал да добива улога како што имал македонскиот јазик пред 1923 година. Еден сличен феномен се случил и во селото Медово, Леринско, кое исто така беше близу две турски села - Шаовци и Бостанџиовци. Колонизираното грчко и негрчко население го добило имотот на овие две турски села, но неколку бегалски фамилии биле коло-низирани и во македонското село Медово. Имотот на овие колонисти од селото Медово ги делел од имотот на македонските селани само обичен селски плот. Ако дотогаш грчкиот јазик во селото Медово бил присутен само во наставата и црквата, со доаѓањето на колонистите тој можел да се чуе и во селото, по нивите и полето (97). Co тоа, нормално, како потреба на самиот живот, колонизаторскиот елемент го ширел попрородно, побезболно грчкиот јазик.

82 Така Георги Волчсв требало да се наименува на Георгиос Волцис (покасно Волцидис), Стојан Попов беше прекрстен во Јанис Пападопулос, Љуба Попова во Олимпија Папас итн.
83 Во селото Кономлади, Костурско, сурово било казнето елно Македонче кое играјќи си ја заборави државната забрана и изустило неколку македонски реченици. Грчкиот учител со сечиво му направил длабока рана на главата и подоцна детето полудело (Veritas, Македонија под иго 1919-1929, Документи и свидетелства. Софија, 1931).
84 Co посебно задоволство грчките власти ги уривале илинденските надгробни спомениии. Исто така откриените македонски археолошки наоди што потсетувале за историското и културното постосње на Македонците во егејскиот дел на Македонија биле уништени или исчезнале без трага.
85 Еден таков настан се случил во селото Бмбоки, Костурско, каде неколку заборавени македонски зборови во куполата на црквата биле отстранети по 20 години.
86 Veritas, op. cit
87 Да ги принуди Македонците да не го користат македонскиот јазик во рамките на семејството, полицијата била должна ноќе да прислушнува под прозориите да слушне на каков јазик зборуваат Македонците. Доколку зборувале македонски веднаш биле повикувани на суд.
88 Во тој однос диктаторот Метаксас ја надминал суровоста на своите учители (италијански фашисти), кога за еден словенечки или хрватски збор се плукало в уста или на разни начини се омаловажувало националното или јазичното достоинство на Хрватите или Словенците под италијанска окупација.
89 Македонците главно биле пратени во Крф, Пилос, Акронавплија, Гаврос, Икарија и други места. Поради тешката репресивна политика на грчката држава Македонците ја сметале грчката буржоазија за „втори Турци полоши од првите“.
90 Според Нејскиот мировен договор, Грција била обврзана да ги почитува правата на малцинствата. Грција, исто така, не го почитува ни протоколот „Калфов-Политис" (1924).
91 Веднаш по публикувањето, букварот бил запленет од страна на грчките власти и уништен.
92 Viviadu Lazaru, i Prespa ke i omorfes lis, Athina, 1940, p. 69.
93 Една од задолжителните песни била следната: „Јас сум Грк, потеклото си го знам, мојата грчка душа. секогаш слободно живее...“
94 Makedoniko imerologio, Thesaloniki, 1939, p. 41.
95 Секое дете наизуст требаше да ги знае претсмртните зборови на Дјакос („Грк се родив, Грк ќе умирам“).
96 Во егејскиот дел на Македонија излегувале 26 весници со великогрчки карактер („Дитики Македонија", „Касторија", „Македоники", „Фони ту лау" итн).
97 Изјава на П. М. од село Медово, жител на град Скопје.

July 18, 2014

Егејска Македонија 1913-28 (9)

Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) Стојан Киселиновски

г) ЕКОНОМСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ

Етничко-историските промени што се случиле во егејскиот дел на Македонија од 1913 до 1928 година имале и големи економски последици и ги засегнале скоро сите сфери на економскиот живот.

Co колонизирањето на бегалскиот елемент не се изменил земјоделскиот карактер на егејскиот дел на Македонија зашто земјоделството и понатаму остана да биде главна економска карактеристика. Прва карактеристика на земјоделството била проширувањето на земјоделските површини наменети за разни земјоделски производи, особено за жито и тутун (72). Проширувањето на земјоделските површини бил резултат на претварањето на пасиштата во обработливи површини, исушување на езерата како и поделба на манастирската земја која главно била неискористена (73). Плодната земја добра за обработување во егејскиот дел на Македонија изнесувапа 4.216.236 стремата (74), a соземјоделство ce занимавале 68% од целокупното население што живеело во егејскиот дел на Македонија. Главно селското население одгледувало житарици и се занимавало со тутунско произвоство (75). Зголемувањето на површинитесо најдобри тутуни предизвикало хиперпродукција и во услови на светска криза (1929-1933), македонското тутунопроизводство влегло во сериозна криза (значително опаѓање на цените, затварање на традиционалните европски пазари). Но земјоделското производство било под објективните можности (бонитетот на земјата зголемената работна рака како и поволните климатски услови). Тоа се должи на фактот дека на новодојденото население земјоделството му било принудно занимање, нужно за опстанок, без потребниот афинитет кон земјата и без соодветните земјоделски познавања Разликата во земјоделската продуктивност на трудот меѓу македонското домородно население и новодојденото население била огромна и очевидна. Домородното македонско население имало поголеми земјоделски резултати поради неговиот земјоделски карактер, земјоделските навики и чувството дека земјата која ја работи е негова, чувство кое не било присутно кај новодојденото население. Од овие причини, од вкупно 11 земјоделски култури кои се одгледувапе во егејскиот дел на Македонија во овој период, домородното македонско население, помалубројно, постигнувало во 6 култури поголеми резултати од новодојденото население, и ако тоа било побројно и имало подобар бонитет на земјата (78). Дека новодојденото население немало земјоделски навики дознавме и од фактот што во Леринско, во првите години, ова население го плаќапо македонското население да му ги обработи нивите и да ги запознае со основните елементи на селската работа (79).

Но, со текот на времето, новодојденото население се здобило со соодветните знаења и тоа влијаело врз продуктивноста и земјоделското производство (80). Ова зголемување на земјоделското производство не значело дека станува збор за некакво интензивно земјоделство, напротив со доаѓањето на колонистите екстензивниот карактер на македонското земјоделство се зголемува.

Друга економска последица била и опаѓањето на сточарскиот фонд во егејскиот дел на Македонија и ликвидацијата на номатскиот живот што го практикувал влашкото население. Тоа било една природна последица на војните (1912-1913, 1914-1918, 1920-1923), на екстинзивното земјоделство, земјоделство кое што се ширело на штета на пасиштата Проширувањето на земјоделските површини донело тешки последици за домородното македонско население. Co економското земјоделско проширување новодојдениот елемент не дозволувал економско проширување на македонското население поради што тоа било принудено да емигрира во Бугарија или во прекуокеанските земји (САД, Австралија Канада).

Во индустријата иако таа не била основна гранка на економијата во егејскиот дел на Македонија сепак се развиле неколку гранки и тоа посебно тутунската индустрија, која ги обработувала квалитетните тутуни од Македонија и Тракија. Исто така текстилната индустрија што била главно концентрирана во Солун, забележала еден привиден пораст. Но тоа што реално се развивало и претставувало новина за економијата во егејскиот дел на Македонија и Грција е индустријата на ориентални килими и текстил. Многу луѓе од новодојденото население биле висококвалификувани (врз основа на долгата практика) и произведувале квалитетни килими кои им конкурирале на традиционалните веќе познати по својот квалитет турски килими што биле многу барани на европскиот и воневропскиот пазар. Килимарството не се развило во вистинско индустриско производство, туку имало манифактурен карактер, што придонесувало да биде многу ниска продуктивноста на трудот и килимите доволно скапи за домашниот купувач.

Се забележуваат новини и во грнчарството. Познатите грнчари од Ќутахија, техниката на нивното работење, ја беа пренесле во егејскиот дел на Македонија, па оваа економска гранка била новина со нејзиниот квалитет и се извезувала и во странство.

Овој индустриски напредок не бил одраз на внатрешен економски развиток, не бил резултат на силна и динамична економија, која што со своите сопствени средства обезбедувала проширена репродукција. Поради карактерот на индустријата во егејскиот дел на Македонија (текстилна, тутунска), таа не била во состојба да ја обезбеди ни простата економска репродукција бидејќи имала старо произвоство, стари машини, неквалификувана работна рака. Акумулацијата за репродукција во егејскиот дел на Македонија не била резултат на сопствена висока продуктивност на трудот, туку простата економска репродукција се реализирала со увоз на капитал.

И покрај тешкотиите во развитокот на македонското стопанство, сепак новите историско-етнички промени го активирале економскиот живот и создале услови за поефикасно економско постоење на оваа македонска провинција (81).

