Иван Катарџиев
Покрај
тоа што се бореше со турската- власт, која се обидуваше да го уништи
револуционерното дело, Организацијата беше принудена да се бори против
еден уште пожилав и поопасен непријател — деморализаторската политика на соседните балкански држави. И трите балкански буржоазии,
водени од политиката за завладување туѓи територии, настојуваа да се
доберат до Македонија. Во тие настојувања, особено до Илинденското
востание, водеа бугарската и грчката буржоазија, кои за таа цел создадоа
и соодветни организации.
Најтешки и најопасни за револуционерното дело на македонскиот народ беа аспирациите на бугарската државна политика. Таа дејствуваше преку Егзархијата и преку вооружените четнички формации, испраќани од името на Врховниот комитет во Бугарија. Овој Комитет, во летото на 1895 година, го организира таканареченото „Мелничко востание“ во пиринскиот дел на Македонија. По тоа следува систематска борба против внатрешната организација, водена со сите средства: просветни, оружени, дипломатски, се со цел да се сруши авторитетот на Организацијата како во самата Македонија, так а и надвор од неа. Меѓутоа, сиве овие настојувања не ги постигнаа очекуваните резултати. Напротив, Организацијата бележеше се подобри успеси чии последици особено ги чувствуваше бугарската пропагаида.
Исправена
пред можноста да биде истисната од Македонија, Бугарија од 1900 година
зазема курс на наложување на своето влијание преку интензивно уфрлување
вооружени чети. Таа повеќе не се женира одништо. Ги прибира во своите
редови отпаднатите и декласирани елементи на револуционерното движење и
прибегнува кон тероризам. Цел на нападите се раководниге сили на
Организацијата. Се планира ликвидирање дури и на Гоце Делчев и Јане
Сандански. Предавствата стануваат секојдневни. Спроводник на оваа
политика е Врховниот комитет, на чие чело стои бугарскиот генерал Иван
Цончев. Сите настојувања на Организацијата да се скроти оваа
врховистичка напаст, да не се пролева ненужно крв, останаа попусти.
Врховииот комитет во Софија бескомпромисно настојуваше да ја наложи
својата власт во пограничните реони и во целиот Серски револуционерен
округ за да предизвика предвремено востание. Цела источна Македонија,
особено од пролетта на 1902 година, беше изложена на силни врховистички
четнички напади, раководени од офицери на бугарската армија.
И
покрај жестокиот отпор што го даде Организацијата, трагичните последици
не можеа да се избегнат. Врховистите ја наложија својата власт во
Џумајска околија и го испровоцираа врховистичкото „Горкоџумајско
востание“ во септември 1902 година. Последиците од ова „востание“ беа
крајно тешки за народот и револуционерното движење. Беа срушени,
ограбени или изгорени 14 — 15 села, убиени 37 души, 304 мажи и 137 жени
беа мачени итн. Над 2.000 души избегаа преку граница. Тоа доведе до
големо растројство на револуционерното дело во реонот на востанието, па и
во повеќе околии на Серскиот револуционерен округ. Но организацијата на
удар одговараше со удар. Штом станаа јасни намерите на бугарските
врховисти, Гоце Делчев веднаш пристапи кон организирање отпор против
врховистичките навлегувања. Тој не остави никакво сомневање за тоа како
ќе постапува Организацијата со врховистите. „Нема да пуштиме офицер во
Организацијата. Додека моево рамо ја крепи пушката, Македонија е
недостапна за бугарски офицер“ — велел Гоце.
[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]
[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]
No comments:
Post a Comment