Постојат голем број податоци за огромниот крвен и културен удел на античките Македонци во денешната македонска нација од кои некои веќе ги наведовме. Оттаму, воопшто не е чудно што голем број Македонци во поблиското минато себеси се декларирале како потомци на античките Македонци, а истото тоа го тврделе и поедини странски авторитети.
Наспроти сите антимакедонски пропаганди, античко-македонското етничко потекло масовно било прифаќано од страна на Македонците во 19 и 20 век и за истото сведочеле и еминентни странски дејци, кои во тоа време престојувале во Македонија.
Еден од нив бил и францускиот барон Франсоа де Тот, кој работел во Цариград во 18 век (конкретно од 1768 до 1775 година) како главен изведувач на градбите на важни објекти каде имал ангажирано поголем број работници Македонци. Во своите „Спомени“ тој запишал:
Во продолжение тој пишува дека Македонците биле неуморни во работата и дека затоа им дал слободни ден. Потоа тој пишува како некои од нив отишле во една кафеана и почнале да пеат песни за победите на Александар Македонски, па вели:
Во продолжение читаме дека еден од Македонците излегол од кафеаната и налетал на група од деведесет турски морнари. Франсоа де Тот во продолжение пишува:
Во продолжение читаме дека везирот се налутил и рекол дека загинале девет муслимани, а само еден неверник и дека тоа биле многу жртви. Франсоа де Тот сепак инсистирал да се обезбеди сигурноста на работниците, на што везирот смеејќи се, му рекол:
Гледаме дека во описот на овој настан Франсоа Де Тот своите работници секаде ги именува како Македонци. Фактот што тие пееле песни за победите на Александар Македонски е силна индиција за нивната етничка свест, а во прилог на ова оди и шеговитата забелешка на везирот според која Франсоа де Тот со своите Македонци сакал да го „освои светот“ (што може да биле алудирање на античките Македонци од времето на Александар Македонски).

„Прибрав и сместив покрај работните места 1500 Македонци...“
(Матковски Александар: „Македонија во делата на странските патеписци 1371-1777“, Скопје, Мисла, 1991).
Во продолжение тој пишува дека Македонците биле неуморни во работата и дека затоа им дал слободни ден. Потоа тој пишува како некои од нив отишле во една кафеана и почнале да пеат песни за победите на Александар Македонски, па вели:
„Дваесет и двајца Македонци, секој со пушка на рамо,дојдоа тука и собрани во една крчма пееја песна за победите на Александар.“
Во продолжение читаме дека еден од Македонците излегол од кафеаната и налетал на група од деведесет турски морнари. Франсоа де Тот во продолжение пишува:
„Еден од моите работници ги напушти своите другари и отиде да подиши воздух, се проближил до брегот каде ги видел новоистоварените вооружени до заби. Еден од нив горд на бројноста што неговата војска му ја обезбедуваше, се приближил до Македонецот и му удрил шлаканица со сета сила. Овој без оружје за да се одмазди за својата навреда и ненавикнат на турскиот јазик, му дал само знак на шампионот кој го нападнал за да го почека бидејќи требало да се врати. Тој се вратил во крчмата, не им рекол ни збор на своите другари, си ја зел пушката без тие да го забележат и се вратил на брегот каде што Турците сѐ уште се наоѓале. Таму го препознал својот противник и покажувајќи му го својот образ му дал знак повторно да почне. Но, Турчинот кој веќе имал пиштол в раце, испукал од непосредна близина, меѓутоа не го погодил Македонецот, а овој за час му ја ставил цевката од пушката на стомакот и пукнал, но и самиот загинал од 80 куршуми што ги испукале другите Турци. Ова пукање го привлекло вниманието на останатите дваесет и еден Македонец. Виделе дека недостасува еден од нивните другари. Се вооружиле и се стрчале кон брегот. Пристигнувајќи таму, го виделе својот другар спружен крај еден Турчин и без распрашување ги нападнале непријателите, убиле деветмина на самото место, а другите ги потиснале кон морето со таква брзина што еден дел избегал со чамец, а друг пливајќи. Така, овие „храбри луѓе“ дошле до бродот, го пресекле јажето и се спасиле, бегајќи во морската шир. Двајца Македонци беа пратени кај мене и ме известија за ова. Тргнав веднаш кај првиот министер, каде што се јавив како тужител во врска со навредата нанесена на работниците на замоците.“
Во продолжение читаме дека везирот се налутил и рекол дека загинале девет муслимани, а само еден неверник и дека тоа биле многу жртви. Франсоа де Тот сепак инсистирал да се обезбеди сигурноста на работниците, на што везирот смеејќи се, му рекол:
„Добро. Со Вашите 1500 Македонци вие би ја освоиле земјата. Вашиот начин да се чувате зарем не вреди повеќе од оние кои јас би можел да ви ги пружам?“
Гледаме дека во описот на овој настан Франсоа Де Тот своите работници секаде ги именува како Македонци. Фактот што тие пееле песни за победите на Александар Македонски е силна индиција за нивната етничка свест, а во прилог на ова оди и шеговитата забелешка на везирот според која Франсоа де Тот со своите Македонци сакал да го „освои светот“ (што може да биле алудирање на античките Македонци од времето на Александар Македонски).
Александар Донски, Македонска нација
No comments:
Post a Comment