70 Елефтерос Венизелос, лидерот на Либералната грчка партија, бил наименуван „татко на бегалците“.
72 Jacques Ancel, op. cit., p. 118.
73 Nikolas Svoronos, Histoire de la Gr&e modeme, Paris, 1968, p. 20.
74 Десет стремата е еден хектар.
75 Така, на пример, во периодот од 1923-1924 година површините со житарици опфаќале 830.930 стремата, а во периодот од 1927 до 1928 година, површините растат на 1.811.855 стремата.
76 Ако во периодот од 1923 до 1924 година површините наменети за тутун изнесувале 93.727 стремата, а во периодот од 1927 до 1928 година изнесувале 330.460 стремата. Истовремено растело и тутунопроизводството. Во периодот 1923-1924 година беа произведени 25.000 тутуни, а во периодот 1927 до 1928 беа произведени 80.000 тони.
77 Jacqucs Ancel, op. cit., p. 160.
79 Изјава на А.Т. од село Лескоец, Леринско, жител на град Скопје.
80 Во 1937 година. на пример, производството на тутун во егејскиот дел на Македонија и Западна Тракија изнесувало 44.465 тони што претставувало повеќе од половината на целокупното производство на Грција.
81 Така, на пример, во 1923 година од Солунското пристаниште биле увезени 205.365 тони стока и извезувани 15.803 тони, во 1926 година увозот изнесувал 253.432, а извозот 18.294 тони.

June 18, 2014

Егејска Македонија 1913-28 (8)

Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) Стојан Киселиновски

в) ПОЛИТИЧКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ

Политичките последици што настапија по големите миграциони движења се од голема важност. Co колонизација на христијанското население, политичката реалност во егејскиот дел на Македонија и во самата Грција добиле нови аспекти, многу поразлични од претходните и со тоа суштински се влијаело и врз македонското национално прашање. Заменувањето на етничкиот состав на населението во егејскиот дел на Македонија придонесло со себе една нова политичка поларизација и го изменило односот на политичките партии внатре во Грција, како и надвор од неа.

Кризата што ја почуствува грчката држава по поразот во грчко-турската војна била од национална, економска и политичка природа. Слични кризи поминале Германија, Унгарија, Австрија и Бугарија, т.е. скоро сите земји што биле поразени пo Првата светска војна и понижени со Версајскиот, Сен-Жерманскиот, Тријанонскиот и Нејскиот мировен договор. Националната катастрофа, жртвите што беа дадени во периодот на Првата светска војна без соодветна територијална придобивка, предизвикале, скоро во сите поразени земји, да се случат силни политички тектонски движења (69).

Грција, по Лозанскиот мировен договор, ги изгубила „историските територии“ од Мала Азија и настанала една ситуација на длабока национална криза. Сепак, тука не се забележувала една лево-ориентирана револуција како во Германија, Унгарија, кој би го поставила под прашање системот кој што беше виновен за една таква „национална катастрофа“. По поразот во Сакарија, и покрај привидната нестабилна политичка ситуација што се доближувала до нивото на политички хаос, објективни историски фактори делувале кон се побрза политичко-економска стабилизација на земјата.

Националната фрустрација ја почувствувале Германија, Унгарија и Бугарија. Грција не ја почувствувала толку вертикално и покрај надворешните манифестации на големата историска катастрофа. И покрај поразот во Сакарија Грците сепак имале чувство на победници и биле добитници пo „Големата војна“ со територијалното проширување во егејскиот дел на Македонија и Западна Тракија. Грција никогаш во нејзината историја како држава, толку територијално не се проширила и тој факт делувал стабилизаторски во свеста на грчкиот народ.

Голема политичка стабилизаторска улога заиграло и новодојеното население. Протерано од своите огништа и по своја вина (70), новодојденото население веднаш по пристигнувањето во Грција било живо заинтересирано за стабилна политичка ситуација во Грција за да се стабилизира економски колку што може побрзо. Еднаш колонизирано, тоа станувало сериозен стабилизаторски фактор. Co стабилизирањето на внатрешната политичка ситуација се засилувале и грчките политички граѓански партии, особено Либералната партија која правела сè за побрзата колонизација на бегалското население (71). Ако центро-десницата се засилувала, КПГ слабела поради својата нереална догматска политичка ориентација, ориентација која што била надвор од просторот и времето.

69 Станува збор за револуционерните движења во Германија, Унгарија, Бугарија ити.
70 Грчкото население од Мала Азија, во периодот на грчко-турската војна, заиграло улога на петта колона за турската држава.

May 16, 2014

Егејска Македонија 1913-28 (7)

Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) Стојан Киселиновски

б) ЕТНИЧКИТЕ ПРОМЕНИ И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК (1913-1940)

По политичката поделба на Македонија во 1913 година македонскиот народ не престанал да живее компактно во ова јужна македонска провинција. Постоењето на компактно македонско население во егејскиот дел на Македонија создавало објективни услови за опстанок на македонскиот јазик и покрај државниот терор на грчката држава. Тоа произлегува од фактот дека македонскиот јазик ја имал на своја страна историската традиција. Во периодот непосредно по Втората балканска војна, македонскиот јазик во егејскиот дел на Македонија имал улога на langue usuelle (најупотребуван јазик) не само за македонското население, туку и за другите традиционално историски малцинства што живееле со векови покрај македонското население како Турци, Евреи, Власи, Роми итн.

Од вкупно 1.052.227 лица колку што имал егејскиот дел на Македонија, 815.472 го знаеле и го користеле македонскиот јазик во секојдневниот живот.

Истовремено грчкиот јазик во периодот од 1913 до 1923 година немал улога langue usuelle за населението во егејскиот дел на Македонија и покрај статусот на langue officielle (државен, официјален јазик) што го имал овој јазик. Тоа произлегува од фактот дека грчкото население што живеело во егејскиот дел на Македонија било реално малцинство и поради тоа грчкиот јазик имал статус на langue de la minorite (јазик на малцинство) или langue de famille (семеен јазик) кој што го зборувале и го користеле 236.755 лица од вкупно 1.052.227 жители.

Почнувајќи од 1923 година, македонскиот јазик постепено го губел статусот на langue usuelle, и no миграционите движења меѓу Грција и Бугарија, Грција и Турција, македонскиот јазик добивал статус на langue de famille и станал како македонскиот народ, langue de la minorite.

Co иселувањето во Бугарија на 86.582 лица, македонското население од егејскиот дел на Македонија не губело само во својата физичка компактност, туку и во неговата јазична бројност. Co иселувањето на македонското население од источна и централна Егејска Македонија (Драмско, Серско, Кавалско, Солунско, Кукушко, Демир-Хисарско), овие региони биле засегнати не само етнички, туку и во јазична смисла. Македонскиот јазик, со заминувањето на македонското население, бил притиснат во рамките на малубројното македонско население што остана да живее во источно-централните делови во егејскиот дел на Македонија.

Истовремено со иселувањето на македонското население во Бугарија, паралелно се одвивала и задолжителната размена на населението меѓу Грција и Турција. Муслиманското население од егејскиот дел на Македонија, по силата на Лозанскиот мировен договор, задолжително заминало за Турција. Во такви услови од егејскиот дел на Македонија се иселиле во Турција 350.000 муслимани и со нив заминало едно население кое, покрај мајчиниот јазик, добро го познавало и користело и македонскиот јазик (68). Тоа придонело македонскиот јазик да го загуби својот традиционален историски јазичен статус, станувајќи langue de la minorite на кој што зборувале само 240.000 Македонци, останати да живеат, главно, во западниот дел на Егејска Македонија (Костурско, Леринско, Воденско). Од друга страна, грчкиот јазик го заменил својот историски јазичен статус по 1923 година. Од langue de famille или langue de la minorite, грчкиот јазик станал реално langue usuelle за целокупното населениешто живеело во егејскиот дел на Македонија по големите миграциони движења. На место на иселеното македонско население, во егејскиот дел на Македонија биле колонизирани 618.199 лица грчко и негрчко население дојдени од целиот свет. Co проширувањето на грчкиот и негрчкиот христијански елемент се ширел и грчкиот јазик во форма на Димотики. Од вкупно 1.412.477 лица колку што броело населението во егејскиот дел на Македонија по миграционите движења, 1.172.477 лица (Грци, Туркофони, Ерменци, Кавкасци, Евреи и други) го употребувале или се стремеле да го употребуваат грчкиот јазик. Co тоа грчкиот јазик, покрај неговиот статус на langue officielle станува реално langue usuelle или langue majoritaire за целокупното население што живеело во егејскиот дел на Македонија no големите миграциони движења.

68 Во Турција заминале и 40.802 Македонци по потекло и јазик, но со муслиманска црковна вероисповест.

April 14, 2014

Егејска Македонија 1913-28 (6)

Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) Стојан Киселиновски

4. ЕТНИЧКО - ПОЛИТИЧКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ПО ГОЛЕМАТА ГРЧКА КОЛОНИЗАЦИЈА

a) ЕТНИЧКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ

Големата грчко-христијанска колонизација имала несомнено, големи етничко-јазични, политички и економски последици за македонскиот народ (62).

