Черепот на младиот човек (25 - 30 годишен), кој е пронајден во пештерата "Црвени Стени" близу до селото Камени Гумна (Петролона) во Егејска Македонија, е сведоштво дека во Македонија луѓето одат исправени и размислуваат со своја глава најмалку 600.000 - 160.000 г.п.н.е. или со поегзактен метод е утврдена старост од 260.000 - 240.000 г.п.н.е.
Праисториските сведоштва од Осинчани, Говрлево, Младо Нагоричане, Ш'пел [Дупјак] Костурски, тумбите во Маџари и Чаир во Скопје, населбата од рано камено време кај Стенче - Тетовско, тумбите од Породинската група покрај реката Црна, непроценливиот натпис од Скочивирската Клисура, глинената плочка од Градешница близу до Враца (Бугарија), надгробниот споменик на херојот и поетот Димо Ријдил од 7 в.п.н.е. од Лемно во Егејско Mope итн. се само дел од најстарата македонска цивилизација во која доминирал култот на Сонцето и Космосот, култот на огнот и домашното огниште, култот на Големата Мајка - богиња на земјата и симбол на плодноста.
Керамичкиот печат од "Церје" кај Говрлево близу до Скопје е пронајден во 1981 година, За постоењето на соодветна македонска воена олигархија сведочи металниот печат од Говрлево (околу 1500 г.п.н.е.).
Постоеле наколни живеалишта на Костурското, Дојранското, Охридското, Преспанското и другите македонски езера.
Светилиштата во вид на "Камени Столици" ("Долмени") од Црна Лома или Илина Гора кај Осинчани - Скопско и комплексот од разновидни долмени од "Штерпа" близу до Богданци, како и најстариот неолитски обелиск од "Милисин" на подножјето на Кожуф Планина близу до Гевгелија се други споменици.
Неолит
Најраните траги од животот на луѓето во Македонија потекнуваат уште од далечното ново камено време (неолитот). Според археолошките наоди во овој период луѓето веќе имале постојани живеалишта и се занимавале со примитивно земјоделство ширено од анадолското подрачје кон Балканот, а се среќава и почетно сточарство. Изработувале примитивни домашни ракотворби и се занимавале со грнчарство. Тоа било време кога овие пражители на Македонија го напуштале дивјаштвото и навлегле во поразвиениот период на варварството.
Најпознато наоѓалиште од овој период е Вршник кај с. Таринци, (Штипско). Тие луѓе главно се занимавале со земјоделство, а користеле мазнети камени секири и праќа, од која исфрлале јајчести камени топки од глина. Користеле и глинени садови со повеќе ногалки.
Неолитот во Пелагонија е познат по повеќе наоѓалишта од Велушко - породинската група, која се одликува со камени, коскени орудија и глинени предмети, од груба до орнаментирана керамика и садови жртвеници сврзани за култот и религиозните верувања. Слични наоѓалишта откриени се и во Охридско.
Кога Македонија ја зафатиле миграциите од среднојадранските области, тоа довело до формирањето на таканаречената Трнска група во Пелагонија, според наодите во Трн, каде е пронајдена разновидна орнаментирана керамика.
А од преодниот период меѓу неолитот (ново камено време) и бронзеното време ((од метално време) во Пелагонија се наодите во Шуплевац - Бакарно Гумно. Во тој период започнале продирањата на индоевропските племиња од руските степи (Карпатските области) преку Поморавјето до Македонија. Во повеќе бранови тие продреле и во Пелагонија, од кое време се наодите во Карамани, Црнобуки, Висок Рид (кај Букри) и Висои (кај Ново Змирнево).
Метално време
Старите жители на Македонија мошне рано почнале да ги користат и металите. Во времето на бронзеното време, кое траело од последните векови на третото илјадалетие (милениум) до 1200 година пред н.е. исто така имало продирања на индоевропските племиња, за што сведочат наодите во Црнобуки, Карамани, Висок рид, Барешани, Кравари, Шуплевац и Бакарно Гумно (во Пелагонија), во Демир Капија, Скопското Кале и Архименохори во Егејскиот дел на Македонија.
Во ова време населбите ги граделе и на тешко достапни возвишенија (Скопското Кале и Шуплевац), веројатно поради заштита од напади. Правеле и куќи од камен, а садовите биле неизадначено печени и со цилиндричен врат, сродни на ранобронзените наоди од повеќе области на Егејскиот дел на Македонија. А во Црнобуки се најдени грубо стилизирани седечки фигури.
Кон средината на бронзеното време се почувствувал мир од дотогашните преселби на индоевропските племиња, што ги потврдуваат наодите од Канино, Радоборската Тумба и Висок Рид (Пелагонија) со слични садови на оние од Арменохори.
Во периодот од околу 1300 - 1200 година пред н.е., Македонија пак била зафатена од судири и таканаречените егејски преселби. Низ долг процес индоевропските племиња се стопиле со домородното население и индоевропеизицијата се раширила на подрачјата на Македонија, Тогаш започнали и железното време за што сведочат наодите во Демир Капија и многуте наоѓалишта во Пелагонија.
Меѓу најпознатите племиња што живееле во Македонија биле Илирите, Тракијците, Бригите, Едонците, Пајонците и Пелагонците, а кон крајот на 9 век пред н.е. низ сите предели на Македонија ги среќаваме и античките Македонци населувајќи ја постепено речиси целата територија до планината Пинд на југ.
Од пред околу 700 години пред н.е. посебно се значајни наодите на Дамјан (Радовишко), Оризари (Кочанско) и селото Бразда (Скопско). Во тоа време се живеело во утврдени населби со ѕидови без малтер. Правеле убави глинени садови и накит.
Во периодот од 8 до 6 век пред н.е. постепено јакнело племството аристократија, се развила трговијата и започнало зголеменото влијание на Грчките колонии. Од ова време се позлатените наоди од Требеништа и наодите од Таринци (Штипско). Во тој период се одвивал процесот на формирањето на најстарите народи во Македонија и започнува формирањето на првите држави.

Извор: Македонско братство
No comments:
Post a Comment