Македонската емиграција во Бугарија и афирмацијата на македонската национална посебност во периодот на формирањето на АСНОМска Македонија.
Виолета АЧКОСКА
Во периодот на добрососедските односи и блиска соработка меѓу владите на ФНРЈ и владите на НР Бугарија, како знак на зацврстување на соработката на НР Бугарија и НР Македонија било извршено пренесување на останките на Гоце Делчев од Софија во Скопје. Притоа, Националниот комитет на Сојузот на македонските братства во Бугарија организирал „поклонение пред неговите останки, и големо јавно собрание кое ќе се објави дополнително. Со тоа националниот комитет сака да им даде можност на македонските патриоти и на сите демократи во Бугарија да ги изразат своите симпатии кон Гоце и македонската држава“.38 За жал овој настан временски се поклопува со случувањата околу апсењето и затворањето на Методија Андонов Ченто и прогласувањето непријатели на југословенското братство и единство во НРМ, а кои најчесто се поврзувале со наводната вмешаност на соседна Бугарија. Гледајќи од тој аспект на ова историско време, може сосема јасно да се согледа настапот на Колишевски при положување на саркофагот на Гоце Делчев во Скопје, каде мошне внимателно ја оценува улогата на Делчев сведувајќи го на нивото на „еден преродбеник“.39
Кон крајот на 1947 година Бугарија го прифаќа сталинистичкиот модел на владеење. Извршена е реконструкција на владата на Ѓорги Димитров, при што била формирана чиста комунистичка влада. Низ државата се спроведува терор, насилие и политички убиства. Бројот на работни логори и иселувањето од Софија и од другите поголеми градови секојдневно растел. Од 1948 година Татковинскиот фронт станал единствена општествено-политичка организација. Било спроведено внатрешно чистење на фронтот од т.н. „непријателски и колебливи елементи“, а од средината на 1948 година, започнале чистки и во партиските редови. Притоа, како дополнителен идеолошки арсенал за различни дисквалификации ќе послужи и судирот на КПЈ со Информбирото, кога дојде до целосно нарушување на бугарско-југословенските односи. Бројни македонски патриоти можеа да бидат прогласени за титови агенти и обратно, дел од бугарските емигранти во Македонија да бидат судени за приврзаност кон Информбирото.
Така со 1948-та завршува еден период од историјата на македонско-бугарските односи, во кои особен белег дадоа активностите на македонската емиграција во Бугарија. По смртта на Ѓорги Димиров (1949), новиот генерален секретар В'лко Червенков ја зацврснува сталинистичката диктатура во Бугарија низ чистки и монтирани процеси на внатрешен план, а надворешно-политичката приврзаност кон СССР ја докажува со брутални напади и дисквалификации на македонските и југословенските државно-партиски кадри. Национално-културната автономија во пиринскиот дел од Македонија постепено беше укината, а бугарската политика се врати на старите позииции на негирање на националната
посебност на македонскиот народ.40 Бугарската држава им дозволила да се декларираат како Македонци и на вториот попис во 1956 година, но речиси сите други права им биле одземени.41 Биле прогонувани, преселувани, интернирани, апсени и осудувани на долгогодишен затвор сите оние кои останувале доследни на манифестирањето на својата македонска национална свест.42
По доаѓањето на Тодор Живков на власт (1954), а особено по 1956 година припадниците на небугарските националности во Бугарија биле подложени на систематска денационализација и асимилација, со примена на најразлични насилни средства заради создавање на т.н. единствена бугарска социјалистичка нација. Во тие рамки спаѓа и притисокот врз Македонците и врз македонската емиграција да се декларираат како Бугари и негирањето на посебноста и постоењето на македонскиот народ.
MACEDONIAN EMIGRACION IN BULGARIA AND AFFIRMATION OF MACEDONIAN NATIONAL DIVERSITY IN THE PERIOD OF CONSTITUTION OF ASNOM’S MACEDONIA
Summary: Author in this paper analyses the most important segments of activities of the Macedonian emigration in Bulgaria, in the period after the formation of the Macedonian federal state-Democratic Federal Macedonia (DFM) in 1944. In this period (1944-1948) for the first time in history friendly relationships between Yugoslavia and Bulgaria are established and Bulgarian policy made efforts to confess the national rights to Macedonian people. The big part of this Macedonian emigration in Bulgaria was intellectuals and those people have done important contribution in affirmation the new Macedonian state, Macedonian culture, history, tradition and language. Numerous works have been published. Many of them elaborate events and persons most important for affirmation the Macedonian nation. Some people of the Macedonian emigration arrived in DFM. They participated in the final operations of the People’s Liberation War and take part in creation a foundation of the new Macedonian state.
Key words: ASNOM, THE FATHERLAND FRONT, MACEDONIA, BULGARIA, EMIGRATION, NATIONAL RIGHTS, MACEDONIAN NATIONALCONSCIENCE.
Крај
38 Х. Калајџиев, Останките на Гоце Делчев и припаѓаат на македонската држава, Работническо дело, София, 3.X.1946.
39 И. Катарџиев, Македонската емиграција во Бугарија 1944-1950, МАНУ, Скопје 2008, 88.
40 Во времето на судирот со ИБ, Јосип Броз Тито меѓу, другото, ќе изјави: „...дојде злогласната Резолуција од Информбирото и сѐ што ние со тешка мака го изградивме - падна: и прашањето на Пиринска Македонија, - прашањето за правилно решавање на националното прашање во Македонија, и прашањето за сѐ поголемо зближување меѓу братскиот бугарски и југословенски народи. Сето тоа го расипа злогласната Резолуција на Информбирото. А на кој начин го расипа? Така што на раководните луѓе на Бугарската партија им даде можност непречено да ги откријат сите свои великобугарски шовинистички претензии на Македонија и тоа не само во Пиринска, туку и во Вардарска Македонија...”. (Говори на Маршал Тито, говор од прославата на петгодишнината на Народна Република Македонија, „Култура“, Скопје 1949, 8-9).
41 На пописот во 1956 г. во Благоевградскиот округ, 63, 64% од населението се декларирале како Македонци, 33,3% како Бугари и 3,03% други.
42 „... Да видиме сега понатаму, изјавува Јосип Броз во 1949 година, каква е положбата на Македонците во Пиринска Македонија. Тие го изгубија сето она што беа го добиле или што требаше да го добијат со Бледската спогодба. Учителите Македонци од Вардарска Македонија, - протерани се, македонските книжари се затворени, а книгите на македонски јазик конфисковани и секаков културен живот на македонскиот народ оневозможен...“ (Говори на Маршал Тито, 11).

No comments:
Post a Comment