Како најтешка последица секако било сменувањето на етничкиот состав на населението во егејскиот дел на Македонија. Покрај Грците, во периодот од 1923 до 1928 година, во егејскиот дел на Македонија биле колонизирани и 210.000 Туркофони (Турци по националност и христијани по вера) (63) 80.000 Ерменци (64) и 75.000 различни кавкаски народи (65). Според јазикот кој се зборувал во куќата, т.е. во семејството, во егејскиот дел на Македонија по големите миграциони движења, живееле 636.428 или 45.06% Грци, 240.000 или 16,99% Македонци, 210.000 или 14,87% Туркофони, 80.000 или 5,66% Ерменци, 75.000 или 5,31% Кавкасци, 68.206 или 4,83% Евреи, 44.414 или 3,14% Власи, 25.302 или 1,79% Роми, 33.127 или 2,35% различно население од вкупно 1.412.477 жители колку што имал егејскиот дел на Македонија.

По големите миграциони движења, егејскиот дел на Македонија всушност не се еленизирал, туку едноставно добил немакедонски етничко-историски лик и станал „вистинска етничка тантела" на народи што се разликувале меѓу себе по своето потекло, јазик, културни традиции и темперамент (66). Во рамките на ова нова етничко-историска реалност се забележувале интересни етнички збиднувања. Од една страна се забележувало опаѓање на македонското население, а од друга страна имало пораст на немакедонското (особено грчко) население. Ако во 1913 година македонското население изнесувало 35,20% од целокупното население, по миграционите движења тоа изнесуваше само 16,99% од целокупното население. Co иселувањето на 127.384 македонско население по силата на Нeјскиот и Лозанскиот договор и со колонизирањето на 618.199 христијанско население, источниот и централниот дел на егејскиот дел на Македонија го изгубиле својот етнички македонски историски карактер. Македонците, како компактно и мнозинско население, останале да живеат само во западниот дел на Егејска Македонија (Костурско, Леринско, Воденско), каде што претставувале повеќе од 50% од целокупното население.

Co етничките промени, македонскиот народ го изгуби својот традиционален историски статус. Од народ (во мнозинство), во сопствената родна земја се претворил во малцинство со сите национални, политички и економски последици. Co опаѓањето на македонското население истовремено растело грчкото население. Ако во 1913 година грчкото население изнесувало 22,50% од целокупното население, по миграционите движења тоа изнесувало 636.428 или 45,06% од целокупното население што живеело во ова јужна македонска провинција Со тоа грчкото население си го сменува својот историски етнички статус. Од статус на малцинство добива статус на народ во туѓа етничко-историска територија и веќе сите историски текови (етничко-јазични) одат во корист на грчкиот елемент. Сите мешовити бракови меѓу Грци и Туркофони, Грци и Кавкасци, Грци и Ерменци, Ерменци и Туркофони итн., секогаш оделе во корист на грчката нација и врз основа на грчкиот јазик, сите се сливале во рамките на грчката нација.

Co сменувањето на етничкиот состав на населението во егејскиот дел на Македонија, истовремено грчката држава, со законот од 1926 година, на ова јужна македонска провинција ѝ даде и грчки топонимен карактер. Врз основа на овој закон сите имиња на реки и планини, села и градови добиле ново грчко име (67).

Продолжува

62 Големите етнички промсми што се случија во сгсјскиот дел на Македонија го комплицирале уште иовеќе макелонското национално прашашс.
63 Ова населсние било познато и под името Караманли. За потребите на ова население што не го познаваше грчкиот јазик, грчкиот патријарх наредил за ве- лигденските празници, Евангелието да се чита на турски.
Ерменците во Солун создале „Друштво на ерменското малцинство" и во периодот меѓу двете светски војни ги издавале весниикте,Ашхатан" (Труд) и „Ах- танак" ЃПобеда).
Населението дојдено од Кавказ било различно по своето потскло, јазик и традииии.
66 Е. Driauet, М. L'hcritier, Histoire diplomatique dc la Grece de 1821 r nos jou£s, Paris, 1926, p. 477.
67 Така, на пример, Кукуш стана Килкис, Водсн - Едсса, селото Бомбоки - Ставропотамос, Загоричани - Василјада итн. Од топонимското прекрстување не правсло исклучок ни едно населено максдонско место. Законот за прекрстување на македонската топономија бил публикуван во службениот весник на грчката др- жава бр. 332 од 1926 година.

March 7, 2014

Егејска Македонија 1913-28 (5)

Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) Стојан Киселиновски

3. ЛОЗАНСКИОТ МИРОВЕН ДОГОВОР И ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА РАЗМЕНА НА НАСЕЛЕНИЕТО МЕЃУ ГРЦИЈА И ТУРЦИЈА

Грчко-турската војна (1920-1922) бил последниот историски обид на малото, но амбициозно грчко кралство да наметне и реализира една дамнешна великодржавна византиска политика (44). Co битката кај реката Сакарија и со победата на Кемал Мустафа, Турција историски дефинитивно им ставила крај на овие велико- државни грчки амбиции во однос на Турција (45).

По поразот кај реката Сакарија грчката држава била принудена да го прифати примирјето што беше склучено во Муданија (46). Разговорите за мир меѓу двете држави за решавањето на спорните прашања се воделе во 1923 во Лозана (Швајцарија). Во Лозана, покрај територијалните прашања, и прашањето за заробениците, посебно место добил и проблемот за статусот на малцинствата што живееле во двете држави (47).

Во Лозана општо признатиот принцип на почитување на правата на малцинствата во рамките на Грција и Турција, бил отфрлен како неприфатлив и се прифатил принципотза задолжителното иселување на малцинствата, т.е. протерувањето на муслиманите од Грција и хрисгијаните од Турција.

„Претпочитаме да бидеме оштетени 30% или 50% ако е потребно, велел во Лозана еден турски претставник, од колку да имаме кај нас странци и непријатели" (48) . И така „врз основа на присилна и тотална размена" (49), почнал процесот на иселување на муслиманите од Грција (Турци по националност - муслимани по вера, Македонци по националност - муслимани по вера, Албанци по националност - муслимани по вера, Евреи по националност - муслимани по вера и христијаните од Турција (Грци по националност- христијани по вера, Караманли (Турци) - муслимани по вера, Ерменци по националност - христијани по вера... итн).

По силата на Лозанскиот мировен договор од егејскиот дел на Македонија биле протерани 350.000 муслимани, различно население по своето потекло, јазик и културни традиции (50). Врз основа на муслиманска црковна припадност од егејскиот дел на Македонија, покрај турското население по потекло и јазик, се иселиле и 40.802 Македонци со муслиманска вероисповест, 6.014 Албанци и мал број муслимански Евреи.

На местото на иселеното население (Македонци и Турци), Грција го прифатиле христијанското население дојдено од Мала Азија и ширум од светот. Грчката држава, со желба за дефинитивно елинизирање на егејскиот дел на Македонија, развиле една широка политичка активност за враќање на Грците во татковината. Голем број Грци, врз основа на правото на ius sanquinis (од грчко потекло) се вратиле во Грција. На таа основа во Грција дојдоа 1.159.311 лица. Грчките влади, со несебичната финансиска и морална подршка на Друштвото на народите, вака го распоредиле огромното бегалско население низ територијата на Грција:

Колонизирање на бегалското население во Грција (1923-1928) (51)












Колонизацијата била помасовна кон новите територии (егејскиот дел на Македонија и западна Тракија) и со помал интензитет во Грција, каде што во некој реони не само што не се извршила никаква колонизација, туку биле непресушен извор за етничка миграција кон егејскиот дел на Македонија и Западна Тракија. Во егејскиот дел на Македонија биле колонизирани 565.143 лица или 48,75% од целокупното бегалско население и тие биле дојдени од Европа (210.425) 52, Азија (353.652)53 , Америка (567) 54, Африка (486) 55, Океанија (3) 56 или вкупно 565.143 лица. Ова целокупно бегалско население на следниот начин беше колонизирано низ македонската земја:

Колонизирано бегалско население во егејскиот дел на Македонија (1923-1928) (57)











Големото мнозинство на бегалското христијанско население било колонизирано по селата во цела Егејска Македонија, создавајќи ја таканаречената селска или земјоделска колонизација, a помал број од бегалците бил колонизиран по градовите, создавајќи т.н. градска колонизација.

Селската колонизација била најмасовна и го опфатила поголемиот дел од христијанското население. Во егејскиот дел на Македонија, во периодот од 1924 до 1918 година биле колонизирани 116.403 земјоделски семејства со 427.297 лица . Тие, од страна на грчката држава ја добиле земјата со најдобриот бонитет, инвентар и стручни совети за побрзо економско оспособување и главно биле колонизирани по македонските и турските села или за нив се создале нови селски населби .

