July 18, 2014

Егејска Македонија 1913-28 (9)

Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) Стојан Киселиновски

г) ЕКОНОМСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ

Етничко-историските промени што се случиле во егејскиот дел на Македонија од 1913 до 1928 година имале и големи економски последици и ги засегнале скоро сите сфери на економскиот живот.

Co колонизирањето на бегалскиот елемент не се изменил земјоделскиот карактер на егејскиот дел на Македонија зашто земјоделството и понатаму остана да биде главна економска карактеристика. Прва карактеристика на земјоделството била проширувањето на земјоделските површини наменети за разни земјоделски производи, особено за жито и тутун (72). Проширувањето на земјоделските површини бил резултат на претварањето на пасиштата во обработливи површини, исушување на езерата како и поделба на манастирската земја која главно била неискористена (73). Плодната земја добра за обработување во егејскиот дел на Македонија изнесувапа 4.216.236 стремата (74), a соземјоделство ce занимавале 68% од целокупното население што живеело во егејскиот дел на Македонија. Главно селското население одгледувало житарици и се занимавало со тутунско произвоство (75). Зголемувањето на површинитесо најдобри тутуни предизвикало хиперпродукција и во услови на светска криза (1929-1933), македонското тутунопроизводство влегло во сериозна криза (значително опаѓање на цените, затварање на традиционалните европски пазари). Но земјоделското производство било под објективните можности (бонитетот на земјата зголемената работна рака како и поволните климатски услови). Тоа се должи на фактот дека на новодојденото население земјоделството му било принудно занимање, нужно за опстанок, без потребниот афинитет кон земјата и без соодветните земјоделски познавања Разликата во земјоделската продуктивност на трудот меѓу македонското домородно население и новодојденото население била огромна и очевидна. Домородното македонско население имало поголеми земјоделски резултати поради неговиот земјоделски карактер, земјоделските навики и чувството дека земјата која ја работи е негова, чувство кое не било присутно кај новодојденото население. Од овие причини, од вкупно 11 земјоделски култури кои се одгледувапе во егејскиот дел на Македонија во овој период, домородното македонско население, помалубројно, постигнувало во 6 култури поголеми резултати од новодојденото население, и ако тоа било побројно и имало подобар бонитет на земјата (78). Дека новодојденото население немало земјоделски навики дознавме и од фактот што во Леринско, во првите години, ова население го плаќапо македонското население да му ги обработи нивите и да ги запознае со основните елементи на селската работа (79).

Но, со текот на времето, новодојденото население се здобило со соодветните знаења и тоа влијаело врз продуктивноста и земјоделското производство (80). Ова зголемување на земјоделското производство не значело дека станува збор за некакво интензивно земјоделство, напротив со доаѓањето на колонистите екстензивниот карактер на македонското земјоделство се зголемува.

Друга економска последица била и опаѓањето на сточарскиот фонд во егејскиот дел на Македонија и ликвидацијата на номатскиот живот што го практикувал влашкото население. Тоа било една природна последица на војните (1912-1913, 1914-1918, 1920-1923), на екстинзивното земјоделство, земјоделство кое што се ширело на штета на пасиштата Проширувањето на земјоделските површини донело тешки последици за домородното македонско население. Co економското земјоделско проширување новодојдениот елемент не дозволувал економско проширување на македонското население поради што тоа било принудено да емигрира во Бугарија или во прекуокеанските земји (САД, Австралија Канада).

Во индустријата иако таа не била основна гранка на економијата во егејскиот дел на Македонија сепак се развиле неколку гранки и тоа посебно тутунската индустрија, која ги обработувала квалитетните тутуни од Македонија и Тракија. Исто така текстилната индустрија што била главно концентрирана во Солун, забележала еден привиден пораст. Но тоа што реално се развивало и претставувало новина за економијата во егејскиот дел на Македонија и Грција е индустријата на ориентални килими и текстил. Многу луѓе од новодојденото население биле висококвалификувани (врз основа на долгата практика) и произведувале квалитетни килими кои им конкурирале на традиционалните веќе познати по својот квалитет турски килими што биле многу барани на европскиот и воневропскиот пазар. Килимарството не се развило во вистинско индустриско производство, туку имало манифактурен карактер, што придонесувало да биде многу ниска продуктивноста на трудот и килимите доволно скапи за домашниот купувач.

Се забележуваат новини и во грнчарството. Познатите грнчари од Ќутахија, техниката на нивното работење, ја беа пренесле во егејскиот дел на Македонија, па оваа економска гранка била новина со нејзиниот квалитет и се извезувала и во странство.

Овој индустриски напредок не бил одраз на внатрешен економски развиток, не бил резултат на силна и динамична економија, која што со своите сопствени средства обезбедувала проширена репродукција. Поради карактерот на индустријата во егејскиот дел на Македонија (текстилна, тутунска), таа не била во состојба да ја обезбеди ни простата економска репродукција бидејќи имала старо произвоство, стари машини, неквалификувана работна рака. Акумулацијата за репродукција во егејскиот дел на Македонија не била резултат на сопствена висока продуктивност на трудот, туку простата економска репродукција се реализирала со увоз на капитал.

И покрај тешкотиите во развитокот на македонското стопанство, сепак новите историско-етнички промени го активирале економскиот живот и создале услови за поефикасно економско постоење на оваа македонска провинција (81).

70 Елефтерос Венизелос, лидерот на Либералната грчка партија, бил наименуван „татко на бегалците“.
72 Jacques Ancel, op. cit., p. 118.
73 Nikolas Svoronos, Histoire de la Gr&e modeme, Paris, 1968, p. 20.
74 Десет стремата е еден хектар.
75 Така, на пример, во периодот од 1923-1924 година површините со житарици опфаќале 830.930 стремата, а во периодот од 1927 до 1928 година, површините растат на 1.811.855 стремата.
76 Ако во периодот од 1923 до 1924 година површините наменети за тутун изнесувале 93.727 стремата, а во периодот од 1927 до 1928 година изнесувале 330.460 стремата. Истовремено растело и тутунопроизводството. Во периодот 1923-1924 година беа произведени 25.000 тутуни, а во периодот 1927 до 1928 беа произведени 80.000 тони.
77 Jacqucs Ancel, op. cit., p. 160.
79 Изјава на А.Т. од село Лескоец, Леринско, жител на град Скопје.
80 Во 1937 година. на пример, производството на тутун во егејскиот дел на Македонија и Западна Тракија изнесувало 44.465 тони што претставувало повеќе од половината на целокупното производство на Грција.
81 Така, на пример, во 1923 година од Солунското пристаниште биле увезени 205.365 тони стока и извезувани 15.803 тони, во 1926 година увозот изнесувал 253.432, а извозот 18.294 тони.

No comments: