November 7, 2012

Улогата на СНОФ 2

УЛОГАТА HA СНОФ И СНОВ ВО РАЗБИВАЊЕТО НА КОНТРАЧЕТНИШТВОТО ВО КОСТУРСКО АКТИВНОСТА НА СНОФ ВО БОРБАТА ЗА РАЗОРУЖУВАЊЕ 2

НА КОНТРАЧЕТНИЦИТЕ ВО КОСТУРСКО

Ташко Мамуровски

За многу кратко време организацијата СНОФ во Костурско омасовила во своите редови околу 2.496 мажи и 2.284 жени, а во Леринско бројот на членовитс на СНОФ изнесуваше дури над 10.000 лица (168).

Како што спомонавме и погоре, една од главнитс задачи на организацијата СНОФ беше и нејзината борба против приврзаниците на бугарскиот двор и на Ванчо Михајлов (169) коишто со својата пропаганда настојувалс да го свртат македонскиот народ во правецот за реализација на своите завојувачки планови.

За шест месеци од своето постоење организацијата СНОФ во Костурско се истакнала како вистински раководител и организиратор на борбата на македонскиот народ против странските окупатори и домашните предавници. Истакнувајќи ја ваквата активност на СНОФ, органот на Окружниот одбор на СНОФ за Костурско, „Славјаномакедонски глас", во својот број од 3 април 1944 година го наведува. меѓу другото, и следното:

„СНОФ е единствената народно-ослободителна организација што ќе ги исполни националните и социјалните барања на македонскиот народ. СНОФ е новата ВМРО на Македонците, што ќе го доведе до крај делото на Илинден..." (170)

Разобличувајќи ги клеветите на грчките реакционери за наводната соработка на организацијата СНОФ со контрачетниците, „Славјаномакедонски глас" продолжува:

„... Автономистите се фашисти кои сакаат да го подјармат нашиот народ под фашизмот. СНОФ како наследник на вистинската ВМРО, роден од стремежите на народот за слобода, ќе ја продолжи борбата за прогонување на окупаторот и ќе го истреби секој предавник кој има намера да го одржи во живот фашистичкото тиранство..." (171)

Co својата пропаганда и агитација преку печатот на македонски јазик и со својата тактика на убедувањс СНОФ многу придонесе во разобличувањето на великобугарската пропаганда и домашните слуги на окупаторот во Костурско. Тоа може да се види и од еден повик на Окружниот одбор на СНОФ за Костурско од 3 март 1944 година до народот во округот. Во него, меѓу другото, се вели,

„...Славјаномакедонскиот народ, сплотен во својата организација СНОФ, не може никој веќе да го измами и да го вооружи против антифашистичките борци. Ако досега славјаномакедонскиот и грчкиот народ се покажаа великодушни и им простија на оние што беа измамени и вооружени од непријателот, сега на оној што се вооружува од комитатот нема да му биде простено, како што нема да им биде простено на Грците што се организирани во ПАО, ЕКА, ИВЕ итн., затоа што таквито веќе не се измамени, туку свесно стапуваат во непријателските редови.

Оние Славјаномакедонци кои уште му припаѓаат на комитатот, а не се оптоварени со злосторства, се должни да го напуштат комитатот, да се вратат во своите домови и ако сакаат да стапат во партизанските редови и заедно со другите Славјановамакедонци и во тесна соработка со Грците да се борат за брзото истерување на германско-бугарските фашисти од светата наша земја, да удрат на секоја реакција што сака да ни го донесе повторно старото ..." (172)

Како што нагласивме и погоре, благодарејќи на неуморната агитација на раководителите и активистите на СНОФ во Костуроко била создадена поволна клима за разорожување на контрачетницита без крвопролевање, односно по пат на преговори и убедување. Тоа може да се види и од еден друг повик на Окружниот одбор на СНОФ за Костурско до вооружените конграчетници во Костурско, во којшто, меѓу другото, се вели:

„Фашизмот се наоѓа во своите последни минути. Црвената армија се наоѓа веќе внатре во Романија и Чехословакија и многу брзо ќе почне новата офанзива за ослободување и на Балканот. Имено, затоа ви се дава последната шанса,- сега е време — како што се вели и во повикот на Деветтата дивизија на EЛAC — да го предадете оружјето на политичките организации, или на воените единици на ЕЛАС. Организацијата СНОФ ви гарантира за вашиот живот и вашиот имот. Ви дава збор дека нема да настрада никој од оние што ќе го предадат оружјето, или што ќе дојдат со нас. Инаку, подоцна, кога ЕЛАС ќе започне со офанзивата, не ќе може ништо да ви помогне, зашто тогаш ќе се сметате како непријатели на народот.