Градската колонизација во егејскиот дел на Македонија не зела толку големи размери. По градовите на егејскиот дел на Македонија биле колонизирани 41.296 семејства со 152.989 лица .

Co политиката на колонизација (со население дојдено од Грција и од странство), грчката држава успеала во периодот од 1913 до 1928 година да го колонизира следното население во егејскиот дел на Македонија:

Колонизирано население во егејскиот дел на Македонија (1913-1928)












Големата грчка христијанска колонизација имала тешки етнички, политички и економски последици за македонскиот народ (61а)

Продолжува

44 Турција, на чело со Кемал Мустафа, одбила да ги прифати одредбите што произлегле од Северскиот мировен договор, и Грција во 1920 година, преку војна, се стремела да ја наметне својата антанска воља.
45 Станува збор за историската битка кај рeката Сакарија кој завршува со победата на Кемалова Турција (23.8-13.9.1921 година).
46 Примирјето беше склучено во Муданија на 11 октомври 1922 година.
47 Договорот во Лозана не само што има посебни важности за Грција и Турција, тој има и пошироко меѓународно значение. Co Лозанскиот мировен договор, всушност, се прави прва ревизија на штотуку потпишаниот Париски мировсн договор.
48 Grigori Dafni, Elas metaksi dio polcmon, 1923—1940, Athina, 1955, tomоѕ protos, p. 34.
49 Societe, de Nations, Conscilet etats membres, de 736-m. 477, Geneve.
50 Од задолжителната размена на населението исклучсно било турското населението што живеело во Западна Тракија и грчкото населемие што живеело во Истанбул пред месец октомври 1918 година.
51 Stalistika apotelczmata..., Athina, 1935.
52Ова населсние е дојдено од: Мала Азија (Турција) 201.173, Понт (Турција) 122.180, СССР (Кавказ) 29.313, Додекансзите 394, Кипар 324, Сирија 100, Ирак 89, Иран 31, Палсстина 29, Емсн (Аден) 10, Инлија 4, Филипините 3 и Кина 2.
53 Ова население е дојдено од: Мала Азија (Турција) 201.173, Понт (Турција) 122.180, СССР (Кавказ) 29.313, Додеканезите 394, Кипар 324, Сирија 100, Ирак 89, Иран 31, Палсстина 29, Емен (Аден) 10, Индија 4, Филипините 3 и Кина 2.
54 Ова население било дојдено од САД 537, Аргентина 12, Канада 11, Бразилија 2, Уругвај 2, Куба 1, Мексико 1 и Чиле 1.
55 Ова население дошло од Египет 446, Етиопија 10, Јужно-Африканската република 10, Алжир 5, Тунис 5, Либија 4, Судан 3, Танганика 2 и Мароко 1.
56 Ова население било дојдено од Австралија.
57 Stalistika apotelezmata..., Athina, 1935 година.
58 Megali eliniki enkiklopedia (Pirsos), Athina, 1931, tomos 16, p. 503.
59 Според женевскиот портокол, Грција се обврзувала дека за колонизирањето на земјоделското население ќе обезбеди 500.000 хектари земја.
60 Во 1927 година меѓу Грција и Бугарија се потпишал договорот Молов-Кафандарис за регулирање на имотните прашања што се појавиле со заминување на Македонците во Бугарија и Грците во Грција.
61 Pirsos p. 503. Градското население било колонизирано во Солунско (99.937 лица), Ковалско (22.446), Драмско 14.374, Серско 7.627, Пела 7.556, Леринско 1.307 и Кожанско 752.
61а Македонското население го крстило новодојденото население со името маџири, т.е. странци, туѓинци, новодојденци.

February 18, 2014

Егејска Македонија 1913-28 (4)

Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) Стојан Киселиновски

Конвенцијата за „доброволното" иселување грчките влади веднаш ја претвориле во конвенција за задолжително иселување на македонското население од егејскиот дел на Македонија. Грчките власти почнале да спроведуваат една политика на државен терор со којашто ќе ги принудат Македонците „доброволно" да се иселат во Бугарија.

Секојдневните малтретирања, убиствата, конфискацијата на имотите земале такви размери што Македонците не биле сигурни дали ќе го „виде утрешниот ден" (37). Во такви услови на терор, од егејскиот дел на Македонија се исели следното население:

Иселеното македонско население во Бугарија во периодот од 1913 до 1928 година (38) :





















Протераното македонско население ја поминувало Бугарската граница оставајќи зад себе роднини, имот (земја, куќи, добиток) за да остапи место на новите грчки колонизатори. „Наутро колони бегалци тргнуваа нагоре, кон Банско и Горно-Џумајско, а навечер доаѓаа нови. И се така со денови..." (39). 

На местото на иселеното македонско население грчката држава почнала да спроведува една активна политика на колонизација на грчко население дојдено од Грција. Оваа грчка државна внатрешна колонизација беше тивка, бесшумна, но упорно спроведена од страна на грчките власти (40). Во еден краток историски период од 1913 до 1928 година во егејскиот дел на Македонија беа колонизирани 53.056 Грци кои потекнувале од следните грчки територии:

Територијалното потекло на грчкото колонизирано население во егејскиот дел на Македонија (1913-1928) (41)












Ова грчко население што ја создавало таканаречената грчка внатрешна колонизација било колонизирано на следниот начин во егејскиот дел на Македонија:

Грчко колонизирано население во егејскиот дел на Македонија (1913-1928)(42)











Со иселувањето на македонското население и со колонизирањето на грчкото население егејскиот дел на Македонија веќе почнал да ги трпи првите почувствителни етнички промени. Поголеми етнички промени се забележуваат во источна и централна Егејска Македонија (Серско, Демир-Хисарско, Кукушко итн) (43).

Продолжува

37 Архив на Македонија (AM), Фонд на Македонски национален комитет (МНК). 1912-1913, к. бр.З.
38 Руменов Владимир, Б`лгарите в, Македонија под грцка власт Македонскии преглсди (МГ1), Софија, кн. 4, стр. 90.
39 В. „Нова Македонија", 19. IX 1975, стр. 5.
40 Грчката внатрешна колонизација која почнала по 1913 година, во различни форми, трае и денес.
41 Statislika apotelezmata tis apografis tu plithizmu Us Hlados tis 15—16 ma- iu 1928, Topos geniscos, Hriskia ke glosa, ipikolis, Aihina, 1935.
42 Пак таму
43 Грчката држава, покрај доброволното иселување, ги користела и сите други можности кој придонесувале за сменувањето на етничкиот состав на населението во егејскиот дел на Македонија. Една од тие можности била и неприфаќањето на Македонците, кои од различни мотиви, заминале во странство. Тие биле запишани во таканаречени „црни книги" и строго им се забрануваше враќањето во родните места.

February 3, 2014

Егејска Македонија 1913-28 (3)

Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) Стојан Киселиновски

2. НЕЈСКИОТ МИРОВЕН ДОГОВОР И „ДОБРОВОЛНАТА" РАЗМЕНА НА НАСЕЛЕНИЕТО МЕЃУ ГРЦИЈА И БУГАРИЈА

По Првата светска војна Европа добила една нова политичка конфигурација. Новата Версајска Европа била далеку од тоа да претставува една сигурна политичка рамка за европскиот политички естаблишмент. Создадените нерешени територијални проблеми што постоеле меѓу Франција и Германија, Унгарија и Романија, Унгарија, Чехословачка и СССР, Југославија и Унгарија, Австрија и Југославија, Албанија и Југославија, Југославија и Италија, Австрија и Италија, Грција и Бугарија, СССР и Романија, Полска и Германија (32), како и постоењето на нерешените национални прашања (македонското, баскиското, фламанското), создавало од една страна еден територијален проблем, а од друга страна постоело едно нерешено национално прашање што самото по себе сериозно ја дестабилизирало политичката ситуација во Европа (33). Речиси не постоела во југоисточна Европа ниту една држава со една нација и националниот момент бил повеќе или помалку присутен во сите (34).

Балканот бил синтеза и класичен пример на нерешени национални и територијални прашања. По Версајскиот мировен договор ниту една балканска држава не била национално хомогена. Во Југославија, на пример, од вкупно 12.055.688 жители колку што имаше во 1924 година, побројната нација (Србите) не претставувале ни половина од целокупното население (35).

Во Романското кралство ситуација била слична. Co создавањето на „Голема Романија" по добивањето на Јужна Добруџа, Ердеј, Беасарабија, Северна Буковина и романски Банат, Романија станала многу национална земја. Во романското кралство живееле 1.500.000 Унгарци, 800.000 Германци, 400.000 Бугари, 300.000 Руси и повеќе од еден милион еврејско население распострането по целата територија на версајска Романија.

