Парохиски храм “Свети Николај” – Штип. Денешната монументална базиликална црква е подигната на црква од стари темели, која била изградена 1341 година. Ја изградил градителот Ѓорѓи Новаков Џонга, по примерот на градбите на Андреја Дамјанов, во време на Митрополитот Ќустендилски и Штипски Игнатиј, од кого е и осветена на 10 мај 1867 година. Црквата претставува трокорабна базилика, опкружена со тремови од западната, северната и јужната страна, кои на катот преминуваат во галерија. Внатрешноста на црквата е украсена со живопис на сводовите, како и неколку фрески на ѕидовите. Иконите на иконостасот се изработени од македонскиот зограф Димитар Андонов Папрадишки во 1869 година, како и од други зографи: Захарие Самоковлија, Атанасие Хризу, Хаџи Костадин од Велес, Јован Прилепчанин, Јован Атанасов, Коста Крстев. Фрескоживописот, како и копаничарските дела: богато украсениот балдахин во олтарниот дел и владичкиот трон во наосот на црквата се дело на Костадин Иванов Вангелов од Штип.
Фото: А.С. Април 2011
Текст: Брегалничка епархија
Фото: А.С. Април 2011
Текст: Брегалничка епархија
No comments:
Post a Comment