Многу дециден опис на Македонците од горенаведениот аспект претставува еден извадок од статија, објавена во „Цариградски весник“ од Цариград во бројот од 3 март 1860 година од непотпишан автор. Оваа статија претставува уште едно сведоштво дека во денешната македонска нација тече крвта на славните антички Македонци и дека за тој факт биле свесни и Македонците од 19 век. Овде читаме:
Во 1865 година забележан е еден спор помеѓу македонскиот деец Венјамин Мачуковски и некој Грк, околу припадноста на Македонија врз основа на монетите од Александар Македонски. Мачуковски бил и посебно ангажиран од страна на босанскиот фолклорист Верковиќ во барањето македонски народни песни за овој голем македонски цар.
И самиот босански фолклорист Стефан Верковиќ, кој во 19 век престојувал во Македонија, за Македонците од југозападниот дел на Македонија тврдел дека во најголем број му припаѓале на коленото Пуливаковци. Ова колено (пошироко семејство, род) го опфаќало целото население од повеќе македонски градови од југозападна Македонија. Пишувајќи за етничката свест на Пуливаковци (некаде во шеесеттите години на 19 век), Верковиќ запишал:
За директен потомок на античките Македонци себеси се сметал и истакнатиот македонски учител, писател и револуционер Иван Шумков од Крушево. Тој во шеесеттите и седумдесеттите години од 19 век работел како учител во Солун и притоа објавил неколку книги. Во еден спор со бугарскиот учител Салганџиев, Шумков изјавил дека не е Бугарин, туку чист Македонец, какви што биле славните Филип и Александар Македонски. Во 1871 година на Учителскиот собир во Прилеп Шумков се заложил за воведување на македонскиот јазик во училиштата во Македонија.
На бугарскиот учител Салганџиев и внукот на солунскиот првенец Паунчев му се претставил како (цитат): „чист Македонец, како што беа Филип и Александар Македонски.“ (Подетално кај: Христо Андоновски: „Јужна Македонија од античките до денешните Македонци“, Скопје, 1995 год., стр. 55).
Дури и бугарскиот национален деец и егзархиски агент Петко Славејков пишувал за овие тенденции меѓу Македонците. Иако тој, во духот на егзархизмот и бугаризмот, ги напаѓа овие тенденции, преку неговото писание јасно се гледа дека тие биле широко распространети помеѓу Македонците од 19 век. Во својата статија „Македонското прашање“, објавена на 18 јануари 1871 година, Славејков напишал:
Одговарајќи на ваквата провокација, македонскиот деец Димитар Македонски во својата статија „По македонското прашање“, објавена на 16 февруари 1871 година, запишал:
На Славејков и на сличните нему, кои сѐ уште ги има во и околу Македонија, денес ќе им одговориме дека токму поради дејноста на таквите како нив - агенти на странските анти-македонски пропаганди, Македонците биле оневозможувани самите да си ја проучуваат сопствената историја и да понудат докази за својата историска автохтоност и национална засебност. Од страна на анти-македонските пропагандисти доказите за националната засебност на Македонците биле криени од нашите предци и наместо нив, им биле поттурани наводни „докази“ за нивната инородна припадност.
Античко-македонското етничко потекло, како свое етничко потекло, го прифаќале и водачите на славното македонско Кресненско востание. Така на пример во Уставот на Македонскиот востанички комитет од 1878 година, кој го организирал и подигнал ова востание против турската окупација на Македонија, помеѓу другото, пишува:
Големиот македонски писател и револуционер Ѓорѓија Пулевски исто така пишувал дека Македонците имаат античко-македонско етничко потекло. Ќе наведеме извадок од неговата поема „Самовила Македонска“ од 1878 година:
Ѓорѓија Пулевски, во 1878 година, во врска со Македонското востание против турската окупација на Македонија, напишал:
Ќе наведеме и извадок од Манифестот на илегалната Привремена влада на Македонија, објавен во април 1881 година:
Членови на оваа илегална влада и потписници на овој повик биле истакнатите македонски национални дејци од крајот на 19 век: Васил Симов, Петро Јованов, Христо Ѓоргов, Никола Трајков и уште еден, по име Коста. Блиски со оваа влада биле и македонските национални дејци: Л. Вулгарис (кој дејствувал и во Атина и кој подоцна бил уапсен од Турците во Солун) и Васил Дијамандиев (кој поради својата дејност бил уапсен во Пловдив од бугарската полиција и спроведен на распит во Софија). Оваа влада одржала и Национално собрание на кое присуствувале вкупно 32 делегати речиси од цела Македонија. Во Протоколарното решение што притоа било донесено, меѓу другото, се барало:
Поради дејствата на Привремената влада и заради нелегалното уфрлување на македонски чети во Турција, Грција и Бугарија ги затвориле своите граници кон Турција.
Во контекст на сето ова би можеле да ја цитираме и малку познатата изјава на познатиот македонски поет и писател Глигор Прличев, кој е еден од многуте наши преродбеници што грчките и бугарските пропагандисти сакаат да си ги присвојат. Па, еве што изјавил лично Глигор Прличев во 1885 година во Солун, по повод 1000-годишнината од смртта на свети Методиј:
И покрај влијанието на грчката и на бугарската пропаганда, под кои попаднале македонските собирачи на народни умотворби браќата Миладиновци во тие бурни времиња на национално себенаоѓање, малку е познато дека Димитар Миладинов покажувал голем интерес кон историјата на античките Македонци. За една негова полемика со еден Грк, сведочи лично писателот Рајко Жинзифов, кој во врска со ова запишал:
Во една статија објавена во весникот „Македонија“, што тогаш излегувал во Русе (Бугарија) во 1888 година, од автор кој се потпишал само со иницијалите К.Г., пишува:
За големиот македонски преродбеник Исаија Мажовски античките Македонци и Словените претставувале потполно ист народ. Еве што, помеѓу другото, изјавил во неговиот говор одржан на бродот Рицар, за време на пловидбата по Дњепар, Русија, во 1888 година:
Неколку години по говорот што го одржал Мажовски, Ѓорѓија Пулевски во 1892 година ја објавил својата „Славјаномакедонска општа историја“, во која за Македонците запишал:
Славата на македонскиот цар Александар Македонски не ги заобиколила ниту македонските национални дејци од крајот на 19 век, наречени лозари. На еден нивен таен состанок, што се одржал на 19 јуни 1889 година во хотелот „Конкордија“ во Софија, на кој, помеѓу другите присуствувале и: Коста Шахов, Димитар Македонски, Г. Георгиев, И. Шумков, Ножаров, браќа Иванови, Ќузлиев, Мандушев и други, било дискутирано околу преземањето на натамошни активности, па во таа смисла значаен простор и бил отстапен на дискусијата за Александар Македонски.
Подоцна лозарите биле жестоко напаѓани од страна на бугарските весници, а посебно од публицистот Левов, кој во својата статија, објавена во април 1892 година, ги обвинил лозарите дека биле сепаратисти, кои себеси се нарекувале како Македонци и кои тврделе дека (цитат):
Ако го спомнеме и фактот дека блиски до лозарите биле и: Гоце Делчев, Даме Груев, Христо Матов, Иван Хаџиниколов, Петар Поп-Арсов и другите, ова сведоштво има уште поголема тежина.
Во 1894 година, Петар Поп-Арсов објавил брошура, во која критикувајќи ја бугарската пропаганда во Македонија и конкретно Бугарската егзархија, помеѓу другото напишал:
Античко-македонската традиција не го заобиколила ниту Марко Цепенков, кој во една сопствена творба од 1899 година запишал:
Да ја спомнеме и статијата од познатиот албански револуционер Водани, објавена во емигрантскиот албански весник „Shqiperia“ (ноември, 1898). Во оваа статија Водани, меѓу другото, вели:
Рускиот славист и македонист (инаку роден Бугарин) Петар Драганов, во 1900 година во врска со античката македонска историја изјавил:
„Оваа земја е Македонија и ако ја погледнеме природата, наравите, обичаите, карактерот на жителите, нивниот став, нивната физиономија, исцело ќе ги препознаеме истите оние мажи што во старо време ги сочинувале фалангите на Александар Македонски.“ (цит. според Блаже Ристовски).
Во 1865 година забележан е еден спор помеѓу македонскиот деец Венјамин Мачуковски и некој Грк, околу припадноста на Македонија врз основа на монетите од Александар Македонски. Мачуковски бил и посебно ангажиран од страна на босанскиот фолклорист Верковиќ во барањето македонски народни песни за овој голем македонски цар.
