August 22, 2012

Александар Велики - Гавгамела

Битката кај Гавгамела

Во јули 331 година пне, Александар пристигнал во Тапсакус на реката Еуфрат. Наместо да го продолжи походот по течението на Еуфрат до Вавилон тој со својата војска отишол во северна Месопотамија пред реката Тигар. Кога Дариј слушнал за ова се подготвил и со милионска војска тргнал да му се спротивстави.

Додека Александар со Аристандар принесувале жртва на богот Фобос, Персијците поставиле логор во нивна близина, од каде што во секој миг биле подготвени за напад. Иако Македонците во тоа време се одморале, тие сепак ги забележале непријателите кои својот камп го осветлувале со фаќели. Уплашен од ова Парменион, а и останатите Македонци го молеле и советувале Александар што побрзо да тргнат во напад и тоа ноќе затоа што не верувале дека дење ќе успеат да го победат помногубројниот непријател. Александар пак не ги послушал и уште им рекол дека тој не ја краде победата, затоа што доколку Дариј ја изгуби битката тој сета вина ќе ја префрли на темнината. По ова Александар си легнал и сета ноќ ја минал во длабок сон. Кога Парминион, во утринските часови едвај успеал да го разбудил го запрашал како може толку убаво да спие, небаре победиле, а Александар самоуверено му одговорил дека доволна победа е тоа што нема да мора повеќе да го бркаат Дариј.

Оваа битка се одиграла кај Гавгамела кон крајот на септември и почетокот на октомври истата година. Уште на почетокот војската на Александар успеала да натера еден дел од персијската војска во бегство. Дариј бил во средината на својата војска обиколен од коњаница составена главно од благородници. Бидејќи непријателската војска премногу се доближила до него, а гледајќи како неговата војска гине под тркалата, Дариј се уплашил и неможејќи да ја сврти својата кочија, јавнал една кобила и со неа побегнал. Александар тргнал со дел од војската да го гони, но бидејќи некои Персијци сè уште не побегнале и се бореле со Парменион кој не можел да ги совлада, Александар се откажал од гонидбата и тргнал да му помогне на Парменион.















Битката помеѓу Алексаднар и Дариј (The battle between Alexander and Darius) West Flanders; c. 1325-1335














Alexandre le Grand, vainqueur de Darius à la bataille d'Arbelles; Courtois Jacques (1621-1676), Le Bourguignon (dit); Versailles, châteaux de Versailles et de Trianon










The Battle of Arbela; Charles Le Brun

Откако Александар и Македонците ги победиле пет пати побројните Персијци, ги бркале цели 35 милји сè до Арабела, но сепак не успеале да го фатат Дариј кој побегнал во Медија. Оваа битка ја означила пропаста на Персиската империја.

No comments: