Александра ПОПВАСИЛЕВА (Скопје)
Лазарските песни во костурско Пополје (Егејска Македонија)
Според искажувањата на Олга Чулева (68-годишна, од с. Бобишча) во с. Бобишча лазарувањето траело цели три дена: петокот, саботата и неделата. Во петокот собирале брашно и грав. Собраното го давале на некоја жена да им меси леб и да зготви грав. Во саботата по лазарувањето се собирале сите заедно на ручек.
Скоро во сите села обичајот започнувал со песната за Лазара:
Ја го Лазар дека греди
со кривото магаре,
Ка ми дојде на стред село,
на стред село, на гумното,
растовари товар бисир,
сейте чупи и дарва,
на танчарка две низи,
за пашкарка не стигна.
Цикна пашкарка да плачи.
„М'лчи, пашкарке, не плачи,
па јоднапре јас ќе дојда,
на тебе две низи ќе ти донеса!"
(Пееше Олга Џуфова, 65 години, од с. Горенци, Костурско, 1968 г.)
Во селата каде што лазарувале по два и три дена исклучиво празнично расположение се создавало во неделата. Возрасните оделе на црква и слушале литургија, а лазарките се собирале во дворот на црквата. Чекајќи ги да излезат ја пееле песната за св. Недела:
Прошетала се света Недеља,
пo рамно полје, света Недеља,
Свите дрва просто станае,
просто станае, се поклонае.
Врба и топола просто не стана,
просто не стана, не се поклона.
Ми је прек'лна света Недеља:
„Еј, врбо, врбо, врбо и типоло,
цут да не цутиш, род да не родиш!
И ако цутиш да ти испадни,
и ако родиш, да н' ти се јади!"
(Пееле Динка Гимандова, 60 години и Слобода Попвасилсва, 90 години, од с. Куманичево, Костурско, 1968 година)
Кога излегувале возрасните од црквата лазарките внимавале на секој што ќе излезе да му испеат песна. Последен излегувал попот и за него лазарките приготвиле специјална песна. Песната за попот ја префрлува границата на обредна песна. Папа-Димо со крвави солзи плаче над неволите на сираци и сиромаси. Тој се чувствува бессилен да им помогне, бидејќи:
Де се чуло и видело
Црно морје да замрзни,
Да замрзни на стред лето,
На с'м дено на Петровден,
Да застане корабјата?
На помош пристига св. Недела и го советува:
Ој ти, попе, папа-Димо!
Извади си црна шапка,
Благослови црно морје,
Да с' одмрзни црно морје,
Да помине корабјата.
Благословите на папа-Димо се исполнети од некоја чудотворна сила: „црно морје“ се одмрзнало, поминале корабите и
Нарание сиромаси,
Сиромаси и сираци,
И клетите евдовици,
Сполај тебе, папа-Димо!
(К. А. Шапкарев, цит. дело, кн. I, 1891, стр. 98)
Кога лазарките ќе стигнеле пред вратата на секоја куќа прво ќе ја испееле песната:
„Црно јоко невесто,
Излези да не пречекаш!
Шчо ти расти ео дворја?“
„Сино цвеќе, зелено
И ламбада борина.“
(К. А. Шапкарев, цит. дело, кн. I, 1891, стр 98)
Според податоци од живи извори, оваа песна се пеела само пред прати што биле затворени.
Потоа лазарките ја запрашувале домаќинката за кого да пеат. Обично се пеело за сите од куката.
Полни со лиризам, нежност и топлина се песните за деца. За мало дете што уште не оди, независно од кој пол е, се пеело:
„Пози ми се малечко,
по злат корен ми се вози!
Ка м' те виде дедо ти,
Дедо ѕегвар продаде,
тебе да м'те откупи.
Ка м' те виде баба ти,
баба злато продаде,
тебе да м' те откупи,
Ка м'те виде татко ти,
татко којна продаде,
тебе да м' те откупи,
Ка м' те виде мајка ти,
мајка прстен продаде,
тебе да м'те откупи!“
(Ја испеа Олга Чулева, на 68 год., од с. Вобишча, 1968 година)

No comments:
Post a Comment