И самиот босански фолклорист Стефан Верковиќ, кој во 19 век престојувал во Македонија, за Македонците од југозападниот дел на Македонија тврдел дека во најголем број му припаѓале на коленото Пуливаковци. Ова колено (пошироко семејство, род) го опфаќало целото население од повеќе македонски градови од југозападна Македонија. Пишувајќи за етничката свест на Пуливаковци (некаде во шеесеттите години на 19 век), Верковиќ запишал:
„Кај Пуливаковците постои предание дека се чисти Македонци и потомци на Александар Велики. Долно-Поленците, а особено тие што живеат во околината на Пазар се гордеат со старата столица, т.е. со градот Бела, од кој останале само една кула и една карпа, висока пет аршина.“ (Верковиќ: „Македонски народни умотворби 5“, Македонска книга, Скопје, 1985, стр. 138).
За директен потомок на античките Македонци себеси се сметал и истакнатиот македонски учител, писател и револуционер Иван Шумков од Крушево. Тој во шеесеттите и седумдесеттите години од 19 век работел како учител во Солун и притоа објавил неколку книги. Во еден спор со бугарскиот учител Салганџиев, Шумков изјавил дека не е Бугарин, туку чист Македонец, какви што биле славните Филип и Александар Македонски. Во 1871 година на Учителскиот собир во Прилеп Шумков се заложил за воведување на македонскиот јазик во училиштата во Македонија.
На бугарскиот учител Салганџиев и внукот на солунскиот првенец Паунчев му се претставил како (цитат): „чист Македонец, како што беа Филип и Александар Македонски.“ (Подетално кај: Христо Андоновски: „Јужна Македонија од античките до денешните Македонци“, Скопје, 1995 год., стр. 55).
Дури и бугарскиот национален деец и егзархиски агент Петко Славејков пишувал за овие тенденции меѓу Македонците. Иако тој, во духот на егзархизмот и бугаризмот, ги напаѓа овие тенденции, преку неговото писание јасно се гледа дека тие биле широко распространети помеѓу Македонците од 19 век. Во својата статија „Македонското прашање“, објавена на 18 јануари 1871 година, Славејков напишал:
„Многупати имав слушнато од македонистите дека тие не биле Бугари, туку Македонци, потомци на древните Македонци и секогаш сме чекале докази за тоа, но не сме ги дочекале...“
Одговарајќи на ваквата провокација, македонскиот деец Димитар Македонски во својата статија „По македонското прашање“, објавена на 16 февруари 1871 година, запишал:
„Македонците не се изгубиле од лицето на Земјата, како што некои си дозволуваат да велат, зашто, колку што знаеме ние, тие не згрешиле некогаш, па да зине земјата и да ги голтне.“ (цит. според Блаже Ристовски).
На Славејков и на сличните нему, кои сѐ уште ги има во и околу Македонија, денес ќе им одговориме дека токму поради дејноста на таквите како нив - агенти на странските анти-македонски пропаганди, Македонците биле оневозможувани самите да си ја проучуваат сопствената историја и да понудат докази за својата историска автохтоност и национална засебност. Од страна на анти-македонските пропагандисти доказите за националната засебност на Македонците биле криени од нашите предци и наместо нив, им биле поттурани наводни „докази“ за нивната инородна припадност.
Античко-македонското етничко потекло, како свое етничко потекло, го прифаќале и водачите на славното македонско Кресненско востание. Така на пример во Уставот на Македонскиот востанички комитет од 1878 година, кој го организирал и подигнал ова востание против турската окупација на Македонија, помеѓу другото, пишува:
„Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме по планините и горите македонски, ние служиме како Македонска војска на Александар Македонски за слободата со нашата девиза: Смрт или слобода!“ (цит. според Блаже Ристовски).
Големиот македонски писател и револуционер Ѓорѓија Пулевски исто така пишувал дека Македонците имаат античко-македонско етничко потекло. Ќе наведеме извадок од неговата поема „Самовила Македонска“ од 1878 година:
„Дал сте чуле, Македонци, стари људи оти говорат:
Од Македонци појунаци над них не било -
Цар Александар Македонски триста лета пред Христа
со Македонци сву вселену повладал...
Ево днеска в македонској кралевини наши браќа тужат
зашто само назе под ропство оставјат
зато и мие хоштеме своју домовину...
Браќа наши Македонци од православна вера,
да се сви сложиме, јуначки бориме,
како наши стари под цар Александром,
повтор спомен своим имам по нас оставиме!