Грчкото кралство, по неговото големо територијално проширување кон негрчките историски територии, престанало да биде национално хомогено. Само во егејскиот дел на Македонија и Западна Тракија живеело скоро 1 милион негрчко население.
Во Бугарија исто така живеело многубројно македонско, турско и ерменско население кое претставувало 16,8% од целокупното население што живеело во Бугарија по Нејскиот мировен договор.

Создавањето на Версајска Европа со многу нерешени национални и територијални проблеми, со малцински прашања, ја принудило конференцијата овој проблем задолжително да го реши во рамките на новосоздадениот status quo во Европа. Принципот што бил прифатен за решавањето на малцинските проблеми беше принципот за почитување и признавање на малцинските права во рамките на новосоздадените држави (36). Исклучок од овој принцип постоел во мировниот договор меѓу Грција и Бугарија, кои теоретски го прифати принципот за почитување на правата на малцинствата, но и со право и можност на „доброволно" иселување на малцинското население. На 27 ноември 1919, врз основа на членот 56 од Нејскиот мировен договор, меѓу Грција и Бугарија се потпишала и конвенцијата за „доброволно" иселување на Грците од Бугарија и „Бугарите" од Грција.

Продолжува

32 Станува збор за Алзасија и Лоренија, Ердеј (или Трансилванија), Карпатска Украина, Војводина, Корушка, Косово, Истра, Јужен Тирол, Западна Тракија, Бесарабија и Северна Буковина, Шљоиск и Поморје.
33 Во Белгија не постоело национално угнетување. Фландриското население барало поголема економска и културно - јазична афирмација на фландрискиот регион. Во 1922 година Фландрискиот јазик, покрај францускиот, станал официјален јазик во Белгија
34 Во Финска, на пример. доминантната нација претставувала 89,3% од целокупното население, во Естонија 88.2%, во Бугарија 83.2%, во Литванија 80,4%, во Романија 76%, во Полска 69,1%, а во Чехословакија и Југославија 42%.
35 Во Југославија од вкупно 12.055.686 жители, 7 милиони (Хрвати, Словенци. Македонци, Црногорци. Албанци и денешните Муслимани) се чувствувале за одделни нации.
36 Почитувањето на малцинските права се предвидувало и во мировните договори со Полска, Романија, Југославија, Чехословачка, Грција итн.

January 18, 2014

Егејска Македонија 1913-28 (2)

Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) Стојан Киселиновски

1. БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ И ПРВИТЕ МИГРАЦИОНИ ДВИЖЕЊА ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Првите посериозни етнички промени во егејскиот дел на Македонија се појавиле уште во текот на Првата балканска војна. Грчката војска уште во текот на Првата балканска војна ја окупирала денешна југо-западна Македонија (Кожани, Костур, Лерин), дел од централна Егејска Македонија и градот Солун. Паралелно со воените операции, грчките војски почнале еден вистински воен поход против турското и другото муслиманско население што живеело во егејскиот дел на Македонија. Речиси сите турски села биле изгорени, населението било тероризирано или убиено и голем број Турци, избезумени, барале заштита во Солун или неповратно заминале за Турција. Само во Правешката каза, на пример, каде што живееле 20.000 Турци, во секое село биле убиени од еден до дваесет души со што се принудувало турското и другото муслиманско население да емигрира од Македонија (25).

Во периодот на Првата балканска војна и македонското население било поставено под силен политички, економски и психолошки притисок од страна на грчките војски. Во Костурска околија, на пример, Грците ги советувале Македонците да се декларираат за Грци, да го прифатат грчкиот јазик зашто во спротивно „... животот нема да им биде лесен" (26). Истовремено биле опљачкани и македонските имоти, и биле палени училиштата, архивите, книгите и тн (27).

Co Втората балканска војна размерите на оваа политика на геноцид пораснаа и добија антимакедонски карактер. „Имајќи полно сознание за значењето на новата војна која ќе ја решаваше судбината на нацијата, пишувал М. Маркезинис, стапивме во неа "...со поголема омраза и фанатизам" (28). Меѓу грчките војници, селани со ниско интелектуално ниво, кружеле слики како грчкиот војник го јаде челото на противникот. На тој начин ѕверските склоности на грчките војници беа ослободени и лишени од секакво воено достоинство и морал. Се што беше македонско беше разрушено со ретка свирепост, а Македонците - наречени Бугари - беа сметани за животни. Злосторствата на грчките војски (палењето на градовите и селата, јавните и колективните силувања, масовните убиства), земале такви размери што пред грчкото воено злосторство почнало да се колеба дури и мајчинското чувство. „Многу мајки, констатирале членовите на Карнагиевата комисија, ги губеле децата, оставајќи по некогаш едно, со надеж дека ќе го спасат другото" (29). Злосторствата на грчката војска ги обелоденија и писмата на грчките војници што паднале во рацете на бугарската војска. „Ние ги изгоревме селата како ни беше заповедено, ги убиваме младите..." се вели во едно писмо. „Тоа што правиме... е неописливо. Тоа е една касапница и Господ знае до каде ќе стигнеме..." се вели во едно друго писмо (30).

Во периодот на Балканските војни грчките војски запалиле 160 населени места, разурнале расцутени градови (Кукуш), a 16.000 Македонци барале спас во Бугарија. Сите овие злосторства грчката војска не ги правела од војничка потреба, туку реализирала и конкретизирала на теренот една претходно нацртана политика за демакедонизација на егејскиот дел на Македонија. „Нема сомневање, пишувале членовите на Карнагиевата комисија, дека едно пространство од 140 км населено од Бугари (Македонци м.б.) беше наполно уништено и речиси сите села изгорени. И не може да се каже дека тоа станало од воена потреба. Грците беа побројни од своите непријатели" (31). И покрај воениот терор во текот на Балканските војни, сепак македонското население остана да живее и понатаму како најкомпактно и најбројно население во егејскиот дел на Македонија.

Продолжува

25 Анкета на Балканите, Аоклап на Карначевата комисија по вопнит. през, 1912-1913, Софија, 1914, стр. 3.
26 Documents relatifs oux actions antibulgares des pouvoir Serbes el grecs en Macedonine ou coure de l'annc 1912—1913, Sofia, p. 257.
27 Пак таму, стр. 24
28 M. Markczinis, Politiki istoria tis neotcras Elados, Athina, 1968, torn. 3,
p. 272.
29 Анкета на Балканите, стр. 26.
30 Пак таму. стр. 32
31 Пак таму, стр. 30

January 2, 2014

Егејска Македонија 1913-28 (1)

Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) Стојан Киселиновски

ГЛАВА ВТОРА СМЕНУВАЊЕТО НА ЕТНИЧКИОТ СОСТАВ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1913-1928)

По Балканските (1912-1913) и особено по „Големата војна" (1914-1918) на Балканот се забележуваат значителни територијални, етнички и економски промени. Малото, но амбициозно за територијално проширување грчко кралство, изгледа ги оствари своите „историски идеали" и не му остануваше ништо друго освен „да се качи на византискиот трон останат празен уште од 1453 година (21).

Co Балканските војни грчката држава значително ги прошири своите политички граници кон север. Co анкетирањето на егејскиот дел на Македонија (34.356 км2) по Букурешкиот мировен договор (1913), грчките политички граници ги надминаа грчките етничко-историски граници. Поголемиот дел од населението што живеело во егејскиот дел на Македонија во своето апсолутно мнозинство било од негрчко потекло. Од вкупно 1.052.227 жители колку што имало во егејскиот дел на Македонија по 1913 година, негрчкото население по потекло, јазик, култура и традиции претставувало 77,50%, а грчкото население по потекло и јазик претставувало само 22,50% од целокупното население.

Co Нејскиот мировен договор грчката држава уште повеќе ги проширила своите политички граници (22). Во составот на грчкото кралство влегувал и западниот дел на Тракија (меѓу реката Места и Марица), каде што живееше мешовито бугарско, турско, грчко и друго различно население. Според јазикот кој што се зборувал во семејството (турски, бугарски, грчки итн.), во западниот дел на Тракија живееле 74.000 Турци, 65.000 Бугари, 56.000 Грци и погрчено население од 195.000 жители колку што живееле во западна Тракија по „Големата војна" (23).

Co анкетирањето на западниот дел на Тракија, негрчкото население што живеело во Грција значително се зголемило. Така, во рамките на грчката држава непосредно по Париските мировни договори, живеело 954.482 негрчко население по потекло, јазик и културни традиции.

По Букурешкиот и Нејскиот мировен договор грчката држава престана да биде национално хомогена (една држава со една нација), па како резултат на ова во самата Грција се појавил еден нерешен национален проблем со население од негрчко потекло кое живеело до 1913 година во својата традиционална етничко-историска територија.

