Често пати бугарските пропагандисти лажат дека тоа што дејците на МРО подоцна го вклучиле и Одринско во својата програма, го докажува наводниот „исклучив бугарски“ карактер на Организацијата.
Таквите бугарски лаги и неосновани толкувања ги побива Ѓорче Петров, уште во 1894. Тој практично вели дека ТМОРО (подоцна ВМОРО) ќе биде сојуз помеѓу Македонците и Бугарите во Одринскиот Вилает, заснован на заеднички интереси:

„Положбата на нас Македонците во последниов период сè повеќе се влошува... Соседните ослободени држави го прибираат македонското население, од коешто половината не се ни враќа на својата земја, а нив ги заменуваат заселници Турци и Черкези - Mаџири. Отоманските власти дозволуваат да се разгоруваат разните пропаганди на соседите, дозволуваат разни убиства и грабежи врз христијанското население. Сето тоа јасно ја покажува положбата на нашата ни мила татковина Македонија, а така е и во Одринскиот Вилает... Ние мора да преземеме дејства за да го свртиме вниманието на цел Свет, одново да го актуелизираме македонското прашање, а патем и прашањето на Одринско. Но, за таа цел нужно е сите Македонци да се обединиме, и здружно да дејствуваме.“ (весник „Лоза“, бр. 5, с. 36-38, 1894)
Извор: ВМРО
No comments:
Post a Comment