Ние сме ваши браќа, сме загрижени за последиците и за доброто на словеномакедонскиот народ, кој треба да го доврши делото на Илинден, да не ја изгнасиме нашата славна историја, туку да напишеме и други, уште пославни страници. He ги слушајте оние што сакаат да ви попречат да тргнете по правиот пат..." (173)

И, навистина, благодарејќи на ваквата секојдневна агитација на раководството на СНОФ за Костурско и на другите активисти на отпорот, контрачетниците ги напуштиле четите поединечно или групно и се враќале по своите домови или стапувале во партизанските единици.

СНОФ и нејзината активност

Покрај организацијата СНОФ, како политички орган на борбата. Македонците во Костурско формирале и македонски партизански групи познати како СНОВ (Славјаномакедонска народно-ослободителна војска). Овие групи биле формирани во јануари 1944 година со решение на Окружниот комитот на СНОФ за Костурско, се разбира, со согласност на раководството на Окружниот комитет на КПГ за Костурско. Групи на СНОВ биле формирани во повеќе реони во Костурско, а особено во тие реони, каде што дејствувале контрачетнички единици. Една ваква поголема група на СНОВ била формирана во февруари 1944 година во реонот Корештата под раководство на Михајло Керамитчиев. Оваа партизанска група на СНОВ во многу кратко време мошне се истакнала со својата мобилизаторска улога посред Македонците за нивното масовно вклучување во борбата против окупаторот и домашните предавници. Истакнувајќи го нејзиното значење и придонес во борбата против странските окупатори, Михајло Керамитчиев во еден свој извештај до Окружниот одбор на СНОФ за Костурско, меѓу другото, го наведува и следното:

„Со обиколката што ја направив во неколку славјано- македонски села во Корештата како военен одговорен, ми се даде прилика да се запознам, како славјаномакедонскиот народ може и има одлично расположение целосно да се стави на страната на борбата, која денес се води против нечесните фашисти, кои ја задушуваат секаквата човечка и друга слобода на народот...

Воената организирана сила на резервата до денес изнесува 370, од кои 210 се вооружени со пушки... Групата на Корештата ја сочинуваат 50 борци, смели и решителни да му зададат непосредни удари на непријателот.., Ги разоруживме сите малодушни и сомнителни комитаџии и пушките им ги дадовме на здрави раце... 90 борци од резервата зедоа учество во разоружувањето на селата Блаца и Черешница... 95% од мојата резерва се од СНОВ, a 5% од ЕАМ... Многу бргу ќе имаме и регуларен СНОВ од нашите села.. ,"(174).

Ваквата дејност на групите на СНОВ ја признава и генералот на грчката армија, Д. Зафиропулос, и публицистот Полис Јоанидис, којшто во историската репортажа „Мистеријата на Гоче", одломка 167, меѓу другото пишува:

„Групите на СНОВ имаа слобода на движење во редовите на EJIAC и беа помагани кога се наоѓаа во тешка положба во борбата против окупаторот и воружениот Комитет и, навистина, го постигнаа обезоружувањето на месните. контрачетници во Брештени, Галишта, Желегоже, во Четирок, Оничени и Тиквени, Черешница и Загоричани." (175)

Продолжува

[Обработка А.С. скен: Македонска Библиотека]

----------

168 Истото, стр. 26.

169 Од 1918 година соработуваше во ВМРО на Тодор Александров во Бугарија и беше негов наследник. Беше еден од организаторите на убиствата на прогресивните сили ва ослободителното движење на македонскиот народ. Емигрира од Бугарија и престојува во Прага, Виена и други градови. Во времето на Втората светска војна престојува во Загреб кај Анте Павелиќ. Служи како главна резерва на Германија за притисок на бугарската влада. Беше организатор и инспиратор на фашистичките сили на Македонија во борбата против народноослободителното движење и револуцијата во Македонија.

170 Егејска Македонија во НОБ 1944—1945, Т. I док. 56, стр.

171 Истото.

172 Истото, док. 19, стр. 35.

173 Цитирано оторед Христо Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот..., стр. 119.

174 Види: Писмо од Михајло Керамитчиев до секретарот на Окружниот одбор на СНОФ за Костурско Паскал Митревски. Егејска Македонија во НОБ 1944—1945, Т. I..., док. 17, стр. 31—32.

175 Историска репортажа од Полис Јоанидис под наслов „Мистеријата на Гоце", објавена во весн. „Елиникос Ворас" од 8 јануари 1955 година, одломка 167.

No comments: