Првата народноослободителна ударна бригада на HOB и ПОМ од Егејска Македонија
Благоја Талески
ФОРМИРАЊЕТО HA СЛАВЈАНОМАКЕДОНСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ (СНОФ) И НА СЛАВЈАНОМАКЕДОНСКА ОСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКА (COB) во Костурскиот и Леринскиот округ претставуваше голема придобивка од значење за победата над окупаторите и за демократската преродба на Грција. Благодарејќи на широката акција на СНОФ, на одделни единици на COB, и други единици на ЕЛАС, во соработка со партизанските единици на HOB и ПОМ од Вардарска Македонија, беше отстранета опасноста од последиците на бугарската фашистичка и шовинистичка пропаганда под покровителство на германските и италијанските сили, беа разобличени нивните намери и одземени поделените пушки за контрачети.
СНОФ израсна во мошне масовна и успешна организација на теренот, во силна потпора на народната власт и воошто на вооружената борба. Тој разви и масовна културнопросветна работа преку своите активности и преку својот орган, весникот „Славомакедонски глас" и многубројните летоци. Македонците, особено младата генерација, за прв пат читаа на мајчиниот јазик. Насекаде спонтано и самоиницијативно се изучуваше македонското писмо и брзо се совладуваше и распространуваше. Сето тоа уште повеќе ја засилуваше ослободителната борба на македонскиот и грчкиот народ, а кај македонската младина внесуваше уште поголем елан за вклучување во партизанските единици, за работење во заднината и за сестрано учество и помагање на народноослободителното движење во Грција.
За тоа солунскиот партиски весник „Лаики Фони", во своите написи од 12-24 април 1946 година, меѓу другото, ќе одбележи:
"... но, и покрај викотниците на реакцијата, историските факти за ставот на Славомакедонците во периодот на окупацијата исцело се поинакви. Во огромно мнозинство Славомакедонците не само што не го пречекаа окупаторот со благонаклоност, туку реагираа многукратно против неговата политика. Првите жртви во Западна Македонија беа Македонци, од с. Дмбени (десетици затворени, 6 стрелани во Атина), од с. Нестрам (ѕверски малтретирања, испраќања во логор, 9 стрелани), од с. Доброишта (25 затвор0ени на долги години), од. с. Желин (20 испратени во концвнтрациони логори) од с. Рупишта (40 испратени во концентрациони логори) од с. Вишени (15 затворени) од Габреш, Дреновени итн.
Македонските села и нивните жители први ги почуствуваа терористичките оргии на по зло прочуениот итали јански баталјон за прогон и претрес, го претрпеа притисокот и грабежот на окупационите воени власти.
Тие притисоци ги доведоа Македонците поблиску до демократскиот грчки народ, повеќе ги зацврстија нивните односи и кога во Грција избувна Народноослободителната војна, Македонците во мнозинство се најдоа меѓу првите во редовите на ЕАМ — EЛAC, на страната на Грците-антифашисти!".
Месечниот орган на Главниот штаб на ДАГ „Димократикос Стратос" (Демократска армија) во бројот 10, од октомври 1948 година пишува:
„... Славомакедонците во огромно мнозинство беа организирани во народноослободитвлното движење и се бореа против окупаторите. Дваесет и пет илјади Славомакедонци се бореа во редовите на редовната и резервната ЕЛАС..."
И ПОКРАЈ ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ на антифашистичката ослободителна борба во Грција, поради определени субјективни слабости во самото движење на отпорот, а особено поради настанатата поинаква констелација на внатрешните и надворешните сили и односи, при што во некои моменти надворешниот фактор имал доминантно или решавачко значење, таа борба имаше и свои приливи и падови. Имено, грчкото раководство на отпорот, настојувајќи и натаму по секоја цена да ја реализира својата таканаречена национална политика „со се и со секого во борбата за национално ослободување на Грција", односно да се договори со граѓанскитв партии за постигање на фамозното политичко единство во земјата, на 5 јули 1943 година потпиша спогодба со англиската мисија во Грција за заеднички координационен штаб со Зервас и со ЕККА, под команда на англискиот штаб за Блискиот исток, а на 20 февруари 1944 година го потпиша договорот на Плака за прекин на воените дејства меѓу ЕЛАС и Зервас. Таквите надолнини се присутни и во периодот на подготовките и потпишувањето на Либанската спогодба од 20 мај 1944 година, влегувањето на ЕАМ во „Владата на национално единство" во август 1944 година, спогодбата во Казерта, Италија од 26 септември 1944 година итн., па конечно, сб до Варкиза на 12 февруари 1945 година.
Таквите спогодби на движењето на отпорот со емигрантската влада, кои покрај другото ЕЛАС го ставаа под владина команда (а владата го предостави под команда на англискиот генерал Скоби), го исклучуваа постоењето на македонски ослободителни организации во рамките или во соработка со ЕАМ, го исклучуваа и постоењето на македонски вооружени единици во рамките на Елас." (Наум Пејов , исто, стр. 5).
Тоа е време на засилување на позициите на конзервативните сили во земјата и во бегалство, со силна поддршка на надворешни фактори; време на јакнење на шансите за реставрација на стариот омразен и дискредитиран монархистички режим, за чие востановување се бореа и бројни квислиншки организации во земјата, бегалската кралска влада и многубројни пропаганди. Сообразно со тоа, се минираше и разбиваше сплотеноста на прогресивните сили и фактори во борбата за демократска преродба на Грција, се девалвираа веќе постигнатите придобивки и институции, сб до нивното постепено укинување. Во таквата констелација под удар и притисоци се најде и мошне развиеното народноослободително движење и востановените институции на македонскиот народ во Егејска Македонија.
Во април 1944 година беше одржана Конференција на СНОФ за Костурско, со масовно учество на повоќе делагати од сите организации на СНОФ - Македонци, во присуство на делегации на КПГ, ЕАМ, ЕПОН, на англиската мисија на тој терен и на населените од блиските села, како и партизани, кои се наоѓаа на теренот. Неполн месец по нејзиното одржување, раководството на КПГ донесе одлука за расформирање на СНОФ и COB. Меѓутоа, Македонците кои масовно учествуваа во борбата со јасни барања и цели, не се помирија со укинувањето на тие основни институции за остварување на своите права и слобода. Тие решително се заложија за повлекување на одлуката и за корегирање на политиката на КПГ кон македонското национално прашање воопшто.
Тогаш кај голем број македонски борци од политичките организации и од војската се создаде револт и во знак на негодување на севкупниот третман на улогата и правата на македонскиот народ во Егејска Македонија, решија да се одделат од грчкото движење на отпорот и од редовите на ЕЛАС и да се приклучат кон партизанските единици на HOB и ПО на Југославија.
Како протест на таквото однесување кон борбата, нејзините резултати и претпоставки за успешен крај, поголема група од стотина борци и активисти на СНОФ и COB организирано заминаа на Караорман и како Костурски баталјон дејствуваа во состав на Првата македонска ударна бригада на HOB и ПОМ. (Наум Пејов, исто стр. 6; д-р Р. Кирјазовски, исто, продолжение 3.).
Македонските комунисти од Воден и по октомври 1943 година кога беше расформирана Македонската антифашистичка организација МАО, продолжија со укажувањвто на Окружниот комитет на КПГ дека тоа претставува тешка политичка диверзија и дека ваквата политика на КПГ спрема Македонците ќе и нанесат огромна штета на НОБ во овој крај.

No comments:
Post a Comment