Првата народноослободителна ударна бригада на HOB и ПОМ од Егејска Македонија
Благоја Талески
ДОДЕКА ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА силно се манифестираше развиеното сенародно македонско движење за обезбедување и за проширување на националните права и придобивки на Македонците предизвикано покрај другото и со Либанскиот Договор, и во цела Грција се појави масовно движење против тој договор, со осуда на делегацијата на КПГ и ЕАМ — ПЕЕА за недозволените отстапки што беа направени. Раководството на КПГ, под притисок на сенародниот револт, го откажа договорот и се ориентира кон оружена пресметка со реакцијата.
Тоа временски се совпадна со синхронизираните операции на ЕДЕС против EЛAC што започна на 19 јуни 1944 година во Епир.
Во врска со германските и бугарските обиди да создадат автономистичко движење во Егејска Македонија и во духот на определбите на КПГ по откажувањето на Либанскиот договор за вооружена пресметка со реакцијата, секретарот на ЦК КПГ Ѓоргиос Сјантос на 24 јуни 1944 година се заложи за воспоставување на потесна соработка помеѓу НОД на Југославија и на Грција, но не само на политичко туку и на воено поле. Притоа, ја истакнува потребата од акции на единиците на HOB и ПОМ од Вардарска Македонија заедно со ЕЛАС против заедничкиот непријател во Егејска Македонија и за регрутирање и создавање на македонски партизански единици во рамките на КПГ и ЕЛАС. (Радиограма до Андреас Џимас, претставник на ПЕЕА во НКНОЈ).
Во резолуцијата на конференцијата на КПГ за Македонија, одржана на 25 јуни 1944 година во врска со откажувањето на Либанската спогодба, покрај другото се вели:
"... Грчкиот народ има... сопствени сили и во тесна соработка со неговите херојски југословенски сојузници и со другите негови пријатели да зададе уништувачки удар против варварскиот фашизам и да ја ослободи својата татковина..."
Наредниот ден, секретарот на Централниот комитет на Комунистичката партија на Грција Ѓорѓиос Сјантос, во својата телеграма испратена до Маршал Тито, истакнува дека Комунистичката партија на Грција е решена уште повеќе да ги зацврсти своите сојузнички односи со Комунистичката партија на Југославија...
Во големата офанзива на германските и на сите квислиншки сили во земјата, што траеше од 3 до 23 јули, на 9 јули 1944 година Германците го совладаа отпорот на единиците на ЕЛАС во Западна Македонија и Пинд, со што се овозможи силите на ЕДЕС со уште поголема жестина да ја продолжат офанзивата против VIII дивизија на ЕЛАС во Епир.
Во таа констелација на условите и состојбите, ослободителното д вижење на Грција се ориентира кон зголемена соработка со Југославија и на војничко поле, и побара заедничко дејство против заедничкиот непријател на потегот Лерин-Вичо-Острово-Кајмакчалан-Сопотско.
РАКОВОДСТВОТО НА КПГ и овој пат се сврти кон Македонците, што претставува потврда повеќе дека тие беа најсигурен сојузник на револуционерните и на прогресивните сили и воопшто на прогресот, заснован и на слободарските и борбенитетрадиции во долговременски континуитет. Грчкото раководство на отпорот реши да се договори со военото и со политичко раководство на Вардарска Македонија за враќање на Костурскиот баталјон од Караорман во состав на ЕАМ и за формирање на македонски партизански единици во составот на EЛAC. Во таа смисла на 16 јуни 1944 година беше формиран и Воденскиот македонски баталјон.
По одржаните преговори во првата декада на јули 1944 година помеѓу претставниците на ЕЛАС и ГШ на HOB и ПО |на Македонија на Кајмакчалан се врати и Костурскиот баталјон од Караорман. На Илинден 1944 година, во с. Поздивишта, Костурско тој се реорганизира формирајќи Леринско-Костурски баталјон со над 500 борци кој, заедно со Воденскиот, требаше да послужи како јадро за формирање на поголеми македонски единици, бригади и дивизии. Во тоа време, исто така, неколку илјади Македонци се бореа во другите единици на ЕЛАС. Низ непрекинатите борби со окупаторските сили на главните комуникации, на целиот простор на Западна и Централна Егејска Макед онија беа разбиени сите вооружени групи на окупаторот и беа создадени пространи слободни територии со помош на народноослободителнитв организации и со масовното учество на народот, организиран во резервниот состав на COB и на ЕЛАС.
Но, со подоцнежниот развој на настаните, особено кога во врвното раководство на КПГ победи струјата за почитување и спроведување на Либанскиот договор и по влегувањето на ЕАМ во „Владата на Националното единство" како и по склучувањето на спогодбата во Казерта, фактички не се остваруваа утврдвните определби на КПГ и на ЕАМ. Се напушти ориентацијата за формирање поголеми македонски единици св до лимитирање и тивко запирање на регрутацијата на Македонци во единицитв на ЕЛАС воопшто.
И ТОКМУ СПРОТИ повлекувањето на Германците од Грција, во 28 и 30-ти полк на ЕЛАС од раководството на отпорот во Грција пристигна наредбата за дислоцирање и насилно расформирање на македонските баталјони во составот на ЕЛАС.
По оваа кусогледа и националистичка постапка, a со цел да се избегне меѓусебно крвопролевање, кон крајот на првата декада на октомври 1944 година, македонските баталјони се повлекоа, и тоа Леринско-Костурскиотво Преспа а потоа во Битолско, а Воден- скиот во Мрежичко, а потоа во Ваташа, со надеж дека сепак ќе се надмине кризата, ќе се најдат решенија и ќе се постигне спогодба за продолжување на заедничката борба до победоносен крај, зашто тоа востанатиот грчки и македонски народ го заслужија со крвта и коските на илјадници знајни и незнајни херои и јунаци.

No comments:
Post a Comment