Ставајќи го во темелот на својата држава принципот „таму каде сме ние, нема место за друг", грчката буржоазија веднаш по 1913 година, почнала да спроведува политика за создавање на една држава со една нација, еден јазик и една воља за да создаде од Грција држава на два континента и со пет мориња (24). Веднаш по 1913 и 1919 година, Грција ќе почне да ја реализира политиката на протерување на македонското население и колонизирање на немакедонското население со цел да се измени традиционалниот македонски етничко-историски лик во егејскиот дел на Македонија и да создаде една нова, грчко-етничка историска реалност. Оваа политика на протерување на македонското население и колонизирање на немакедонското население грчката држава ја спровела искористувајќи ги максимално поволните историски услови што се создале за неа во почетокот на XX век. Тие историски услови беа Балканските војни (1912-1913) со Букурешкиот мировен договор (1913), Првата светска војна (1914-1918) со Париските мировни договори (1919) и грчко - турската војна (1920-1922) со Лозанскиот мировен договор (1923) година.

Продолжува

21 Dourmoussis Е, La verite sur un drame historique, La catastrophe de Smyrne septembre 1922, Paris, 1928, p. 13.
22 Станува збор за мирововниот договор склучен мсѓу Бугарија, Грција и други победнички сили во Неј (1919).
23 Jacqucs Ancel, Peuples et Nations des Balkans, Paris, 1930, p. 183.
24 Bo суштина грчката буржоазија ce стремеше пo Балканските и Првата светска војна, да ја реализира и материјализира во Балканот византиската фикција на „Мегали Елада" (Голема Грција) и затоа создаде и специјално Министерство за Северна Грција.

December 17, 2012

Егејска Македонија 1900-13 (4)

Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) Стојан Киселиновски

3. ГРЧКИТЕ СТАТИСТИКИ ЗА НАЦИОНАЛНАТА СТРУКТУРА НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Разгледувајќи ги грчките статистики за националната структура на населението се забележува дека, спротивно на бугарските и српските, грчкиот елемент е тој кој е претставен како најброен елемент во Македонија, односно егејскиот дел на Македонија. Тоа го „потврдуваат“ статистиките на грчкиот Силогос, делата на С. Киреакидес, на В. Колокотронис и други грчки автори (14).

Во грчките статистики и грчките изданија бројниот распоред меѓу македонскиот и грчкиот елемент е различен и секогаш е во корист на грчката нација. Ако бугарските научници го користеле јазикот како елемент за национално определување на населението, грчките научници историчари го отфрлуваат овој елемент, и како основен елемент за докажувањето на бројноста на населението во Македонија ги прифаќаат секундарните фактори, т.е. надворешно манифестирано национално чувство што се изразува преку посета на просвета со наставен мајчин јазик, преку посета на црква со употреба на мајчиниот јазик во богослужбата итн.

Познато е дека националното чувство се создава и развива врз основа на националното потекло кое надворешно формално се изразува и манифестира преку соодветен мајчин јазик, преку посетување на училиште со употреба на мајчиниот јазик и посетување на сопствената црква со богослужба на мајчин јазик. Но дали во Македонија постоењето, на пример, на грчки училишта и грчка црква е потврда дека Македонците се Грци или изразувале некаква грчка надворешна национална свест?

Грција максимално ја искористи византиската историска традиција. Во периодот на турското робување, просветата и црквата беа под грчка јурисдикција и тоа не само во Македонија. Во тој период грчката црква и грчко училиште посетуваа скоро сите христијани. Така и во Македонија, македонското население посетуваше грчка црква и грчка просвета, без тоа да биде израз на некаква грчка национална свест. Затоа грчките научници историчари без исклучок ја земаат просветата (бројот на грчките училишта и бројот на учениците) да потврдат дека грчкиот елемент беше најмногуброен во Македонија. Ако го прифаќале принципот за определување на населението врз основа на националното потекло и принципот на јазикот кој се зборувал во куќата, грчкото малцинство објективно се изразува како незначително малцинство и со тоа грчките научници не ќе ја штителе соодветно и научно грчката кауза и грчките аспирации кон Македонија. Статистиките врз основа на посета на грчко училиште, на грчка црква, им даваат можност на грчките научници историчари да го зголемаат чувствително „грчкото население во Македонија“ со опфаќање и на негрчко население како Македонци, Власи итн.

Просветата и бројот на грчките училишта не можат да бидат научни аргументи, па оттука и резултатите од статистиките врз една ваква основа се далеку од историската реалност и длабоко ја деформираат и затоа создавањето на статистики врз основа на т.н. надворешно манифестирано национално чувство не може да биде прифатено како принцип со научен потфат кога станува збор за Балканот.

Ако во Западна Европа посетата во Алзасија и Лоренија на француска или германска настава е исто така доказ за соодветна национална француска или германска припадност и одраз на француско или германско надворешно манифестирано национално чувство, во Македонија не само што не е одраз на национална припадност, туку не е ни одраз на надворешно манифестирано национално чувство. Реалното манифестирано чувство во Алзасија и Лоренија е одраз на национално Германско и француско потекло, во Македонија тоа е принудно манифестирано чувство создадено од грчкото, српското и бугарското училиште и црква. Реалното македонско чувство Македонецот го манифестирал штом ќе излегол од училиштето - со својот мајчин јазик, со свои македонски народни и црковни обичаи. Затоа постои една македонска историска свест која што нема ништо заедничко со т.н. црковна или просветна свест што со векови се стремеше да ѝ ја наметне грчката црква. Училишната свест, сметаше и Ј. Цвииќ, е „наметната и создадена од пропаганди“ (15).

Исто така посетата на грчка црква не е доказ за постоење кај Македонците на грчка црковна свест, како надворешен израз на грчко национално потекло или грчка национална свест. Посетата на грчка, српска и бугарска црква во Грција, Србија и Бугарија е една реална и природна рефлексија на грчко, српско или бугарско национално чувство. Во Македонија посетата на грчка, српска и бугарска црква и нивните училишта не е реална рефлексија на македонската народна свест. Ова црковна свест не беше ни формален израз на македонската народна свест, туку таа беше историски наметната од страна со желба да се влијае врз македонската народна свест и создавањето, со текот на времето, на друга свест или друго национално чувство кај Македонците. Македонците, на пример, прво посетуваа грчка црква (Патријаршијата) за да се спасат од исламизацијата, по 1870 година посетуваа бугарска црква (Егзархијата) за да се спасат од грцизација, но секогаш се стремеле кон сопствена црква за да се спасат и од бугаризација (16).

Македонската црковна свест, како и македонското национално чувство, во текот на историјата се стремеа кон натамошното потврдување во црквата, просветата, во државноста и тоа во правец на автентична македонска свест (17).

Ниту теоријата на „загубениот јазик“, употребувана за докажувањето на грчкиот карактер на Македонија, нема научна основа. Имено, според ова теорија, целокупното население од Македонија (особено од егејскиот дел на Македонија), без оглед дали дома зборувале македонски, влашки итн, сите се Грци, зашто оние што зборувале на словенски јазик се Грци со „загубен мајчин јазик“. „Овој дијалект (македонски м.б.) беше сиромашен и едноста- вен, пишувал Харитон Коризис, и затоа почнале да го употребуваат и Грците меѓу себе наместо богатиот и тежок грчки јазик“ (18). Поради тоа „Грците во Македонија не зборуваат секогаш грчки и зборуваат на македонски дијалект“ зашто е лесен (19).

Во историјата секако постоеле феномени на исчезнување на еден јазик. Ирците, по окупацијата од страна на Англичаните, постепено го загубиле и го прифатиле англискиот јазик како мајчин јазик. Еден сличен феномен се случи и во периодот на етичка симбиоза меѓу Даките и Римјаните во периодот на формирањето на денешниот романски народ и романски јазик. Паралелно со формирањето на новиот народ се формирал и новиот јазик со асимилирање и исчезнување на послабо културно развиениот народ и јазик. Поразвиениот народ од материјална и духовна страна го наметнува својот белег и понеразвиениот народ, со помал или поголем отпор, го прифаќа овој закономерен неминовен развиток. Затоа, во егејскиот дел на Македонија, не може да постои исклучок, тука постои асимилација но не на грци, туку на словенски јазик. Затоа, врз основа на научните принципи што ги користеле за докажувањето на бугарскиот, српскиот или грчкиот карактер на Македонија, бугарските автори, со соодветните oфадувања дека македонскиот јазик е бугарски, многу повеќе се доближуваат до историската вистинитост и нивните статистики имаат веродостојност. Врз основа на реалниот јазик кој што се зборувал во куќата, т.е. во семејството, во егејскиот дел на Македонија во предвечерието на Балканските војни, живеело следното население:

Националната структура на населението во егејскиот дел на Македонија во 1913 година (20)


По Балканските војни, грчката држава ќе почне да спроведува една активна политика за сменување на етничкиот состав на населението во егејскиот дел на Македонија, т.е. ќе се стреми да ја отстрани традиционалната македонска етничка реалност и да создаде нова, грчко-етничка историска реалност.

14 Грчкиот Силогос во Статистиката публикувана во 1878 година смeтал дека од вкупно 1.330.000 жители колку што имала Македонија. 349.000 биле Турци. 338.000 Бугари, 438.000 Грци, 70.000 Власи и друго население.
Стилипон Кирјакидес сметал дека само во Солунски вилает живееле 373.227 Грци и 207.317 Бугари. Во Битолскиот вилает, според истиот автор живееле 262.283 Грци и 178.410 Бугари.
В. Колокотронис, исто така, сметал дека во Македонија 423.490 Грци и 135.110 Бугари.
15 Јован Цвииќ, цит. дело, стр. 13
16 Во тој однос семнификативна е црковната активиост на Скопскиот митрополит Теодосиј Гологанов
17 Co решението од 23 јуни 1958 година за обновување на Охридската архиепископија,
македонскиот народ слободно можел да ја изрази својата црковна свест, и на тој начин да поправи една голема историска неправда.
18 Hariton Korizis, Makedooia ghi eliniki, Athina, 1950, p. 68.
19 A. Pantulidis, Istoriki ke ehnologiki meleli tu Valkaniki zitimatos, p. 20, s. a., s.l.
20 Во рамкитс ма македонското населeние опфатено и македонското муслиманско населенис. кое според потеклото и јазикот, му припаѓаат на македонската нација. Во периодот од 1878 ло 1913 година макелонското населсние имало непрекинати етнички загуби.

December 15, 2012

Егејска Македонија 1900-13 (3)

Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) Стојан Киселиновски

2. СРПСКИТЕ СТАТИСТИКИ ЗА НАЦИОНАЛНАТА СТРУКТУРА НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Српските буржоаски статистики, во споредба со бугарските и грчките, се разликуваат по бројноста на националната структура на населението во Македонија и во денешна Егејска Македонија. Она што се забележува кај српските статистики е големата разлика на бројноста на населението, како и различните аргументи употребувани за докажувањето на српскиот карактер на Македонија. Иван Иваниќ, М. Веселиновиќ, С. Гопчевиќ, Б. Милоевиќ и други сметале дека мнозинството од населението од Македонија е српско (6а). За научноста на овие автори не треба многу да се зборува. Јован Цвииќ сметал дека Иваниќ и Веселиновиќ ја носат во своите книги првата заблуда, т.е. ненаучност и збрканост (7).

Но најголемата заслуга за српската кауза во Македонија секако му припадналa на Јован Цвииќ. Цвииќ не правел мали, едноставни, очевидни грешки, не создавал статистики со српски белег, како Иваниќ или Гопчевиќ, што кај научната јавност создавало природно сомневање. Тешко дека некој би ја прифатил тезата на Иваниќ кој малку е упатен во македонската јазична проблематика дека македонскиот јазик е српски. Иако словенски, тие се толку далечни што Македонците не го разбираат српскиот јазик (8). Затоа, Joвan Цвииќ вели дека „македонското прашање треба да се стави врз сосем нова основа“ (9). Новиот придонес на Ј. Цвииќ е теоријата на флотантна маса. „Македонските слоеви, пишувал тој, немаат одредена национална свест, немаат свое историско минато, немаат свој литературен јазик“ (10).

Дека Македонците немале свој литературен јазик научно точно е констатирано, но зошто немале литературен јазик не се објаснува во делата на Цвииќ. Кога се создавал српскиот, бугарскиот или грчкиот литературен јазик, немало никакви надворешни мешања.

Македонците немале литературен јазик, но постоеле обиди и покрај тешките историски околности, да се создаде тој јазик. Обидот на К. Мисирков, како одраз на една национална свест, беше научно и политички анатемисан од страна на соседите. Бешe потребно да се задржи македонскиот јазик на ниво на дијалект и да се создаде можност да се манипулира со македонските периферни дијалекти во корист на соседните балкански држави. Самиот Цвииќ ја користи таа можност. Но, Цвииќ, како научник на кој што не му недостига научна логика, секако можел да констатира дека тие македонски дијалекти можеле, во нормални историски услови да создадат македонски литературен јазик. Зашто литературниот јазик може само да го потврдува постоењето на еден народ или нација, но непостоењето на литературен јазик не може да го негира постоењето на една нација или народ.

Заклучокот дека Македонците немале национална свест е ненаучен заклучок. Националното чувство, врз основа на националното потекло, се развива преку целокупната државна културна надградба и преку државата. Бугарската, грчката и српската држава врз основа на српско, грчко и бугарско потекло, развиле кај нивните народи силно национално чувство, но во Македонија не постоеле такви услови. He постоела македонска државност со својата културна надградба, која во краток историски период врз основа на македонско национално потекло, би создавала свесно и силно национално чувство кај Македонците. Фактот што туѓите пропаганди, и покрај усилбите, не создале трајно немакедонско чувство кај Македонците, е потврда за македонската историска свест и чувство, иако не во така развиена форма каква што постоела кај соседните балкански народи поради постоењето на сопствена државност (11).

Можеме да заклучиме дека српските предвоени научници, Главно, немале и не употребувале научни принципи за докажувањето на српскиот карактер на Македонија односно егејскиот дел на Македонија (12). И покрај тоа, српските научници, а особено теоријата на флотантна маса што забележува еден успех кај научниот свет (Вилари Луиги, Едмонт Бушие и други), кои сметале дека Македонците немале ни национален живот ни национална свест. Кај странските научници постои една голема слабост. Имено, тие ја познавале Македонија главно преку посредници, било тоа грчки, српски или бугарски автори. Но објективното кај странските историчари се наоѓа само кај оние што ја посетиле Македонија и кои констатирале дека тука словенскиот елемент е во мнозинство и дека не станува збор за Грци, Срби или Бугари, туку едноставно за Македонци. Карл Хрон, добар познавач на бугарскиот и српскиот јазик, го потврди тоа уште кон крајот на IX век
(13).

6а Спорeд Иван Цвииќ, во Македонија, живееле 400.568 Срби-патријаршисти, 265.408 Срби-епархисти. 400.000 Муслимани, 60.000 Еврeи, 190.639 православни несловени, 15.000 Срби Католици итн. Исто така Б. Милоевиќ, Македонцитс ги нарекувал Срби и сметал дека го преставувале мнозинството од населението што живеело во денешна Егејска Македонија.
7 Јован Цвијиќ Проматрање о етнографији Македонских Словема, Београд, 1906. р. 62.
8 Македонците почнале ла го разбираат и постепено да го учат српскиот јазик дури по 1913 година кога Вардарскиот дел на Македонија падна под политичка управа на Србија.
9 Јован Цвијиќ. цит. дело, стр. 9.
10 Пак таму.
11 Историската реалност, постоењето и секојдневното манифестирање на македонската национална свест во кралството СХС, можеби влијаела врз научната свест на Ј. Цвииќ и како научник со природна интелектуална дарба, можеби ја увидел и интимно ја констатирал македонската историско-етничка реалност.
12 Сима Томиќ. српски пратеник во Македонија, на примср, во својот извештај до српската влада го пишувал и следното дека: „српската литература не дава едно сериозно дело за Македонија“.
13 Карл Хрон, Народноста на Македонските словени, Скопје. 1966. (редакција Христо Андонов-Полјамски).

December 5, 2012

Егејска Македонија 1900-13 (2)

Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) Стојан Киселиновски

1. БУГАРСКИТЕ СТАТИСТИКИ ЗА НАЦИОНАЛНАТА СТРУКТУРА НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Бугарските автори, како на пример - Васил К'нчов, Д. М. Бранков, Јордан Иванов и Владимир Руменов - секако имаа големо влијание врз научниот свет, и нивните дела не ретко се употребувани за докажувањето на бугарскиот карактер на Македонија (2). Ние ќе се обидеме да ги анализираме трудовите на В. К'нчов и Д. М. Бранков зашто етничките податоци на овие двајца бугарски автори се сметаат како најверодостојни и другите бугарски автори настојуваат да ја потврдат етничката состојба на Македонија, цитирајќи или земајќи ги како мериторен доказ.

Статистиката на Васил К'нчов за етничката состојба во егејскиот дел на Македонија не е заснована врз црковната припадност или јазичната припадност според јазикот во наставата (грчки, српски или бугарски), туку според јазичната припадност во семејството. Затоа за К'нчов куќата, со соодветниот говорен јазик во семејството, е основниот елемент за определување на населението на една националност (3). Според К'нчов, врз основа на јазикот што се зборувал во куќата, во егејскиот дел на Македонија живееле 358.290 или 49,92%, Бугари, 218.742 или 30,48% Грци, 59.720 или 8,32% Евреи, 34.427 или 4,80% Власи, 30.726 или 4,29% Роми, 6.875 или 0,95% Албанци и 8.910 или 1,24% различно население по потекло и јазик (4). На исти заклучоци за националната структура на населението во денешна Егејска Македонија дојдоа и Д. М. Бранков и Владимир Руменов (5).