Историју стару да оживиме.“
Ѓорѓија Пулевски, во 1878 година, во врска со Македонското востание против турската окупација на Македонија, напишал:
„Со Бога напред, напролет ќе удриме на Турција сите ние синови славомакедонски. Или сите ќе изгинеме, или повторно ќе го издигнеме царството на Александар Македонски!“ (цит. според Блаже Ристовски).
Ќе наведеме и извадок од Манифестот на илегалната Привремена влада на Македонија, објавен во април 1881 година:
„Македонци,
Нашата мила татковина Македонија некогаш била една од најславните земји. Македонскиот народ ги удри првите темели на воената вештина и со своите победнички фаланги и со Аристотеловата вештина го цивилизира човештвото. Но таа, некогаш толку славна наша татковина, денес е на прагот на својата пропаст поради нашите грешки и поради заборавот за нашето потекло. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја земат нашата земја и да ја уништат нашата народност, која светејќи со таков сјај, не може и никогаш нема да пропадне!...
Вистински Македонци, верни деца на татковината! Зарем ќе трпите нашата мила земја да пропадне? Погледнете ја како во ропството е покриена со рани што ѝ ги направиле околните народи. Погледнете ја и видете ѝ ги нејзините тешки синџири што ѝ ги прави султанот. Наоѓајќи се во ваква немоќ и гледајќи ја целата расплакана, нашата мила Македонија, нашата мила татковина не вика: Вие што сте мои верни деца, вие што по Аристотела и Александра сте мои наследници, вие во чии што жили тече македонска крв, не оставајте ме да умрам, туку помогнете ми! Каква жална глетка за вас, вистински Македонци, ќе биде ако станете очевидци на мојот погреб? Не! Не! Еве ви ги моите крвави грозни рани, еве ви ги моите тешки синџири: скршете ги нив, излекувајте ми ги раните, направете сѐ на знамето што ќе го кренам да биде напишано: Единствена и обединета Македонија!... Да живее македонскиот народ! Да живее Македонија!... Македонци, сетете се на Вашето потекло и немојте да се откажувате од него!'“
Членови на оваа илегална влада и потписници на овој повик биле истакнатите македонски национални дејци од крајот на 19 век: Васил Симов, Петро Јованов, Христо Ѓоргов, Никола Трајков и уште еден, по име Коста. Блиски со оваа влада биле и македонските национални дејци: Л. Вулгарис (кој дејствувал и во Атина и кој подоцна бил уапсен од Турците во Солун) и Васил Дијамандиев (кој поради својата дејност бил уапсен во Пловдив од бугарската полиција и спроведен на распит во Софија). Оваа влада одржала и Национално собрание на кое присуствувале вкупно 32 делегати речиси од цела Македонија. Во Протоколарното решение што притоа било донесено, меѓу другото, се барало:
„Од сите заинтересирани влади да биде побарана реставрација на античка Македонија. Ќе се упати и повик до сите љубители на слободата и од сите родољубиви мажи ќе се побараат благородни жртви.“
Поради дејствата на Привремената влада и заради нелегалното уфрлување на македонски чети во Турција, Грција и Бугарија ги затвориле своите граници кон Турција.
Во контекст на сето ова би можеле да ја цитираме и малку познатата изјава на познатиот македонски поет и писател Глигор Прличев, кој е еден од многуте наши преродбеници што грчките и бугарските пропагандисти сакаат да си ги присвојат. Па, еве што изјавил лично Глигор Прличев во 1885 година во Солун, по повод 1000-годишнината од смртта на свети Методиј:
„Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив... Ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера и кои ќе го прославуваат македонското име!“ (цит. според Блаже Ристовски).
И покрај влијанието на грчката и на бугарската пропаганда, под кои попаднале македонските собирачи на народни умотворби браќата Миладиновци во тие бурни времиња на национално себенаоѓање, малку е познато дека Димитар Миладинов покажувал голем интерес кон историјата на античките Македонци. За една негова полемика со еден Грк, сведочи лично писателот Рајко Жинзифов, кој во врска со ова запишал:
„Пред доказите на Миладинов, Гркот замолча. Тој му зборуваше на Гркот не само за денешните Македонци, туку и за древните Македонци на Филип и Александар...“ (цит. според Блаже Ристовски).
