Првата народноослободителна ударна бригада на HOB и ПОМ од Егејска Македонија
Благоја Талески
Македонската антифашистичка организација силно го поттикна омасовувањето на единствениот антифашистички фронт на Грција во овој дел на Егејска Македонија, мобилизирајќи го македонското население во првите редови на таа борба, што имаше позитивни одрази врз целото население. Тоа поттикнувачки влијаеше меѓу грчкото население за зголемен интерес и решителност за учество и помагање на активноста на КПГ и ЕАМ. Врз основа на такаизменетиот однос на силите, во Воден и околијата насекаде, во голема мера беа и потиснати неколкуте шовинистички и профашистички грчки и пробугарски организации врз кои се потпираше германскиот окупатор. Во практиката се калеше борбеното единство, зашто само така востанатиот и вооружен народ можеше успешно да ги оствари и да ги брани своите права на национална и социјална слобода.
Такви процеси на зголемување на организираноста и засилување на антифашистичкото движење сред македонскиот народ исто така се одвиваа и во другите делови на Егејска Македонија, особено во Костурско и Леринско. Како израз на таа израснатост и борбена готовност, во Костурско во април 1942 година беше формирана поголема партизанска група, но поради ставот на КПГ и ЕАМ сб уште да не се крева вооружено востание, таа беше расформирана. Продолжија да дејствуваат само вооружени диверзантски групи.
Во такви услови на се позасилена определба за решителна борба против фашистичките окупатори и мошне живите револуционерни ослободителни традиции и стремежи на македонскиот народ во Егејска Македонија, особено во Костурско, Леринско и Воденско, во практиката се изразуваше постојното незадоволство и критика на политиката на КПГ по македонското национално прашање по 1935 година, особено по окупацијата на земјата, како и распространетиот скептицизам и сомневање среде Македонците од Егејскиот дел на Македонија кон ЕАМ, кон неговите цели по победата, со стравување дека и по војната ќе продолжи политиката на угнетување, денационализација и асимилација врз Македонците. Изјавите на КПГ двка прогонувањето на окупаторите во моментот е најважна и основна задача, а другите прашања ќе се решаваат по ослободувањето, не беа доволно убедливи аргументи за да ја отстранат таа недоверба и скептицизам. Напротив, колку повеќе се развиваше и се омасовуваше македонското ослободително движење, колку повеќе се разгоруваа борбите во Вардарска Македонија, оваа недоверба растеше се повеќе. Всушност растеше притисокот на Македонците врз КПГ да го измени својот став за македонското национално прашање и да ги задоволи нивните барања (д-р Р. Кирјазовски, Борбената сила на македонските национални стремежи, „Нова Македонија", 16-26. 111984г. продолжение 3.)
Овие барања, расположенија, стремежи и желби на Македонците во Егејска Македонија најдобро се изразени во излагањата на Наум Пејов на состаноците на Околискиот комитет на КПГ за Костурско и на Бирото на ЕАМ за Западна Македонија во есента на 1943 година, и во писмото на Лазо Дамовски-Ошенски до Бирото на КПГ за Западна Македонија од 24 јануари 1944година.
Наум Пејов ги застапуваше и ги бранеше, покрај другото, следниве гледишта: на македонскиот народ од Егејска Македонија, како на посебна нација, по прогонувањето на окупаторот да му се овозможи сам да реши за својата судбина; да му се овозможи да има своја организација со свое раководство, како орган на борбата и своја војска со свој штаб и да се бори за создавање на слободна македонска држава.
Во таа смисла и Ошенски во своето писмо покрај другото застапува мислење, кое всушност беше мислење на Окружниот комитет на СНОФ за Костурско, дека на Македонците во Егејска Македонија им припаѓа правото заедно со другите делови на Македонија да формираат своја држава (д-р. Р. Кирјазовски, истото).
ВРЗ ОСНОВА РЕШЕНИЕТО ЗА МАСОВНА ПАРТИЗАНСКА БОРБА, донесено на Земската конференција на КПГ од декември 1942 година, раководствата и организациите на Партијата и ЕАМ добија соодветни директиви и конкретни задачи за исфрлување на што повеќе партизани.
Во такви услови, со нараснувањето на Народноослободителната борба, со појавата на партизанските единици на HOB и ПОМ на терените во Егејска Македонија (во Костурско, Леринско, Кајмакчалан и др), се актуелизира потребата за ставови по македонското национално прашање, реални и мобилизаторски за тогашните револуционерни услови. Прашање на денот станаа и облиците на организирањето и дејствувањето. Тоа беше време кога требаше да се изврши мобилизација на широките патриотски сили на македонскиот народ во заедничката борба со грчкиот народ, за чие поведување беа нужни јасни перспективи за остварување и обезбедување на нивните национални права.
Во тие активности е значаен придонесот и на Лазо Трповски- -Црниот, легендарен борец-револуционер. Роден во с. Дмбени, Костурско, уште како млад работник се поврзува со напредното движење во Грција. Во 1928 година заминува во Канада, каде што беше активен во напредното работничко движење и меѓу македонската емиграција. Поради револуционерната дејност Лазо е прогласен за непожелен и во 1932 година е протеран од Канада. Тој илегално заминува за Советскиот Сојуз каде што завршува висока политичка школа. По барање на КПГ, во 1935 година се враќа во Грција и веднаш е упатен да дејствува во Егејска Македонија. Во јануари 1939 година е уапсен, осуден и затворен на островот Акронавплија, од каде што е ослободен во јули 1941 година. Потоа е инструктор на КПГ во цела Егејска Македонија и особено во нејзиниот западен дел. На 11 април 1943 година, заедно со други функционери на Македонското биро на КПГ, е уапсен и ѕверски е убиен кај селото Имера, Кожанско.
Во пролетта на 1943 година, во Костурско и Леринско формирани беа првите партизански одреди. На 4 март 1943 година во село Нестрам, Костурско, беше прогласено сенародно востание во тој крај, населен претежно со Македонци и речиси целото подрачје беше ослободено. Во истиот ден од други партизански единици во клисурата Бугази — Фардикамбос, близу Сијатиште, беше разбиен еден италијански баталјон, со 7 загинати и 603 заробени војници и офицери, а целото оружје на баталјонот беше запленето. Оваа голема победа им овозможи на единиците на ЕЛАС да ги ослободат северниот, централниот и јужниот Пинд, како и повеќе села и паланки меѓу кои и Сијатиште, Гревена, Нестрам, Рупиште и други.
Приливот на нови борци овозможи партизанските групи да прераснат во одреди и да се формираат обласни и околиски штабови, а во август 1943 година да се формираат бригади и дивизии на ЕЛАС. Во текот на годината беа ослободени пространи територии и беа формирани првите органи на народната власт и народното правосудство и други институции на Револуцијата.

No comments:
Post a Comment