Бронзена статуетка е со димензии - девет сантиметри височина и четири сантиметри широчина
Гојко Ефтоски (извор: Утрински Весник)
Кога во Тетово ќе се спомене името Менада, тоа веднаш се идентификува со некакви здруженија, хорови, списанија, телевизии и сѐ друго само не она вистинското – бронзена статуетка како симбол од 6 век пред новата ера. Менадата е вградена и во грбот на општината Тетово, што е исто така заслужен симбол на една култура кога тетовската Менада била пронајдена токму во овој град, симбол на нешто прастаро кое потекнува од пред повеќе од 26 векови, чие име е симболика, вредност задржано до денешни денови. Едно е сигурно: тетовската Менада била пронајдена во кнежевска ахајска гробница на племето Агрибијани. Гробницата, во која е пронајдена менадата била совршено архитектонско дело и единствено од тоа време на овдешните простори. Меѓутоа, останала недоистражена со недоутврдени други сознанија за една прастара култура. Денес, таа гробница не само што не е достапна, туку и не е определена точната локација, а овој редок археолошки раритет останува загатка и за науката. Првото ископување било во турско време, а сопственикот на локацијата ги собрал погребните дарови и ги предал во Цариград. Во 1933 година, при копање темели за станбен објект, повторно била пронајдена гробницата и Менадата во неа. Сето тоа било останато под земја, во темелите и на сегашните објекти. Народот во Тетово зборува и за патот во ширењето на елинистичките културни влијанија и новиот начин на живеење на балканската аристократија. Треба да се истакне дека истоветни кнежевни гробови биле пронајдени и кај Беранци, Битолско, и Требениште кај Охрид, но само како кнежевни гробници без други содржини, додека статуетки Менада на подрачјето на Македонија се пронајдени само две: кај Жданец, Скопско и оваа во Тетово.
Научниците официјално велат дека менадите биле придружнички на богот – Дионис, тракиско и грчко божество на виното и претставувале симбол за време на прославите во негова чест. Тетовската Менада, пак, претставува бронзена статуетка со димензии од девет сантиметри височина и четири сантиметри широчина. Сега е сместена во Музејот на Македонија, како дел од археолошките сведоштва за цивилизацискиот идентитет на овие простори. Експонатот е сведоштво за високиот степен на културниот развој на населението кое живеело на овие простори во Хелинистичкиот период.
Во пишани материјали се наоѓа дека кнежевната гробница во Тетово случајно била откриена во турско време. Притоа, гробните содржини и прилози биле однесени во Цариград (денес Истанбул).
Повторно откривање и истражување го извршил белградскиот археолог Светозар Радојчиќ, откако помлади поколенија на сопствениците на локацијата при ископ во 1933 година ја пронашле гробницата и Менадата. Според истиот археолог, гробницата имала четвртеста основа со димензии 5,31 пати 3,51 метри и висина од 1,85 метри. Во наодот стои дека била градена многу квалитетно од делкани камени блокови, прекриена со засводен покрив. Како гробни прилози биле пронајдени бронзени парчиња од шлем, оклоп или штит, железни опковки и БРОНЗЕНА СТАТУЕТКА на танчарка – Менада, потоа украсен елемент од некаков сад изработен од бронза. Менадата е со кренати раце, се добива впечаток како да игра облечена во хитон и преку него наметната со нербис. Била налемена со калај како украс на рачката на широк бронзен украсен котел за мешање вино со вода, што бил употребуван за време на ритуалните обреди.
Тетовскиот археолог Велимир Цветановски поклонил доволен простор во утврдување сознанија за Менадата. Според него, „на овој простор била донесена, бидејќи не кореспондира со животот во тогашниот Полог. Многу повеќе укажува на бујната и мошне жива комуникација и на блиските културни врски на овој дел од денешна Македонија. Со цивилизациите на Медитеранот, кореспондира со античката македонска држава, со културата на тогашните грчки полиси и со југот на Италија. Монументалната кнежевска гробница во Тетово, со овој уникатен раритет, претставува само еден од малкуте откриени бисери на археологијата, кои со милениуми се наоѓаат длабоко запретани во употребата на земјата“, нагласува Цветановски. Инаку, од одредени индикации на овој простор веројатно има гробници и на други места, зашто Полог во раното и доцното доба на антиката претставувал фреквентен комуникациски простор каде што се испреплетувале повеќе култури и цивилизации.
Од истражувањата се дознава дека монументалноста на гробницата, начинот на нејзиното градење и пронајдената менада значат и најверојатното сознание дека овде бил погребан еден од кнезовите на Полозите.
Тетовската менада е пронајдена во Горното маало на Тетово, во близина на Балезова чешма, денес на улицата Штипска, но без никакви обележја за тоа што и кога било пронајдено и каде точно се наоѓа.

No comments:
Post a Comment