Во една статија објавена во весникот „Македонија“, што тогаш излегувал во Русе (Бугарија) во 1888 година, од автор кој се потпишал само со иницијалите К.Г., пишува:
„Нашата татковина Македонија си има историја за своето минато, каде што се гледа нејзината моќ, величина, како и нејзиното политичко потчинување под власта на тогаш моќната Турска империја... Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост!“ (цит. според Блаже Ристовски).
За големиот македонски преродбеник Исаија Мажовски античките Македонци и Словените претставувале потполно ист народ. Еве што, помеѓу другото, изјавил во неговиот говор одржан на бродот Рицар, за време на пловидбата по Дњепар, Русија, во 1888 година:
„Многупочитувани господа, македонскиот народ е словенски народ од пред 2600 години, кој бил доведен во Македонија од царот Каран, кој, исто како Филип и Александар, бил чист Словен...“ (цит. според Блаже Ристовски).
Неколку години по говорот што го одржал Мажовски, Ѓорѓија Пулевски во 1892 година ја објавил својата „Славјаномакедонска општа историја“, во која за Македонците запишал:
„Македонците се староседелци на Полуостровот. Тие го пречекале доселувањето и на Бугарите и на Грците и на Србите.“ (цит. според Блаже Ристовски).
Славата на македонскиот цар Александар Македонски не ги заобиколила ниту македонските национални дејци од крајот на 19 век, наречени лозари. На еден нивен таен состанок, што се одржал на 19 јуни 1889 година во хотелот „Конкордија“ во Софија, на кој, помеѓу другите присуствувале и: Коста Шахов, Димитар Македонски, Г. Георгиев, И. Шумков, Ножаров, браќа Иванови, Ќузлиев, Мандушев и други, било дискутирано околу преземањето на натамошни активности, па во таа смисла значаен простор и бил отстапен на дискусијата за Александар Македонски.
Подоцна лозарите биле жестоко напаѓани од страна на бугарските весници, а посебно од публицистот Левов, кој во својата статија, објавена во април 1892 година, ги обвинил лозарите дека биле сепаратисти, кои себеси се нарекувале како Македонци и кои тврделе дека (цитат):
„... Македонија била нивната татковина и дека таа е одделна словенска држава, чие минато е покриено со блесок, особено во времето на Филип и Александар Велики...“ (цит. според Блаже Ристовски).
Ако го спомнеме и фактот дека блиски до лозарите биле и: Гоце Делчев, Даме Груев, Христо Матов, Иван Хаџиниколов, Петар Поп-Арсов и другите, ова сведоштво има уште поголема тежина.
Во 1894 година, Петар Поп-Арсов објавил брошура, во која критикувајќи ја бугарската пропаганда во Македонија и конкретно Бугарската егзархија, помеѓу другото напишал:
„Порано златото на нашиот земјак Филип ја поткупи разединетата атинска интелигенција и ја пороби Грција, а сега дојде друго време со сосема спротивни услови - братот брата си го продава.“ (цит. според Блаже Ристовски).
Античко-македонската традиција не го заобиколила ниту Марко Цепенков, кој во една сопствена творба од 1899 година запишал:
„Помислете Вие, мили чеда:
за велика цара Александра
што се слави и до ден денеска!“
(цит. според Блаже Ристовски).
Да ја спомнеме и статијата од познатиот албански револуционер Водани, објавена во емигрантскиот албански весник „Shqiperia“ (ноември, 1898). Во оваа статија Водани, меѓу другото, вели:
„Албанците и Македонците... треба да се подготват и заемно да си помагаат како синови на една иста крв, како едни и исти војници на Алекандар Велики и на Скендер-бег... Овие две нации во старите времиња играле најважна улога меѓу сите народи што го населувале Балканскиот Полуостров.“ (цит. според Блаже Ристовски).
Рускиот славист и македонист (инаку роден Бугарин) Петар Драганов, во 1900 година во врска со античката македонска историја изјавил:
„Дали Русите треба да се радуваат или да жалат во врска со тоа што во Македонија го издигнува својот глас тамошното староседелско население што си се нарекува себеси со старинското име Македонци? Според нашето лично мислење праведно би било барем морално да се поддржи ова многубројно племе што зборува на посебно словенско наречје и си има своја стара историја, не помалку интересна од историјата на Бугарите и на Србите...“ (цит. според Блаже Ристовски).
Александар Донски, Македонска нација
No comments:
Post a Comment