Како што видовме, принципот што го употребувале бугарските автори, за разлика од грчките, е јазикот како елемент за национално определување на населението. Македонците под егзархиска или патријаршиска црковна припадност со говорен „бугарски јазик“ во семејството биле сметани за Бугари. Принципот, народот со ист јазик, но со различна црковна припадност да му припаѓа на ист етност, не е само научен, туку точен и логичен. Унгарскиот народ е единствен, иако според црковната припадност тие се католици или протестанти. Баварските Германци се католици, но тоа не им пречи да бидат исто така Германци како и северните протестанти Германци.

Бугарската држава беше не малку заинтересирана за Македонија. Овој великодржавен интерес го заштитуваше и бугарската историографска наука и затоа кај бугарските историчари има неточности, и јазикот на кој што зборувале Македонците тие го сметале за бугарски, a со тоа и населението беше сметано за бугарско.

Основниот пропуст на бугарските автори се состои од тоа што тие сметале дека македонскиот јазик е дел од бугарскиот. Никој не негира, и ќе биде антинаучно да се негира, дека не постоеле и дека не постојат заеднички елементи со бугарскиот јазик и со народот, но исто така македонскиот јазик има заеднички елементи со други словенски балкански јазици. Ова зближување е природно поради заедничкото словенско потекло и не треба да се извлекуваат политички, туку научни заклучоци. И Украинците имаат општи црти со Русите и никој не ги смета за Руси. Белорусите исто така се блиски со Русите, но никој денеска не им го оспорува самостојното постоење како различен народ од Русите и Украинците. Иста е положбата на словачкиот народ и јазик со чешкиот народ и чешкиот јазик. Заедничките особини, заедничката историја во минатото, словачкиот народ како и македонскиот народ и јазик, ги негуваше во себе и тие посебни белези што му го гарантираа објективното постоење, истите му даваат морално историско право да се сметаат за посебна нација Затоа К. П. Мисирков се залагаше за зачувањето на тој народен, македонски јазик, кој Бугарите го нарекуваат бугарски и кој бил присутен само во просветата и егзархиската црква, а не и во секојдневниот живот (куќата, пазарот, свадби, седенки итн). Затоа Крсте Мисирков е и првиот македонски историчар кој се обиде да создаде и една етничка статистика за приморска Македонија врз основа на македонскиот јазик, кој всушност и беше присутен во куќата, т.е. во семејството (6).

Ако од една страна, докажувањето на бугарските автори за бројноста на еден етнички елемент над другиот врз основа на јазикот кој се зборувал во семејството е точно, од друга страна, тие прават еден компромис со великобугарската политика, сметајќи го македонскиот јазик за бугарски и со тоа македонскиот народ за дел од бугарскиот народ. Затоа, кога станува збор за бугарски народ во Македонија, тој нема етнички и национален карактер, туку само политички и реално, под тој збор се крие друга националност, co иста и точна бројност што ја даваат, но со македонски национален карактер. Co употребувањето на јазикот како елемент за национално определување, со соодветните научни оградувања за бугарскиот карактер на македонскиот јазик, тие сепак најповеќе се доближуваат до историската вистина и даваат една пореална слика за етничкиот лик на денешна Егејска Македонија.

Странските научници го прифатиле ова гледиште. Леон Ламуш, Е. Купер, М. Иречек, Вејган и Верковиќ констатирале дека словенското население беше најмногубројно во Македонија.

2 Особсно делата на В. К'нчов имаа посебно влијание.
3 Овој принцип кажи за цела Македонија, но ние ќе се задржиме само на оние делови од Македонија што по 1913 година паднале под грчка политичко-административна управа.
4 Васил К’нчов. Избрани произвиденија, Софија 1970, том.2, стр. 440-581. По поделбата на Македонија од 1913 година незначителен број од оваа население влезе во составот на Бугарија и Југославија, но без да влијае сериозно врз етничката состојба на Егејска Македонија. Покрај христијанското население во Македонија живеело и муслиманско население, главно турско.
5 Во 1905 година во Париз. Д. М. Бранков ја публикува својата книга „La Маcedoine et ѕа population Chretienne". Според Бранков во денешна Егејска Македонија живееле 382.054 Бугари, 133.782 Грци, 26.153 Власи, 2.994 Албанци, 9.632 Роми или вкупно 554.615 жители. Статистиката на Бранков го опфаќа само христијанското население што живеело во Македонија.
Според Владимир Руменов во егејскиот дел на Македонија пo 1913 година живееле 339.369 Бугари, 314.854 Турци, 245.251 Грци. 68.206 Евреи, 44.414 Власи, 25.308 Роми, 15.108 Албанци и 8.016 различно население.
6 Blaze Ristovski, Prvata nacionalna etnografska statistkia na Makedoncite, Etnoloski Pregled br. 8-9, Beograd, 1969, p. 65-70.

December 3, 2012

Егејска Македонија 1900-13 (1)

Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) Стојан Киселиновски

ПРЕДГОВОР

Историскиот детерминизам влијае негативно или позитивно врз историската судбина на народите. Балканскиот историски детерминизам, детерминиран од европскиот, сериозно влијаеше врз историската судбина на македонскиот народ.

Co Букурешкиот мировен договор од 1913 година, во историјата на македонскиот народ завршува „историскиот“ и почнува „праисторискиот“ период. Негативниот грчки историски детерминизам крајно негативно влијаеше врз историската судбина на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија. Co своето појавување на историскиот терен во егејскиот дел на Македонија, грчкиот политички историски детерминизам, со својот екслузивен грчки национализам, ја стави под прашање и биолошката егзистенција на македонскиот народ.

Co желба да создаде „една држава, со една нација“, грчкиот историски политички фактор ја почна својата геноцидна политика против македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија. Протерувањето, угнетувањето и асимилацијата на македонското население, колонизацијата на немакедонското население (грчко и негрчко), отпорот на македонскиот народ, афирмацијата на македонските национално-културни вредности во егејскиот дел на Македонија, политичкото третирање на македонското национално прашање од страна на КПГ, е всушност предмет на овој труд.

При обработката на темата „Егејскиот дел на Македонија (1913-1989)“ на самиот почеток треба да се истакне дека имаше објективни тешкотии. Архивите на соседните земји (особено грчките), кој несомнено кријат драгоцени историски податоци, што би овозможиле посестрано, поаргументирано и пообјективно презентирање на дадената проблематика, беа недостапни.

Во отсуството на архивските материјали од соседните земји, поголемо внимание се обрна на публикуваните архивски извори, на архивот на Македонија и на соодветната историска литература.

Се стремевме, во рамките на постоечките можности, да го објективизираме историското минато на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија, народ кој, како никој друг, страдаше како во услови на мир, така и во услови на војна...

АВТОРОТ

ГЛАВА ПРВА НАЦИОНАЛНАТА СТРУКТУРА НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ВО ПОЧЕТОКОТ HA XX ВЕК

(1900-1913)

Населението што живееше во Македонија имаше различно потекло, различна црковна припадност, а беше различно и по својата бројност. За бројноста и националната припадност на населението што живееше во Македонија, односно егејскиот дел на Македонија, постои обемна и разновидна литература.

Соседните балкански држави, со желба да ги оправдаат своите територијални претензии спрема Македонија, ја користеле историската наука како силен аргумент со кој ги оправдуваа своите историски и национални интереси во однос на Македонија. Интелектуалните сили на овие балкански држави беа ставени во служба за докажувањето на божемниот грчки, српски и бугарски карактер на Македонија.

Статистиките што беа создадени за докажувањето на бројноста и националната структура на населението во егејскиот дел на Македонија, поради различните државни интереси на претендентите на Македонија, беа многу различни и секогаш контрадикторни.

Критикувајќи ја научноста на балканските статистики Wurbain Andre констатира дека тие биле „намерно фалсификувани“ (1). Сепак постои една историска вистина, една реалност, која во поголема или помала мера треба да биде присутна. Она што се забележува во статистиките за националната структура на населението во Македонија е разликата во теоретските принципи што стојат во темелот на грчките, српските и бугарските статистики. Ние ќе ги прегледаме и ќе се обидеме да извлечеме заклучоци не врз основа на едноставното прифаќање на еден или друг заклучок (Васил К'нчов или Јован Цвииќ), туку ќе се обидеме, врз основа на научноста на употребените принципи што ги користеле за докажувањето на грчкиот, бугарскиот и српскиот карактер на Македонија, да се доближиме до релативната етничка состојба во егејскиот дел на Македонија. Ова е можниот и логичен начин да се доближиме до една мината историска реалност, да се доближиме макар до релативната историска вистинитост.

1. Andre Wurbain, L'echange greco — bulgare des minorites ethnique, Loussane.1930, p. 23.