February 18, 2014

Егејска Македонија 1913-28 (4)

Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) Стојан Киселиновски

Конвенцијата за „доброволното" иселување грчките влади веднаш ја претвориле во конвенција за задолжително иселување на македонското население од егејскиот дел на Македонија. Грчките власти почнале да спроведуваат една политика на државен терор со којашто ќе ги принудат Македонците „доброволно" да се иселат во Бугарија.

Секојдневните малтретирања, убиствата, конфискацијата на имотите земале такви размери што Македонците не биле сигурни дали ќе го „виде утрешниот ден" (37). Во такви услови на терор, од егејскиот дел на Македонија се исели следното население:

Иселеното македонско население во Бугарија во периодот од 1913 до 1928 година (38) :





















Протераното македонско население ја поминувало Бугарската граница оставајќи зад себе роднини, имот (земја, куќи, добиток) за да остапи место на новите грчки колонизатори. „Наутро колони бегалци тргнуваа нагоре, кон Банско и Горно-Џумајско, а навечер доаѓаа нови. И се така со денови..." (39). 

На местото на иселеното македонско население грчката држава почнала да спроведува една активна политика на колонизација на грчко население дојдено од Грција. Оваа грчка државна внатрешна колонизација беше тивка, бесшумна, но упорно спроведена од страна на грчките власти (40). Во еден краток историски период од 1913 до 1928 година во егејскиот дел на Македонија беа колонизирани 53.056 Грци кои потекнувале од следните грчки територии:

Територијалното потекло на грчкото колонизирано население во егејскиот дел на Македонија (1913-1928) (41)












Ова грчко население што ја создавало таканаречената грчка внатрешна колонизација било колонизирано на следниот начин во егејскиот дел на Македонија:

Грчко колонизирано население во егејскиот дел на Македонија (1913-1928)(42)











Со иселувањето на македонското население и со колонизирањето на грчкото население егејскиот дел на Македонија веќе почнал да ги трпи првите почувствителни етнички промени. Поголеми етнички промени се забележуваат во источна и централна Егејска Македонија (Серско, Демир-Хисарско, Кукушко итн) (43).

Продолжува

37 Архив на Македонија (AM), Фонд на Македонски национален комитет (МНК). 1912-1913, к. бр.З.
38 Руменов Владимир, Б`лгарите в, Македонија под грцка власт Македонскии преглсди (МГ1), Софија, кн. 4, стр. 90.
39 В. „Нова Македонија", 19. IX 1975, стр. 5.
40 Грчката внатрешна колонизација која почнала по 1913 година, во различни форми, трае и денес.
41 Statislika apotelezmata tis apografis tu plithizmu Us Hlados tis 15—16 ma- iu 1928, Topos geniscos, Hriskia ke glosa, ipikolis, Aihina, 1935.
42 Пак таму
43 Грчката држава, покрај доброволното иселување, ги користела и сите други можности кој придонесувале за сменувањето на етничкиот состав на населението во егејскиот дел на Македонија. Една од тие можности била и неприфаќањето на Македонците, кои од различни мотиви, заминале во странство. Тие биле запишани во таканаречени „црни книги" и строго им се забрануваше враќањето во родните места.

No comments: