Предание за Александар од Љубе Панов (роден во 1938) од Велес, кое го слушнал од својата мајка Васка Јолевска Панова (1913-1980), родена во Битола, а мажена во Велешко:
Господ создал луѓе со различна боја на кожата. Ова Господ го направил пред Потопот. На белците Господ им го пратил својот син, што се викал Македон и сите белци отпрвин се викале Македонци. Подоцна најпознат цар на Македонците бил Александар Македонски. Тој еднаш пронашол бесмртна вода и ја дал на сестра си да ја чува и да внимава да не се истури. Но, таа кришум се напила и водата се истурила. Плашејќи се од лутината на брата си се фрлила во Егејското Море. Но, бидејќи не можела да умре, наеднаш се престорила во половина риба, половина девојка. До ден денес кога парабродите минуваат оттаму, плашејќи се да не ги преврти, луѓето од парабродите на сет глас викаат: “Жив е Александар!”. Така ја плашат сестра му на Александар и таа бега од нив, а парабродите безбедно заминуваат.

No comments:
Post a Comment