December 19, 2015

Македонски штит откриен во Бонче, Пелагонија

Во светот досега се откриени само пет штита на антички македонски војници...

Имаме среќа три од нив да се пронајдени на територијата на Република Македонија, кои се изложени во Археолошки Музеј на Македонија. Како дел од годишната „Археолошка изложба 2014“ за првпат беа промовирани и преостанатите два македонски штита откриени во Бонче, Пелагонија.

МК - Македонски штит откриен во Бонче, Пелагонија

Штитот има дијаметар од 73.5 сантиметри и е изработен од бронза.

Во централниот простор на штитот е претставено 12 - крако македонско сонце, а околу него се чита натписот BASIL[EWS] DHMHTРIO[U] (превод: КРАЛ ДЕМЕТРИЈ). Кружното поле на бронзената плоча завршува со седум српести полиња во чија средина се изведени 8 - краки македонски сонца.

Името на кралот би можело да значи дека штитот му припаѓал на војник со повисок чин во македонската армија.

Постојат две можни варијанти за точно датирање на штитот:

Првата дека е од времето на Деметриј I Полиоркет (Опсадникот) кој владеел од 294 до 287 год. пне како припадник на Антигонидската династија и син на кралот Антигон I Едноокиот.

Втората дека припаѓа на периодот на кралот Деметриј II кој владеел со Македонија од 239 до 229 год пне, како припадник на Антигонидската династија и син на Антигон II Гоната.


EN - Macedonian shield discovered in Bonče, Pelagonia

The shield has a diameter of 73.5 cm and it is made out of bronze.

In the central space of the shield we have a macedonian sun with 12 rays, around it we have the inscription BASIL[EWS] DHMHTРIO[U] (translation: KING DEMETRIUS). The circular field of the bronze plate ends with seven rotating sickled fields which are filled with a macedonian sun with 8 rays

The name of the king could mean that the shield belonged to a soldier with a higher rank in the Macedonian army.

There are two possible variants for accurate dating of the shield:

First that it was from the time of Demetrius I Poliorcetes who ruled from 294 to 287 BC as a member of the Antigonid dynasty and son of king Antigonus I Monophthalmus.

Second that it belongs from the period of king Demetrius II, who ruled with Macedonia from 239 to 229 BC, also as a member of the Macedonian Antigonid dynasty and son of Antigonus II Gonatas.

© Археолошки Музеј на Македонија
© Archaeological Museum of Macedonia

No comments: