Драмата на Егејците (16)
Петте деца на Серафим Ѓаковски, кој загинал во 1949 година, пораснале во домови. Нивната мајка Германија си ги прибрала во Скопје. Семејството Ѓаковци снимено пред војната во родното село Герман
Бегалскиот бран ги раздвои Софија и Лена
Виктор Цветаноски (Утрински весник)
Бегалскиот бран ги раздвои и двете ќерки на Спиро и Рина Ристовски од Рула. Постарата Софија во 1948 година ја однеле во Романија, најпрво во Синаја, а потоа во домот во Тулгеш, каде што останала осум години. Помалата Лена, заедно со татко и' и мајка и', стасала во Полска во 1949 година по поразот на ДАГ во Граѓанската војна. Софија се омажи во Скопје и тука живее, а Лена среќата ја пронајде во Полска, каде што формира семејство со Полјак.
Нивното детство не се разликува многу од детството на 28.000 деца-бегалци, кои суровата војна ги откорна од нивните родни места и ги распрсна низ целиот свет. Од долгото и тешко патување од родното село Рула до Романија Софија не се сеќава на ништо, ниту на долгите ноќни патувања, ниту на преполнетите возови и камиони со кои ги пренесувале. Го помни само денот кога стасале во касарната во Синаја. „Сите бевме вошливи, извалкани и преморени од долгото патување. Најпрво сите групно не' избањаа. Се сеќавам сите врескаме и плачевме. Првпат тогаш видовме тушеви и бањи. Не' облекоа и не' најадоа, а тие што беа болни ги однесоа в болница“, раскажува Софија Ристовска – Ѓаковска, која тогаш имала само четири години.
Таа вели дека во Романија убаво ги примиле, а романскиот Црвен крст ги хранел и ги облекувал. Животот во домот им бил многу добро организиран, секоја година Дедо Мраз им влегувал преку трпезаријата со разни подароци. „Убаво ни беше детството таму. Кога родителите ме побараа и кога требаше да си одам во Полска во 1956 година, искрено да кажам, не сакав да заминам. Се навикнав со децата и мајката што не' чуваше за цело време си ја чувствував како вистинска мајка и така ја викав. Беше од Бапчор, се вика Доста, и денес живее во Ченто, во истата населба во која живеам и јас“, раскажува Софија.
На вистинската мајка не се сеќавала, а откако се пронашле, се допишувале и испратиле слики. „Мајка ми, татко ми и сестра ми ги знаев само од сликите. Кога требаше да ме земат, очекував да дојде мајка ми, прво сакав неа да си ја видам. Секое дете мајката си ја бара. Имав 11 години, а нас, неколку деца кои требаа да не' вратат во семејствата, не' построија во една соба, каде што влегоа родителите. Не гледав во мажите, гледав во жените, мислејќи дека ќе ја видам мајка ми. Кога гледам, влегува татко ми. Го препознав од сликите и се стрчав кон него и прво го прашав: ’Тате, каде е мама‘. Ме погледна, ме тргна настрана и ми вели: ’А, ти како се викаш‘, најверојатно, не беше сигурен дека јас сум неговата Софија. Му го кажав името и ме прегрна. Ми објасни дека мајка ми и сестра ми ме чекаат во друг град. Таа средба многу ме погоди, сакав прво да си ја видам мајка ми. Не можев да издржам, многу плачев. Тогаш првпат се видов и со сестра ми Лена“, ја раскажува Софија потресната средба со своите.
Софија десетина години живеела со семејството во Полска, па потоа дошла во Скопје каде што се омажила. Таа ни ја раскажува и случајната средба со нејзината мајка од домот во Тулгеш. „Кога дојдов во 1967 година, додека пазарев во самопослугата на ’Славија‘, забележав една жена која ми заличи на ’мајка‘ Доста. Си реков дали е тоа мојата мајка. И таа купуваше во истата самопослуга. Не бев сигурна и неколку дена се двоумев дали да и' се обратам и, на крајот, се решив да ја прашам дали е таа мојата ’мајка‘ Доста. Ме позна и таа, се прегрнавме и долго плачевме. Не бевме видени 11 години“, раскажува Софија, очигледно потресена што мора одново да ги преживува тие тажни денови.
„И денес контактирам со неа и со нејзината ќерка и син со кои бевме во истиот дом. Доброто никогаш не се заборава. Имам голема желба да го посетам Тулгеш, да го видам местото каде што сум го поминала детството. Немам никој во Романија, па не знам како да отидам. Имав многу другарки, но сите се распрснаа низ светот, едни се вратија во Грција, други заминаа во Австралија, некои во Америка... Таква беше судбината на нас децата-бегалци од Егејска Македонија. За жал, од моите другарки во Македонија немам ниту една“, додава Софија.
Сестрите Софија и Лена се гледаат многу често. Ако Софија, која живее во Скопје, не отиде во Полска, тогаш Лена доаѓа во Македонија
Детството на нејзината сестра Лена Ристовска, денес Пригода, било малку полесно и помалку трауматично, зашто таа, сепак, била во иста држава во која биле и родителите. Додека тие работеле во колхозите, малото двегодишно девојче било сместено во дом за деца-бегалци, заедно грчки деца. Вели дека тие години ја учеле да говори само грчки и ја убедувале дека е Гркинка. Кога еден ден ја зеле родителите дома, не знаела да прозбори ниту еден збор македонски. Тогаш татко и' се налутил и решил повеќе да не ја враќа во домот. „Татко ми Спиро беше голем Македонец. Лут на тоа што јас, неговата родена ќерка, не го знам мајчиниот јазик, на кој зборувале моите баби и дедовци, рече: ’Ние сме Македонци, а не Грци и мојата ќерка Лена ако веќе не може да учи на македонски, тогаш ќе ја запишам во полско училиште’“, ни изјави Лена во телефонскиот разговор.
Дома сите задолжително зборувале македонски. Нивниот стрико од Скопје им праќал плочи од кои го учеле и македонскиот јазик и македонските песни. „Така јас го научив македонскиот јазик, а грчкиот полека го заборавив. Јас живеам овде, во Полска, а душата и срцето ми се во Македонија и секоја прилика ја користам да ја посетам. Во библиотеката имам само една македонска книга, ’Македонска крвава свадба‘, која ми е многу драга зашто на извесен начин ја симболизира трагедијата на македонскиот народ“, објаснува Лена.
Нивните родители од Полска си дошле во Македонија во 1977 година, а Лена останала таму, се омажила за Полјак. Најпрво завршила економско училиште, се вработила, па потоа дипломирала право. На единствениот син му дала македонско име, Ѓорѓи, а внукот има две имиња – Ришек, полско, и Зоран, македонско. Лена е задоволна од животот во Полска. „Сите Полјаци што ги знам се добри луѓе“, вели таа.
Сестрите се гледаат многу често, ако Софија не отиде во Полска, тогаш Лена доаѓа во Македонија. Софија лани била кај сестра и' четири месеци, а Лена вели дека оваа година сигурно ќе дојде во Скопје за средбата на децата-бегалци.
Лена и Софија отишле во селото Рула само еднаш пред пет години за да го видат местото каде што се родени. Таму ја побарале нивната тетка Калина. Кога ги видела, веднаш ја препознала Лена, која личела на нејзината мајка. Ја прегнувала и повторувала „Иста си како мајка ти Рина“.
Лена, иако цел живот го помина во Полска, не го заборави македонскиот јазик. Вели кога ја преминале македонско-грчката граница, по пат сретнале двајца постари луѓе како одат пеш и ги качиле во автомобилот. Била многу радосна кога слушнала како говорат на истиот јазик што го зборувале мајка и' и татко и'. „Во селата што ги посетивме, нашите постари роднини меѓу себе зборуваат македонски, меѓутоа помладите не го знаат. Разбираат по малку и ако ги прашаш нешто, ќе ти одговорат на грчки“, раскажува Лена.
И сопругот на Софија, Тошо, кој почина пред пет години, беше дете-бегалец од Герман, од семејството Ѓаковци. Неговиот татко Серафим загинал во борбите во 1949 година, а мајка му Германија пребегала во Македонија. Петте деца пораснале во домови. Тошо бил во Романија и во Полска, а другите деца во домовите низ Југославија. Нивната мајка подоцна си ги прибрала сите во Скопје. Кога нејзиниот сопруг дошол во Македонија во 1958 година, имал 23 години, а брат му го чекал на железничка станица, држејќи в рака негова слика за да го препознае. Мајката Германија починала во 1979 година на средбата на децата-бегалци во Трново. Нејзиното слабо срце не издржало по разговорите со некои драги луѓе што не ги видела долго.
(Продолжува)

No comments:
Post a Comment