По инсистирање на нејзиниот лекар да замине на одмор во странство, Британката Мери Едит Дурам [8.12.1863-15.11.1944],
на 37-годишна возраст, се упатила кон Балканскиот полуостров со цел да
се опорави од долгогодишната грижа за нејзината болна мајка. Сепак она што за неа
требало да претставува кратка посета, се претворило во
дваесетгодишно патешествие низ балканските земји и најкарактерстичен период од нејзиниот живот.
Своето патување, на почетокот од новиот век, Мери Едит Дурам го почнала по јадранското крајбрежје, од Трст преку Котор до Цетиње, ја посетила и нашата Македонија, а најдолго се задржала во Албанија.
Иако Британка, поради силното залагање за албанската кауза таа е сметана за албанска хероина и една од најистакнатите личности во албанската историја на XX век. За време на својот подолг престој во Албанија, според албанската традиција на „заколнатите девици“ која што опстојува и до ден денес, Мери Едит Дурам патувала облечена како маж, во машка облека, и станала позната под прекарот „кралица на планинците“.
За разлика од соседна Албанија, во македонската историографија Мери Едит Дурам е едвај позната. Во дел од нејзиното творештво, се спомнува и Македонија и Македонците, но нејзината предубеденост и заслепеност од пропагандите ја спречиле да донесе логичен заклучок од настаните и да ја види вистинската слика на случувања.
Во една од нејзините седум книги, „Тежината на Балканите“ [Burden of the Balkans] од 1905 година, е спомнато дека населението во Македонија се идентификувало со славниот македонски крал и освојувач Александар III Македонски:
Сепак, и покрај ова, таа останала предубедена дека Александар III Македонски не би можел да биде предок на Македонците, па дури и надмено го исмева сведоштвото на извесен Георги. За него Мери Едит Дурам вели дека е „Бугарин“ [веројатно Македонец егзархист] и дека кај „кутриот Георги“ немало никаков сомнеж оти е потомок на Александар Велики.
Ваквата историја ни се повторува и денес. Со истиве исмевања, за сметка на наводно искривување на македонската историја и божемната антиквизација на истата, денес се служат разни ЕУ бирократи заслепени од митот за Грција како колевка на цивилизацијата и хеленизмот.
И покрај сè ниеден обид за ампутирање на античка Македонија од македонската историја не може да го избрише фактот дека гореспоменатиот Георги ни од далеку не бил единствениот Македонец кој што немал сомнеж за своето потекло од античките Македонци на Александар. Низа на истакнати македонски дејци го споменуваат овој славен македонски крал од антиката како свој предок.
Вториот Хомер, македонскиот поет Григор Прличев вели дека „Мајка Македонија много е ослабнала. Откако породи великаго Александра“. Еден друг македонски преродбеник, Ѓорѓија Пулевски, во песната „Самовила Македонска“ исто така го спомнува овој славен македонски крал, прашувајќи: „Дал сте чуле, Македонци, стари људи оти говорат: Од Македонци појунаци над них не било - Цар Александар Македонски триста лета пред Христасо Македонци сву вселену повладал“. Александар се спомнува и кај Марко Цепенков во песната со наслов „Мајка Македонија ги советува своите чеда“, во која што Македонците се повикуваат да се потсетат на нивниот славен предок Александар III Македонски.
Па и покрај тоа што го исмева потеклото на Македонците од античките Македонци на Александар Велики, Мери Едит Дурам, ни оставила нам Македонците сведоштво за едно сега веќе минато време. Таа била школувана на Кралската академија на уметностите [Royal Academy of Arts] и развила голем талент за цртање. За време на својот престој на Балканот насликала поголем број на цртежи, меѓу кои има и такви од Македонија.
Мери Едит Дурам [Mary Edith Durham] „Црква Св. Софија, Охрид“ [Church of St. Sofia, Ochrida], дрворез, 1904 година.
Мери Едит Дурам [Mary Edith Durham] „Улица во Охрид“ [A Street in Ochrida], дрворез, 1904 година.
Мери Едит Дурам [Mary Edith Durham] „Христијански квартови во Охрид (од мојот прозорец)“ [Christian Quarters of Ochrida (from my window)], цртеж.
А.С.
Објавено во „Македонска Ризница, број 14 (3 септември).

Мери Едит Дурам |

„Песна беше пеена за време на последното македонско востание [веројатно се мисли на Илинденското востание од 1903 година], во која што орел, што лета над земјата, прашува која е причината поради големата возбуда и кажано е дека синовите на Александар се востануваат.“
[A song was sung during the late Macedonian insurrection, in which an eagle, who is soaring over the land, asks what is the cause of so much excitement, and is told that the sons of Alexander are arising.]
Сепак, и покрај ова, таа останала предубедена дека Александар III Македонски не би можел да биде предок на Македонците, па дури и надмено го исмева сведоштвото на извесен Георги. За него Мери Едит Дурам вели дека е „Бугарин“ [веројатно Македонец егзархист] и дека кај „кутриот Георги“ немало никаков сомнеж оти е потомок на Александар Велики.
Ваквата историја ни се повторува и денес. Со истиве исмевања, за сметка на наводно искривување на македонската историја и божемната антиквизација на истата, денес се служат разни ЕУ бирократи заслепени од митот за Грција како колевка на цивилизацијата и хеленизмот.
И покрај сè ниеден обид за ампутирање на античка Македонија од македонската историја не може да го избрише фактот дека гореспоменатиот Георги ни од далеку не бил единствениот Македонец кој што немал сомнеж за своето потекло од античките Македонци на Александар. Низа на истакнати македонски дејци го споменуваат овој славен македонски крал од антиката како свој предок.
Вториот Хомер, македонскиот поет Григор Прличев вели дека „Мајка Македонија много е ослабнала. Откако породи великаго Александра“. Еден друг македонски преродбеник, Ѓорѓија Пулевски, во песната „Самовила Македонска“ исто така го спомнува овој славен македонски крал, прашувајќи: „Дал сте чуле, Македонци, стари људи оти говорат: Од Македонци појунаци над них не било - Цар Александар Македонски триста лета пред Христасо Македонци сву вселену повладал“. Александар се спомнува и кај Марко Цепенков во песната со наслов „Мајка Македонија ги советува своите чеда“, во која што Македонците се повикуваат да се потсетат на нивниот славен предок Александар III Македонски.
Па и покрај тоа што го исмева потеклото на Македонците од античките Македонци на Александар Велики, Мери Едит Дурам, ни оставила нам Македонците сведоштво за едно сега веќе минато време. Таа била школувана на Кралската академија на уметностите [Royal Academy of Arts] и развила голем талент за цртање. За време на својот престој на Балканот насликала поголем број на цртежи, меѓу кои има и такви од Македонија.
Мери Едит Дурам [Mary Edith Durham] „Црква Св. Софија, Охрид“ [Church of St. Sofia, Ochrida], дрворез, 1904 година.
Мери Едит Дурам [Mary Edith Durham] „Улица во Охрид“ [A Street in Ochrida], дрворез, 1904 година.
Мери Едит Дурам [Mary Edith Durham] „Христијански квартови во Охрид (од мојот прозорец)“ [Christian Quarters of Ochrida (from my window)], цртеж.
А.С.
Објавено во „Македонска Ризница, број 14 (3 септември).
No comments:
Post a Comment