ЛАЗАРСКИ ПЕСНИ ОД КОСТУРСКО ПОПОЛЈЕ (ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА)
1.
Седнал ми е стари Јано,
да ми јади, да ми пие,
со негови девет снаи,
со негови внучинишча,
да ми јади да ми пие
бел погача, рудо јагне,
рудо јагне препечено,
рујно вино преточено.
2.
Јанкула вино пиеше
и фаљба ми се фалеше:
„Јас имам жена кад'на,
јас имам сине чист прстен,
јас имам Перка султана,
јас имам кујќа до кујќа,
јас имам ѕегвар биволи!"
Пеала Олга Цуфова, 65 г. од с. Горенци, Костурско, живее во Скопје
3.
Бре блаѕеси ти, млад Јанкула,
шо си имаш бела Јана.
Јана има бело лице,
ота сака баш белило,
баш белило, црвенило.
— Ако сака јас му куфам.
Јана има бела гуша,
ота сака кован ѓердан.
— Ако сака јас му куфам.
Јана има тонка снага,
ота сака широк фустан,
широк фустан от коприна.
— Ако сака јас му куфам!
Олга Чулева, 68 гол., од с. Бобишча, Костурско, живее во Cкопјe, 1968.
4.
Ој, Јанкула, мили Јанкула,
добри гости ти дојдоја,
добра софра да мо кладиш,
добар абер ти донесоја:
сите овци ти родија,
ја рагуша две јаг'нца!
Каљопа Костандинова, 74 години, од с. Загоричани, Костурско, живее во Скопје, 1968 год.
5.
Невеста дворје метеше
и бел пченица требеше,
и на гал'мби викаша:
„Тупајте, тупа ј гал'мби,
вија високо литајте,
вија дл'мбоко гледајте,
даљ го видоте мој либе?“
„Видоме ти го видоме,
вo мијана сидеше,
љута ракија пиеше.
Испеала Олга Џуфова.
6.
Мари, невесто, Пејовице,
дека ти е дели Пејо?
— Пејо ми е на чужина.
Да му пушчиш бела книга,
бела книга црно писмо!
Слободанка Зисова, 59 г., од с. Желини, Костурско, живее во Скопје, 1968
7.
Марковице, млада невесто,
што си така нажалена,
дека ти е твојто момче?
— Мојто момче е чожина, нито писмо пиши,
нито пари пушва, нито дома греди,
да си види нејна жена, да си види дробни деца.
Каљопа Костандинова
8.
Лудо греди одозгоре,
фино фесо над окото.
Ка ми дојде дур подолу,
дур подолу на чешмата,
си извади фино фесо,
си го удри от колено,
си нареди сино цветје,
сино цветје и шарено.
Мома греди одоздолу,
со стребрени бардачиња.
— Море лудо, море младо,
пуш ми е рујна вода!
Олга Џуфова
9.
Лудо греди от шиејне,
мома греди от плетејне,
се стретие стреде п'то,
му 'и фати патишчата.
— Пуш ми, лудо, патишчата,
ако ти сум на к'смето
сама дома ќе ти дојда,
па карекла ќе ти седна,
црно кафе ќе ти пија!
Па се врна му се поеме:
— Најде лудо рудо јагне
— не знаеше да го јади,
јаде сокле јаребица,
не знаеше да ја к'леи!
10.
Мр девојко, зеленико,
дали имаш мајка и татко?
— Ка го имам — да го немам,
дур сношчи м' армасаја,
армасваја, прстенваја,
претен даде на далеко,
на делеко чужа зема
пре двајсе казанл'ци!
Испеала Олга Чулева.
11.
Мома шари шарен одар,
ка го шари, ка го пиши,
по темнина без борина,
по влашката месечина.
Лудо седи да ја пули,
ка го шари ка го пишо.
12.
Малечко дете, црвен трандафиљ,
да к0ј те сади, да кој те вади?
— Ристос ме сади, госпо ме вади,
тате ме носи на фино фесо,
мама ме носи на патерико.
Испеала Олга Цуфова.
Лазарските песни во овој крај се пеат од велигденските поклади до Велигден По Велигден веќе не се пеат.
1.
Седнал ми е стари Јано,
да ми јади, да ми пие,
со негови девет снаи,
со негови внучинишча,
да ми јади да ми пие
бел погача, рудо јагне,
рудо јагне препечено,
рујно вино преточено.
2.
Јанкула вино пиеше
и фаљба ми се фалеше:
„Јас имам жена кад'на,
јас имам сине чист прстен,
јас имам Перка султана,
јас имам кујќа до кујќа,
јас имам ѕегвар биволи!"
Пеала Олга Цуфова, 65 г. од с. Горенци, Костурско, живее во Скопје
3.
Бре блаѕеси ти, млад Јанкула,
шо си имаш бела Јана.
Јана има бело лице,
ота сака баш белило,
баш белило, црвенило.
— Ако сака јас му куфам.
Јана има бела гуша,
ота сака кован ѓердан.
— Ако сака јас му куфам.
Јана има тонка снага,
ота сака широк фустан,
широк фустан от коприна.
— Ако сака јас му куфам!
Олга Чулева, 68 гол., од с. Бобишча, Костурско, живее во Cкопјe, 1968.
4.
Ој, Јанкула, мили Јанкула,
добри гости ти дојдоја,
добра софра да мо кладиш,
добар абер ти донесоја:
сите овци ти родија,
ја рагуша две јаг'нца!
Каљопа Костандинова, 74 години, од с. Загоричани, Костурско, живее во Скопје, 1968 год.
5.
Невеста дворје метеше
и бел пченица требеше,
и на гал'мби викаша:
„Тупајте, тупа ј гал'мби,
вија високо литајте,
вија дл'мбоко гледајте,
даљ го видоте мој либе?“
„Видоме ти го видоме,
вo мијана сидеше,
љута ракија пиеше.
Испеала Олга Џуфова.
6.
Мари, невесто, Пејовице,
дека ти е дели Пејо?
— Пејо ми е на чужина.
Да му пушчиш бела книга,
бела книга црно писмо!
Слободанка Зисова, 59 г., од с. Желини, Костурско, живее во Скопје, 1968
7.
Марковице, млада невесто,
што си така нажалена,
дека ти е твојто момче?
— Мојто момче е чожина, нито писмо пиши,
нито пари пушва, нито дома греди,
да си види нејна жена, да си види дробни деца.
Каљопа Костандинова
8.
Лудо греди одозгоре,
фино фесо над окото.
Ка ми дојде дур подолу,
дур подолу на чешмата,
си извади фино фесо,
си го удри от колено,
си нареди сино цветје,
сино цветје и шарено.
Мома греди одоздолу,
со стребрени бардачиња.
— Море лудо, море младо,
пуш ми е рујна вода!
Олга Џуфова
9.
Лудо греди от шиејне,
мома греди от плетејне,
се стретие стреде п'то,
му 'и фати патишчата.
— Пуш ми, лудо, патишчата,
ако ти сум на к'смето
сама дома ќе ти дојда,
па карекла ќе ти седна,
црно кафе ќе ти пија!
Па се врна му се поеме:
— Најде лудо рудо јагне
— не знаеше да го јади,
јаде сокле јаребица,
не знаеше да ја к'леи!
10.
Мр девојко, зеленико,
дали имаш мајка и татко?
— Ка го имам — да го немам,
дур сношчи м' армасаја,
армасваја, прстенваја,
претен даде на далеко,
на делеко чужа зема
пре двајсе казанл'ци!
Испеала Олга Чулева.
11.
Мома шари шарен одар,
ка го шари, ка го пиши,
по темнина без борина,
по влашката месечина.
Лудо седи да ја пули,
ка го шари ка го пишо.
12.
Малечко дете, црвен трандафиљ,
да к0ј те сади, да кој те вади?
— Ристос ме сади, госпо ме вади,
тате ме носи на фино фесо,
мама ме носи на патерико.
Испеала Олга Цуфова.
Лазарските песни во овој крај се пеат од велигденските поклади до Велигден По Велигден веќе не се пеат.
No comments:
Post a Comment